Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Няма описание.
Автор: papata1962 Категория: Политика
Прочетен: 428783 Постинги: 132 Коментари: 311
Постинги в блога
2 3 4 5  >  >>
image
Ѓорче Петров е убиен на 28.06.1921 г. во Софија.

Тој не е сонавател на БМОРК (ТМОРО).

Ѓорче не создава месни комитети на Организацијата во сите тие места кои се наведени (подробно да се пишува тука е излишно).

Кога  БМОРК станува ТМОРО, т.е. дали вториот Устав на Организацијата е усвоен во 1896 или 1902 година? Одговорот на поставеното прашање сеуште е спор меѓу макеоднистичката и бугарската наука (првите тврдат дека тоа станало во 1896 г., а вторите во 1902 г.)

Ѓорче не учествува во создавњето на ВМРО(Обединета), таа организација е создадена во 1925 г.
Категория: Политика
Прочетен: 2963 Коментари: 2 Гласове: 0
01.02.2009 18:57 - Vote Фрчковски!
Vote Фрчковски!

повече - натисни тук
Категория: Политика
Прочетен: 1470 Коментари: 0 Гласове: 0
01.02.2009 18:54 - Лај Фрчко, лај!
Лај Фрчко, лај!

повече - натисни тук
Категория: Политика
Прочетен: 2658 Коментари: 0 Гласове: 0
ГЛАСОВИТЕ ОД СЕЛАНИТЕ 102% ОДАТ КАЈ ФРЧКОВСКИ

повече-натисни тук
Категория: Политика
Прочетен: 1412 Коментари: 0 Гласове: 0
Фрчко vs Дора Бакојанис повече - натисни тук
Категория: Политика
Прочетен: 1464 Коментари: 0 Гласове: 0
Неспорен расипувач на забави повече - натисни тук
Категория: Политика
Прочетен: 1367 Коментари: 0 Гласове: 0
01.02.2009 18:42 - Брат Љубе
ОД НЕБОТО ДО ЗЕМЈАТА

повече - натисни тук
Категория: Политика
Прочетен: 1644 Коментари: 0 Гласове: 0

НЕ Е СУШТЕСТВЕНО ВО ШТО ВЕРУВАШ, СУШТЕСТВЕНО Е КОЛКУ СИЛНО ВЕРУВАШ

 

Пред некое време го видов долу приложениот повик за „борба против букефалистичката чума“.

image

Незнам кој е авторот на овој повик. Препоставувам дека синатагмата „букефалистичка чума“ се однесува на делата на современите апостоли на македонизмот: Блаже Ристовски, Васил Иљовски, Томе Бошевски, Аристотел Тентов, Александар Донски и некои други македоноиди.

image


Во почетокот на минатиот век македоноидите како национален симбол си го зеле букефал, еден од коњите на Александар Македонски.

Синтагмата „букефалистичка чума“ веројатно се однесува и на поставувањето паметници на Александар Велики во Прилеп и Штип, најавената изградба на паметници на Алексанадар Велики во центарот на Скопје, на Филип Втори во скопската општина Гази Баба и во Битола, преименувањето на аеродромот во „Александар Велики“, именувањето на булевар во Скопје со името на „Александар Македонски“, именување на истоимени улици во градови на Република Македонија, именувањето на плоштадот Филип Вори во Скопје, прекрстувањето на скопскиот стадион во „Арена Филип Втори“, прекрстувањето на автопатот од Скопје до Гевгелија во „Александар Велики“ и сл.

image

Ако претпостваките за значението на синтагмата „букефалситичка чума“ се точни, тогаш како „борци“ против „букефалистичката чума“ досега сум ги забележал на прво место грчките политичари кои го оспоруваат македонскиот национален идентитет и „уставното име“ на РМ, а потоа и некои македонски политичари, како Трифун Костовски и др. Меѓу странските непријатели на „букефалистичката чума“ во најновиот број на в-кот „Фокус“ се приклучил и неосознаениот македоноид од еврејако потекло Сем Вакнин. 

image

Сем Вакнин во „Фокус“ (Скопје 16.01.2009) под заглавието „Александар Велики, заборавенинот лудак од историјата“ го поставува прашањето: „Зошто Македонија и Грција му се поклонуваат на монструмот?“.

За потсетување и упатување на неупатените, Вие г-не Ризаов како македонски, македонистички и македоноиден новинар, кој себе си се смета за Турчин,  во својата „Божикна честитка до г.г. Стефан и до Старделов“ меѓу другото пишувате:

„Ваше блаженство г.г. Стефан си дозволувам да Ви се обратам јавно и директно можеби за најчувствителното прашање во поновата историја на Република Македонија. Зошто во Македонија станува тегобно, да не речам срамно, да си од словенско потекло. Наместо гордост, тоа се" повеќе предизвикува понижување и навреда. ... Црквата по ова прашање е несфатливо тивка, да не кажам сосема нема. Зошто. Црквата молчи за најголемата навреда на македонскиот национален идентитет кој е нераздвоен дел од верата. Кажете, г.г. Стефан јавно, колку е опасно што античкото потекло како единствено се" повеќе се проповеда тука во нашата ни татковина.“

Не г-не Ризаов. МПЦ „по ова прашање“ не е несфатливо тивка, не е ниту нема, ниту пак молчи.

Не сум гласноговорник на г.г. Стефан, ниту на МПЦ, но со цел г-не Ризаов да го најде одговорот кој го бара го потсетувам да кликне на сајтот на МПЦ, затоа што таму со своите очи и уши самите може да се увери дека нашата МПЦ со Божја волја ги пропагира некои од делата на македониодните апостоли Васил Иљоски и „нашите научни работници Томе Бошевски и Аристотел Тентов“. Навистина, на сајтот на МПЦ недостасуваат линкови кон делата на други македоноидни апостоли, но сепак и постоечките линкови на сајтот на МПЦ го даваат оговорот на прашањето што го поставувате г-не Ризаов до г.г. Стефан.

image

Солун пак ке е наш!

Почитуван г-не Ризаов, како неспорен македонид по род Вие како да не живеете тука. Просто ме изненадувате што не знаете дека основателот на МПЦ не е ниту Комунистичката Партија на Југославија, ниту Јустинијан Велики, ниту цар Самуил, туку Св.Павле. Значи г-не Ризаов не бива да го заменувате основателот нејзин Св. апостол Павле со возобнувачот нејзин Св. Климент Охридски. За решавање на Вашата дилема за ролјата на Св.Св Кирил и Методи во возобнувањето на МПЦ исто така требало само да кликнете на сајтот на МПЦ и не ќе имавте потреба до г.г. Стефан да посатвувате излишни прашања. 

Вие г-не Ерол Ризаов, иако сте муслиман, со резигнација кон оној што го сметате за навредувач, секако искрено сочувстувате со македонската правосалвна паства оти сте стекнале погрешен впечаток дека МПЦ се срамела од Св.Кирил и Св.Методи, а се возгордеала од идолотраијата кон Александар Македонски фрескописан во цркавата Гуштерова. Сепак, мора да признаете дека и македонската православна паства како колективитет е возгоредеана од таа црковна ортодоксно-православна идолатријата кон македоноидниот идол Александар Македонски, независно од тоа што тој бил паганин. Зарем ова идолатрија кон дотичниот паганин не е патриотски пример на црковно-народно единство изразен со Божја волја во современата борба за зачувување на македонскиот национален идентитет?

Посетна г-не Ризаов, не сме веќе под пустото турско ропство кога со џамијско-црковните пропаганди се определувала националната припадност на рајата според нејзината принадлежност кон ова или она црква, или џамија. Денес и Македонците муслимани, како Македоците католици, како Македонците протестанти и православни, секако се возгордеани од идолотратријата кон Александар ем Велики ем Македонски.  

image

И Клеопатра со се Египет се наши!

А што е уште познчајно, Вие како неспорен македоноид и муслиман заборавате дека и вашиот пророк Мухамед е македоноид оти и тој како Вас е припадник на белата раса, шо ќе рече и двајцата сте чеда на нашиот Македон, прародителот на белата раса што со Божја волја се населила оттука па се до Јапонија.

image

Со зелените точки и зелените линија е обележена северната етничка граница на античките Македонци во 4-ти и 3-ти век век пред нашата ера. (Анета Димова, в-к „Македонско Сонце“, Скопје 25.06.2004 г.)

Раководејки од македонската народна пословица која не’ поучува дека „ако пасат тревата, корењеата стојат“, почитуван г-нот Ерол Ризаов, како на мој роднина по Македон, најискрено Ви го препорачувам клипчето „Македонска Молитва“.

image

Дел  од паметникот на коњот букефал и Александар Велики во Единбург кој докажува дека и на исток и на запад има такви кои си ги знаат своите македонидни гени.

Фала му Севишниот кој преку авторот на „Македонска Молитва“ ни соопшти дека веќе не се „Античките Македонци мистерија за антрополозите“.

Фала му Севишниот кој преку на авторот на „Македонска Молитва“ ни соопшти Колку е присутен античкиот македонски ген во современиот македонски народ?

Фала му на Севишниот што ние совремните Македонци си ги имаме  Адам од Македонија (наречен уште и Македон од Говрлево),  Големата Мајка од  Говрлево  (т.е. Ева Македонска) и Славе Македонски.

 

image

И Вавилон е наш!

За жал г-не Ризаов Вие како загубена овца од стадото неосновано сте се нафрлиле и врз МАНУ која за Ваша и наша среќа сеуште ја признавате за бедем на македонозимот. Каква е таа Ваша „честитката“ г-не Ерол Ризаов до Георги Старделов,  претседателот на МАНУ, во која несвесни за својата заблуда огорчено му пишувате:

„Во скудни времиња кога во државата царува провинцијализмот и примитивизмот, кога се трага по нови корени и по нов антички идентитет, притоа сериозно доведувајќи ја во опасност иднината на државата и на нејзините граѓани, се чини, суден час е да кажете нешто троа похрабро.“

image

Корените на МАНУ не се од 1967 г., таа не е создадена како орудие во пресметката меѓу Тито и Ранковиќ

Г-не Ризаов, сосема серизозно упатувате тешко обвинение против МАНУ, чија содржина може да ја симлифицираме со општопозната мисла на писателот Бертранд Расел изречена по повод поведението на „народната власт“ во „научниот комунизам“ на веќе непосточката Гермаска Демократска Рерпублика, т.е. т.н. Источна Германија.  („Откритито, дека човек може да биде маниплиран од името на науката, дека владите можат како што сакаат да ги манипулираат, во еден или друг правец, е една од причините за нашата беда.“ –Б.Расел).

image

Зарем е возможно г-не Ризаов да верувате дека кратенката МАНУ значи МАјмуните На Удба, та ја обвинувате МАНУ за слугарство на политиката?

Вие г-не Ризаов како да не знаете дека МАНУ од нејзиното основање (1967 г.) како неспорно задоцнето чедо на Титовиот „научен комунизам“, па се’ до ден денес, во својата дејност, дури и кога молчела, никогаш не се раководела од откритито дека човек може да биде манипулиран од името на науката.

МАНУ не молчи г-не Ризаов, таа дејствува! За жал Вие г-не Ризаов, ниту како човек, ниту како новинар, не гледате, или не сакате да видете, дека МАНУ на сите научни фронтови се бори за зачувување на нашето уставно и национално име.

Можеби еден ден ќе се создадат сите услови делегација од МАНУ да поведе делегација од Хунзи и Калаши во ОН, НАТО и ЕУ, за да ги им отворат очите на Европејците и Американците кои сега се заслепени од великогрчаката пропаганда.

За жал Вие г-не Ерол Ризаов не го разбирате, или се преправате оти не го разбирате мудрото академско молчење на МАНУ како по однос на гостувањето на нашите мили иселеници во странство – Хунзите, така и по однос на „ДНК анализите на швајцарскиот институт Игенеа според кои Македонците се претежно антички, а Грците претежно германски народ“.  Во контекст на тоа, г-не Ризаов Вие несвесно се приклучувате кон оние домашни и странски народни непријатели кои споменатите истражувања на „Игенеа“ ги прогласија за шпекулација затоа што денес наводно немало материјал од кој може да се земе ДНК од антички Македнци, антички Словени, антички Пеонци, антички Дарданци, или антички Тракијци. 

image

Мумијата од Липково

Патем овие злобни домашни и странски непријатели на древната македонската цивилизација (чии корени се навлезени длабоко во праисторијата), забораваат дека современите Македонци си имаат, пардон, си поседуваат античка ДНК, како во Мумијата од Липково која се датира од времето на 5-тиот и 4-тиот век пред нашата ера, така и во оние мумии кои се откриени заедно со неа, а се дадени во Србија. Крвта вода не бива, г-не Ризаов.

Почитуван г-не Ризаов, се фалите што своевремено Ве подучувал акакдемик Блаже Конески.  Ама, тој ги  подучуваше сите доборонамерни, поради што и јас ќе се повикам на неговото подучување.

Во својота книшка „Кон македонската преродба“ (Скопје 1959 г.) Блаже Конески дал поопширен цитат од статијата на бугарскиот општественик Петко Рачов Славејков „По македонскийт въпрос“ напечатена во вeсникот „Македония“ од 18.01.1871 г. во Цариград. Во ова статија авторот, истовремено и уредник на в-кот „Македония“, меѓу другото пишува:

„Най-после Македонскийт въпрос излезе наяве и ся показ в печатът. Ний казваме най-после, зщото този въпрос не е нова работа. Ния сми го зачували още от преди десетина години от някои от Македония. ... Многу пъти сми чували от Македонистите, че те не били Българе, но Македонци, потомци на древните Македонци и всякога сми чакали някави доказателства за това, без да го дочаками. Македонистите никога не са ни показали основанията за таквозито си мнение. Те упорствуваат в своето Македонско происхождание, което никак не могат да прокарат до дето треба. ... Но всякак потеклото на македонистите од старите Македонци е от най-съмнителните неща. Техното мнение днес не може да се опира освен на местото, дето живеят, а то е най-шатките опирания. Като са живееле старите Македонци на тези същите места, защо и днешните жители да не се от македонска кръв?  Те са цели Македонци, и заключиват Македонистите и са успокояват на своето голямо откритие. ...Чували сми и друго основание. Някои Македонисти се делят од Българите по друга причина, по тъзи: че те са чисти славяни, а Българите са татаре и незнам що. ... За да придадат сила на своето произволно основание Македонистите посочват разликата на наречията македонско и горнебългарско, от които първото било по близу до славянский язик, а второто било размесено с татаризми и пр. ... Въобще мненията на Македонистите нямат ни зрелост, ни еднаквост. Един говори още едно, друг говори друго, което му ся види по-добро. Желателно е да ся види тяхното учение наредено в обща форма, за да може да оцени напълно неговата основателност и неговате последствия.“ (Б.Конески, Кон македонската преродба Македонските учебници од 19 век. ИНИ. Второ издание. Скопје 1959. 73-75.)

image

Потаму Блаже Конески пишува: „Статијата на Славејкова има за нас најголема важност пред се’ затоа што не’ осветлува за погледите на македонистите. Тие погледи биле оформени, судејќи по зборовите на Славејкова, најмалку кон почетокот на 60-тите години [Најраното пишано изјанување од 19-ти век дека некој се сметал Македонец Славјаниен е од 1846 г. – Заб.моја а_b]... А тоа значи – кажува Конески - дека самостојното македонско движење има свои корења длабоко во преродбата на нашиот народ низ 19 век. [Болдираното е мое a_b] ...Македонистите се старале да изградат свој поглед на историјата на македонскиот народ. ...Зашто Александар Велики и неговите Македонци ги сметале (како што и денеска некои луѓе во нашиот прост народ) за чисти Словени. [Ставеното во мали загради е забелешка на Б.Конески и се однесува за 1959 год.] Тоа уверение впрочем не било измислено кај нас. ...македонистите го земале [Александар Велики – Заб. моја. a_b ] за свој предок, со кого можеле да се гордеат. „Ова страна е Македония“ – се вели во една дописка од Охрид до „Цариградски Весник“ (3 март 1860) – и ако пригледаме природа, нрави, обичаи, характер на жители, нихен стан, нихна физиономия, из цело ще познаеме истите ония мужи, кои во старо време составяли фаланги Александра Македонскаго“. Ништо не му пречел на дописникот да ја направи оваа поредба фактот што тој одвај ли можел да знае нешто за ставата и физономијата на старите Македонци. Нека се потсетиме на ова место и за солунскиот учител што изјавувал дека е Македонец, какви што биле Филип, Александар Македонски и Аристотел Филозоф.“ (Ibid. 79-80 )

Како што соопштува Б.Конески, тука е збор за некој македонистички учител родум од Охрид, за кого сведокот тврди дека е: „по майка българка, по баща куцовлах-цинцарин“ и роднина на Д.Паунчев. Тој охриѓанин во крајот на 60-тите години од 19 век, изјавувал: „Я ни сум ни бугарин, ни грк, ни цинцарин; я сум чисто Макидонец, какви су били Вилип и Александри  Македонски и Аризтотел вилозов“. (Ibid. 49-50)

image

За жал историјата се повторува. Во својата книга „Раѓањето на македонската нација“ Драган Ташковски пишува за односот на „официјална Европа“ и соседите на Македонија кон македонистите од средината на 19-иот век:

„Грчките националисти кои сонуваа за „Велика Елада“, во ова време на расправии почнаа да тврдат пред Европа дека македонските Словени се пословенчени Грци... Бугарските пак лидери, поттикнувани од српските државници и пропагатори од тоа време, а особено од руските словенофили, тврдеа обратно, дека тие како Словени не можат да бидат Грци, туку Бугари. ... Во одбрана на своите националистички интереси и за да не узнае официјална Европа дека тука се работи за трет народ, посебен од Грците и Бугарие, тие [бугарските националисти] удрија по ваквите македонски истапувања. Парадоксалните теории што во својот национален романтизам ги изнесува овие Македонци за некаква  физиолошка врска на македонските Словени со Старомакедонците , беа онаа слаба точка по која можеше да се удира. Како, македонските Словени да се викаат Македонци и своето потекло да го извлекуваат  од Старомакедонците, кога во времето на Филипа и Александра Македонски ниту во Македонија, ниту на Балканот имало Словени, кои на овие простори се населиле дури на крајот на VI и во почетокот на VII век? Токму по тој парадокс меѓу македонското име и словенската содржина на македонските Словени удрија особено бугарските националисти, кои, божем во одбрана на научната вистина, се обидоа пред европскиот свет да докажат дека тука се работи за гркофилски настроени луѓе, кои од свои посебни интереси се декларираат со „грчкото“ име Македонци. ... Затоа тие и ги нападнаа не само овие теории, туку и носителите на македонските национални идеи нарекувајќи и „незналици“ и „глупави луѓе“. [Тука Д.Ташкоски ставил фуснота, која гласи: „П.Р.Славейков, Македонският въпрос. Македония, Цариград, V, 18.I.1871.“ – Заб.моја. a_b] Така овие луѓе [Се однесува на Македонистите. - Заб.моја. a_b] ги сфати во почетокот и Европа, па на нивните изјави дека се Македонци, не сакаше да обрнува посебно внимание, верувајќи, како што изнесуваа бугарските националисти а со нив и руските словенофили, дека тие низ долгогодишното грчко духовно робство ја заборавиле својата „бугарска“ народност, па го го прифатиле македонското географско име, кое за тогашниот европски свет беше синоним на „грчкото“... [а] грчките националисти го земаа токму тоа именување на самите Македонци како најсилен „доказ“ дека тие се „Грци“.“ (Д.Ташкосвки, Раѓањето на македонската нација.  Скопје 1970. 9-11) 

 image

Почитуван г-не Ризаов, во минатиот 20-ти век спознајните можности на југословенските „научни работници“ беа ограничени. Та затоа не е чудно што академикот Блаже Конески иронично му се потсмевал на анонимниот дописник на „Цариградски Весник“ (03.03.1860 г.) од Охрид кој во себе и во својот народ според физиономијата ги гледал античките Македонци а „одвај ли можел да знае нешто за ставата и физономијата на старите Македонци“. Истотака и Драган Ташковски поради истите причини пишувал така како што напишал за „парадоксалните теории“ од средината на 19-иот век „за некаква физиолошка врска на македонските Словени со Старомакедонците“. Поради ограничените спознајни можности на југословенските „научни работници“ не е чудно што дури и академик Блаже Ристовски во 1983 г., три години после смртта на другарот Тито, пишуваше дека: „во формирањето на народите не е примарен етничкиот состав на наслението, туку неговиот историски развиток“. (Б.Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација. Скопје 1983. I. 29) Но, во 1983 г. сеуште беше комуњарско време а, според Тиовиот „научен комунизам“ Македонците требаше историски да се развијат во Југословени. Од друга страна, не во 1959 г., не во 1983 г., туку дури денес г-не Ризаов, во Швајцарија, во центарот на Европа, без субјективизам и волунтаризам прашањето за националната припадност се решава езгактно, со помош на генетиката како егзактна наука која не трпи ниту субјективизам, ниту волунтаризам.

image

Трофим Денисович Лисенко  (1898-1976), кој директорувал со  Институтот за Генетика при Советската Академија на науките (1930-1940 г.) со голем број лажни експерименти во агрономијата извршени во СССР и во странство измислувал и пласирал лажни достигнувања во агрономијата божем постигнати со помош генетиката со цел да ја поткрепи дневнополитичката пропаганда на Сталиновата домашна и надворешна политика. За возврат, Лисенко бил прогласен за академик, т.е. станал член на Академијата на науките на СССР и други советки акадмии на науките, а неговиот научен опонент Николај Вавилов бил убиен од „советските другари“.  

image

Во 1935 г., кога е снимена ова фотографија, на која се гледа како советските главатари на чело со Сталин го слушата говорот на академикот Лисенко, во  СССР вледее страшен глад, особено во Украина каде се појавува и канибализам (познати се случаи кога  родители ги јаделе своите деца). Се смета дека през 1935 г. во СССР од глад умреле еденипол милјон луѓе.

Зарем Вие г-не Ризаов сметате дека денес во 21-ви век, во Швајцарија, во центарот на Европа, се однесуваат кон генетиката исто како што се однесувале кон генетиката во времето на Хитлеровите ариевци или пак како што се однесувале кон генетиката во времето на советската пролет на љубимиот Сталинов акдемик Трофим Денисович Лисенко?   

image

Идентификувајте се г-не Ерол Ризаов! Осознајте се и освестете се г-не Ризаов! Станете свесен за постоењето на прамакедонските закони и праисториската македонска држава! Не сме дојдени со трска од кај зад Карпатите. Бидете горд на своите македонидни гени! Сменетете си го презимето во Ризаоски! А името во Егеј, да се знае оти сте чист македоноид, особено после капење. Не бидете заблудени како оние заблудени монголоиди Бугари што од незнаење себи си се сметаа за Турци и во времето на Тодор Живков како изгубени овци од стадото се преселија во Турција. Бидете горд македоноид, а не шизоид. Почувствувајте го филингот да сте супериорен македоноид од тука па се до Јапонија, особено кон турко-монголоидните Бугари и цивилизациски запустените Шиптари. Со должната почит кон браќата Срби (кои, сепак, како нација се создадени пред Господ да ги создаде амебите), како тазе осознаен македоноид почуствувајте го презирот кон негроидите Грци. Отфрлете ја од себе псевдонаучната теорија според која Разумниот Човек (homo sapiens) бил создаден од мајмун некаде во црната Африка, зошто и „Ти си Македонија“!

 

Категория: Политика
Прочетен: 3446 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 13.04.2009 23:30
Уште да е така како што е претставено на карикатурата.

image

image
Категория: Политика
Прочетен: 1369 Коментари: 0 Гласове: 0
Слуги на народот

image

На 11.12.1937 г. Јосиф Васарионович Сталин во Бољшој театар ја прознесува крилатата фраза: “Депутат (пратеник) - слуга на народот”. 
Категория: Политика
Прочетен: 1262 Коментари: 0 Гласове: 0
СЕ МОЛАТ СИТЕ ЛИЦА КОИ ИМААТ НЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПЕТАР МАНЧЕВ КОСТАДИНОВСКИ (1924-1978) ДА ЈА ЗАПИШАТ КАКО КОМЕНТАР НА ОВОЈ БЛОГ ПОСТ, ИЛИ ДА ЈА ПРАТАТ НА  СЛЕДНАТА АДРЕСА Santo_Iliev@yahoo.com

През 2000 г. Владимир Костадинов (р. 1925 г.), со цел да поднесе Барање за пристап и увид во личното досие на брат му Петар Манчев Костадиновски (1924-1978), во Пехчево и Делчево бара извод од матичната книга на родените и матичната книга на умрените. Но, Владимир Костадинов во  соодветните служби на Пехчево и Делчево добива одговор дека лице со име и презиме Патар Манчев Костадиновски нема ниту во книгите на родените, ниту во книгите на умрените. А, без еден од овие изводи не е возможно да се поднесе Барање за пристап и увид во личното досие. Последното станува уште позначајно затоа што сестрите и братотот на божем непостоечкиот Патар Костадинов, кој починал 1978 г. во болницата во Демир Хисар, за неговата смрт биле информирани откако било погребано неговото тело.  Кога побарале да им го покажаот гробот на Петар Костадиновски, од болницата во Демир Хисар пратиле  некое душевно болно лице да им го покаже гробот на болничките гробишта. Таму имало неколку нови гробови без крст и без било каков напис за името на погребаниот. Душевно болното лице им покажал некој гроб и рекол дека тоа е гробот на Петар Костадиновски.

image

Петар Манчев Костадиновски (1924-1978)

Петар Костадиновски е роден на 25.06.1924 г. во село Панчарево, Царевоселско  (Делчево). Мајка му Параскева (р. ? г. - 1975) през турско била егзархиска учителка, а потоа домакинка. Татко му Манчо (р. ? г. - 1985) бил земјоделец. Неговите браќа Стојан (1921-1989) и Владимир се учесници во „Народноосолободителната борба и Народната Револуција“. През Втората световсна војна Петар Костадиновски не војувал, но станал член на Народноослободителниот одбор во Пехчево. После војната, во Скопје през учебната 1945/1946 г. завршил „Школа за народни учители“.  Се вработил како учител во Делчево. Следната 1947 г., како „преподавател“ (учител) по историја и географија во училиштето „Св.Јован Бигорски“ во Скопје го посетувал едномесечниот курс по наведените училишни предмети. Во 1950 г. од Делчево заминува за Скопје со цел да се вработи таму и да се запише на Филозовскиот факултет. На истиот факултет бил избран за секретар на основната организација на Комунистичката партија на Југославија. Во 1952 г. го запишал петтиот семестар. Кога го упасиле бил вонреден студент на истиот факултет и воспитувач во интернатот „Здравко Цветковски“ Скопје. Го затвориле во МВР, во „УДБ-а за Макединија“. Таму бил малтретиран до безсознание, покасно на своите биски им рекол дека многу го тепале. Потоа е однесен во душевна болница во Скопје, а оттаму во душевната болница во Демир Хисар каде починал 1978 год.

image

Најблиските роднини на Петар Костадиновски, братот Владимир  (р. 1925 г.) и сестрите Љуба (р. 1928 г.) и Зора (р. 1932 г.) сеуште не знаат зошто бил уапсен.


image

Препис од Егзархиската книга на родените во која Петар Манчев Костадиновски е заведен през 1942 год.

image

Препис од  Диплома за завршена „Школа за народни учители“ издаден на 26.10.1946 г.

image

Потврда за завршен курс по историја и географија издадена 1947 г. на учителот Петар Манчев Костадиновски

image

Службеничка книшка на Костадиновски Манчев Патар


image


image

„Службеничката книшка служи како доказ дека некое лице се навогја во државна служба.“

image

Студентската легитимација на Костадиновски Манчев Петар

image

image

image

Студенстки Индекс на Костадиновски Петар Манчев

image

image

СЕ МОЛАТ СИТЕ ЛИЦА КОИ ИМААТ НЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПЕТАР МАНЧЕВ КОСТАДИНОВСКИ ДА ЈА ЗАПИШАТ КАКО КОМЕНТАР НА ОВОЈ БЛОГ ПОСТ, ИЛИ ДА ЈА ПРАТАТ НА  СЛЕДНАТА АДРЕСА Santo_Iliev@yahoo.com

Категория: Политика
Прочетен: 3133 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 10.01.2009 16:27
За слободата на говорот.

image

Јанка низ гора врвеше

и на гората думаше:

горо ле, горо зелена,

мина ли горо низ тебе

млад Гоце Делчев војвода?


image

Гората трае, не збори

на Јанка не одговора.

image

Кога би гора зборела

не би ја секла секира

нит би ја стада газеле.

image
Категория: Политика
Прочетен: 1383 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 10.01.2009 13:13

През 1979 г. на Радио Скопје била емитувана вестта дека е уапсен Драган Богдановски. По тој повод, на 16.02.1979 г. во своите „Дневни записи“ Крсте Црвенковски меѓу другото запишал:

„Мене ми е познато дека Богдановски повеќе години, политички и пропагандно, дејствуваше против СРМ и СФРЈ. Тој го издаваше и беше главен автор на списанието на МОД „Македонска Нација“. Тој е еден од водачите на екстремното нациналистичко движење во странство. Но, таа организација , колку што јас можев да насетам, е повеќе чедо на „нашата“ УДБ-а“. („Пулс“, Скопје 28.05.1992)

image

Крсте Црвенковски - Драган Богдановски

Во контекст на тоа, Крсте Цревенковски го наведува фактот што во списанието на Богдановски бил етикетирал како врховист. Во тоа врме, кога титоистичката кампања бзобразно лажеше дека Крсте Црвенковски бил сменет од функција затоа што му купил „мерцедес“ на син му, дека Крсте Црвенковски избегал во Бугарија,  ако Богдановски навистина пишувал дека Крсте Црвенковски е врховист, тогаш несомнено е дека Богдановски во случајот му правел услуга на официјален Белград (за неупатените, неспорна е југомунистичката определба на Крсте Црвенковски, но во контекст на таа политичка опција Крсте Црвенковски одигра значајна ролја во создавањето на МАНУ и прогласувањето на автекефалността на МПЦ со што беше формално завршано конституирање на македонската нација).

На почетокот од воведувањето на плурализмот во СРМ, еден печалбар тврдеше дека не е единствениот кој што во СФРЈ бил малтретиран од удебевци поради тоа што за своите македонистички и антитиостички погледи разговарал во четри очи со Драган Богдановски. Тој се сомневаше дека Драган Богдановски бил „професинален патриот“ исто како Лениновите чекисти (Че-Ка, Лениновата тајна полиција) кои, меѓу другото имале за цел да ја контролираат и антибољшевистичката руска емиграција.

Друг македонски емигрант тврдеше дека Драган Богдановски најпрво бил упасен како „крадец на душеци“, а потоа УДБ-а го ангажирала како ловец на македонски патриоти. Истиот тврдеше дека со Богдаовски биле заедно во некој логор во Грција и дека покасно сфатил дека Драган Богдановски во првита години од неговото емигрираање имал задача да го пронајде Ванчо Михајлов (последниот претседател на ЦК на В.М.Р.О.) со цел истиот да биде ликвидиран од Титови агенти.

За Драган Богдановски сум разговарал и со политички затвореници кои биле во затвор заедно со него. Неколкумина тврдеа дека Драган Богдановски е удебевец. Еден политички затвореник, Албанец (покасно беше и пратеник од ДПА), според тоа што го чул во затворот за Богдановски и според впечатокот од краткотрајната „дружба“ во затворот со него, сметаше дека Драган Богдановски не бил соработник на југокомунистичаката  тајна полиција.

image

Во првиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ не се говори за раздрожување на Република Македонија од Југославија.


image

Богдановски почина пред донесувањето на законската регулатаива за Пристап и увид во лично досие на политичките затвореници во СФРЈ. Негови роднини, како лица кои имаат право на Пристап и увид во личното досие на Драган Богдановски досега, не покажале интерес за претставување на тоа досие пред јавноста со што би се анулирала поставената дилема: дали Драган Богдановски е единствениот македонски диседент, или удебевец провокатор кој работел како ловец на македониски антититоисти.

Категория: Политика
Прочетен: 3736 Коментари: 0 Гласове: 0
Во в-кот „Фокус“ (бр. 699 од 21.11.2008 г. и бр. 700 од 05.12.2008 г.) имаше занимвлива препсика меѓу академик Блаже Ристовски и д-р Зоран Тодоровски.

image
академик Блаже Ристовски 

Во своето писмо – реакција, по повод интервјуто со д-р Зоран Тодоровски во „Фокус“ од 31.10.2008 г., академик Блаже Ристовски меѓу другото го прашува на д-р Тодоровски:

„Можете ли да наведете барем еден единствен „елементарен фалсификат“ во сите мои над 60 објавени одделни книги или повеќестотините научноистржувачки прилози (над 30.000 отпечатени страници) во земјата и во странство? (Досега такви се откриваат само од софиските диоптрии).“

image

Бидејки сум бил доведен во непријатна ситуација поради тоа што сум верувал на Блаже Ристовски како автор, ќе наведам барем еден елемнтарен фалсификат подметнат од Блаже Ристовски.

Пред неколку години имав можност да се запознаам со д-р Божидар Димитров, тогашен и сегашен директор на Националниот историски музеј во Софија. Во лаф муабетот спонтано се наметна и разговор за минатото, при што како аргумент ја посочив интерпретацијата на Б.Ристовски на една статија напишана од Димитар Василев Македонски (1847-1898) која е публикувана во далечната 1871 г.

Бидејки сега при рака ја имам книгата на Б.Ристовски на која се повикував во разговорот со Б.Димитров  ете како цитат тој текст кој му го посчив на Божидар Димитров.

Во 1983 г. Блаже Ристовски пишува: „Вистина, основната маса на денешниот македонски народ се Словените што дошле на овој дел од Балканскиот Полуостров главно во VI и на почетокот на VII век, но и покрај сите погроми тие не го нашле овој простор наполно испустен: апсорбирајќи делови од затечените народи (антички Македонци, Илири, Траки, Грци, Римјани, прадедовците на денешните Албанци и Власи и др.) Словените ја апсорбирале и нивната култура и при тоа смешување постепено се создавал народ со претежно словенски етнички елементи, со словенски јазик и словенско-византиска култура. ...Во историјата на македонскиот народ несомнено важна улога имал словенскиот карактер на основниот етник, но не може и не треба да се превиди ни значењето на античките Македонци што посредно му дадоа на овој народ територија, име и крв. Ако историјата на турно-монголските Бугари се прима како неразделен дел од историјата на современиот бугарски народ, зошто Македонците да не го почитуваат минатото и славата на својата земја, на своето име и на дел од својата крв? Зашто, како што вели Д.Македонски во 1871 г. „не зинала земјата па да ги голтне“ тие стари Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ.“ (Б.Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација.II.  22 и 32) Скопје 1983.

Но, одговорот на Божидар Димитров беше дека моето повикување на напишаното од Блаже Ристовски за Димитар Василев Македонски е неосновано, затоа што Б.Ристовски го наведува  неинформираниот читател  да си мисли дека Д.В.Македонски бил македонист. Му велам, ако сакаш да ти верувам дај ми доказ, во Софија веројатно се чува статијата на Д.В.Македонски, секако имате микрофилм, отпечатете ми ја статијата, ќе прочитам што пишува и ќе верувам на тоа што ќе го видам. Се договоривме след некое време да ми даде копија од таа статија на Д.В.Македонски.

Но, Божидар Димитров се појави со празни раце. Тврдеше кажа дека микрофилмот исчезнал, дека според евиденцијата последен кој што го користил тој микрофилм во Софија е Блаже Ристовски. Му велам, сакате да кажете дека е возможно Блаже Ристовски да го украл микрофилмот?  - Одговри потврдно. Ми вели, микрофилмот ќе го бараш кај вас во Скопје.

След неколку дена отидов кај м-р Димитар Галев, кој како историчар имаше богата библиотека. Го прашав дали ја има таа и таа статија од Д.В.Македонски, но и тој ја немаше. Ми даде една книга напечатена во Софија во која имаше приложени фотокопии од текстови на Димитар Василев Македонски.



image

Димитар Василев Македонски (р. 1847 во с. Емборе, Кајларско, денес во Грција - убиен 1898 г. во Цариград)

Димитар Василев Македонски е автор на: „Буквар за употребение в македонските училишта“, „Скратен православен катихизис“ и „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречие)“, напечатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г.

image

Во „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречие)“, напечатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., Д.В.Македонски пишува:

„П.[Прашање] Кои се оние Бугари, што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?

Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија?

П. Од кого се покрстени тие?

О. Од Апостол Павле...“

image

Од наведеното може да заклучиме дека до 1867 г. Димитар Василев Македонски пишува на македонско наречие буквар и историја за употреба во македонските училишта наменети за Бугарите што живеат во Македонија кои се покрстиле од времето на Апостол Павле. Што значи, античките Македонци за Димитар Василев Македонски биле Бугари. Можеби Д.В.Македонски со етномимот Бугари да го означувал општото – заедничкото, т.е. Словени.

По некое време конечно успеав во Скопје да добијам копија од оригиналната содржина на статијата на Д.В.Македонски „По македонскыйтъ въпросъ“ (По македонското прашање) напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г. и да споредам дали Блаже Ристовски во 1983 г. навистина верно го  интерпретирал тоа што Д.М.Македонски го напишал за  „тие стари Македонци“.

image
Статијата „По македонскыйтъ въпросъ“ напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г.

Секако дека според Д.В.Македонски не зинала земјата да ги голтне „тие стари Македонци“. Но, Димитар Василев во својата статија „По македонскыйтъ въпросъ“ напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г. кажува нешто сосема друго од тоа на кое през 1983 г. алудира Блаже Ристовски.

image Петко Рачов Славејков (р. 1827 г. во Трјавна, Бугарија – у. 1895), бугарски национален деец, основател и главен редактор на в. „ Македонiя“ кој излегувал во Цариград од 1867 до 1872 г.

Имено, во таа статија напишана во врска со отсуството на покана за учество на „Македонците“ на Архиепископскиот собор за уредувањето на Егзархијата, Д.В.Македонскый до главниот редактор на весникот „Македонiя“  Петко Рачов Славејков (1827-1895) гневно пишува:

„И поднаучете си малку историја, или барем научете ги каракеристиките на историјата и ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари како вас; оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (Фотокопија статијата во в. Македонiя од 16.02.1871 г.)

image

Резиме: Цитираниот пасус од статијата на Димитър Василев Македонскый „По македонскыйтъ въпросъ“ напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г. јасно кажува дека Д.В.Македонски не говори за антички - „стари Македонци“, како што напишал во 1983 г. Блаже Ристовски, туку за своите современици Македонци Д.В.Македонски кажува дека биле: „чисти Българи“.

И најсетне, дали Блаже Ристовски навистина го украл микрофилмот од Софија, или Божидар Димитров му импутира, навистина ме интересира, но не е мое да водам таква истрага. Своевремено дали е направен само еден микрофилм со наведената статија на Д.В.Македонски, или повеќе, не ми е познато.
Категория: Политика
Прочетен: 3311 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 10.01.2009 12:51
Милош Линдро; Глаголични посланија (в-к „Нова Македонија“, Скопје 24.03.1999)

image
Категория: Политика
Прочетен: 1264 Коментари: 0 Гласове: 0
2 3 4 5  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 428783
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031