Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Няма описание.
Автор: papata1962 Категория: Политика
Прочетен: 429648 Постинги: 132 Коментари: 311
Постинги в блога
<<  <  1 2 3 4 5 6 7 8 9  >  >>
2150 години од пропаста на античка Македонија
17 години Независна Македонија 15 години FYROМ 64 години Прво заседание на АСНОМ 64 години НОВА МАКЕДОНИЈА - Орган на Народно-ослободителниот фронт на Македонија (цена: „5 Лева“) 7.000 (СЕДУМ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ПИСМЕНОСТ
3.000 (ТРИ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА
2.500 (ДВЕИПОЛ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКО ИМЕ

image

Во документите од Првото заседание на АСНОМ никаде не стои дека тоа е свикано, или инспирирано, од: 7.000 години македонска писменост, од 3.000 години македонска земја, или од 2.500 години македонско име.

image

Дури и Органот на Народно-солободиелниот фронт се вика „Нова Македонија“!

image

image

image
image
Категория: Политика
Прочетен: 868 Коментари: 0 Гласове: 0
02.07.2008 16:03 - Умот и името
7.000 (СЕДУМ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ПИСМЕНОСТ

3.000 (ТРИ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА

2.500 (ДВЕИПОЛ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКО ИМЕ


image

Гледам, прилично блогери се запалиле да прават протест под мотото „ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ДАДАМ - МАКЕДОНИЈА НЕ ЈА ДАВАМ!“ Или, со дуги зборови кажано под мотото: „Слобода, или смрт!“ - од Кресненското востание до нашето зачленување во НАТО и ЕУ! Патриотски, нема што!

Плус, секој има уставно право да протестира! Но, не и протестот каде што сака да го организира. А, новите ни Гемиџии на денешниот протест и за тоа воделе сметка. Нема да протестирааат пред бившиот „клинички“, нема да протестираат и на плоштадот „Македонија“, туку на плоштадот „Пела“ - токму пред спомникот на Македонецот № 1 Крсте Мисирков кој на Византијците (Грците) им го призна кумоството за нашето национално име.


image

Македонецот №1 Крсте Мисирков во 1903 г. пишува: „...народно име, не си измисл"уат народот сам за себе, ами со него го велит саседниiот народ и тоi од него си го земат. Значит наi природно iет народното име за iеден народ да се поiаит у iеден саседен со него народ. Саседните народи iеден кон друг, значит, се iауваат во вид на нунко и кум. “

image

За оние кои не ја прочитале брошурката на Мисирков „За македонцките работи“ ете неколку извадоци од истата:

image

Згора на тоа, според неспорниот Македонец № 1 Крсте Мисирков: немаме ниту: 7.000 (СЕДУМ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ПИСМЕНОСТ, ниту: 3.000 (ТРИ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА, ниту: 2.500 (ДВЕИПОЛ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКО ИМЕ!

image

Кој не верува дека Македонецот № Крсте Мисирков пишувал такви глупости, ете му линк: „За македонцките работи“.

Една македонска народна мудрост поучува: „Со деца на бања не се оди, сапунот ќе ти го изедат!“. Затоа запаленсковци, мрш на плоштадот „Македонија“ - таму да го браните името ни, ем вековно, ем милениумско! И немој некој будала да се самозапали во знак на протест како оној Чехословак кој се самозапали през 1968 г. во својата борба против советската окупација!

image

P.S. - до совремниот антички Македонец кој во името на „уставното ни име“ се обидува да си подигрува со мојот „РС“ (ПеЦе) во својот хакерски римејк на филм „Патриот“,

г-не Незнајко, јас со моето семејство сум по митинзи и протести од првиот митинг пред грчкиот конзулат во Скопје кој се одржа пред 18-19 години, а тогаш Вие веројатно сеуште сте се мочкале или какале во пелените, или пак сте си играле на куклички и автомобилчиња во некоја детска градинака.

На следната фотографија, е моето семејство на протестот во Дојран одржан пролетта на 1990 г. На транспарентот е преставена (прецртана) оригиналната корица на букварот наречен „ABECEDAR“ напечатен през 1925 г. во Грција, од нејзината влада, а кој никогаш не влегол во употреба за нашите ученици по грчките училишта., туку и послужил само на официјална Грција да ги изигра од неа превземениете меѓународни обврски за паризнавање на правата на националните малцинства согласно Севрскиот Договор и Лозанската конференција. (Можеби г-не Незнајко, Ви е позната историјката на тој Данајски дар, можеби не. Не е мое да Ве просветувам. Мое е, ако сакам, или не, согласно Уставот на РМ, да регирам, или не (по личен избор), кога сензнајковци, или незнајковци и фашизоидни патриоти, во името на целата нација прават национални работи со кои не се согласувам, или пак се согласувам.).

image
Категория: Политика
Прочетен: 1709 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 16:27
Според точката II – 9. во последниот предлог на Метју Нимиц „првата страна“ (Грција ) ја прифаќа МАНУ (Македонската академија на науките и уметността) како неспорна наша национална институција. Бидејки според последната сугестија на Нимиц не треба да го отфрламе „прговарачкиот процес “, а Грција настојува проблемот да го префлри во ООН, во духот на добрососедските односи и пријателство предлагам:

image

Делагација од МАНУ на чело со Академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет - македонские научници кои тврдад дека го го дешифрирале текстот на египетски камен во местото Розета, т.е. дека ние веќе комуницираме со античките Македонци , - веднаш да заминат во ООН и на белосветските учени да им го докажат своето научно откриетие.

image

image

image

После овој неспорен успех на македонистичката наука, пак делагација од МАНУ, но овој пат со припадници и на нашите мили сонародници од Пакистан, на чело со Ѓорѓија Џорџ Атансаов и г-нот Ралев, да заминат во ООН, каде Александар Донски и Марина Дојчиновска на сите белосвтески фактори ќе им објаснат дека Ханзите и Калашите се жив доказ дека ние сме потомци на Александар Трети, ем Велики, ем Македонски.

image

Со делагациите составени од членови на МАНУ, на Ханзите и Калашите, и на други македонски истражувачи, предлагам да појде и една делегација од СДСМ на чело со Киро Глигоров, со која на белосветските фаци во ООН ќе им објасне дека во 1993 г. се согласил на референцата FYROM затоа што сеуште не знаел за Ханзите, за Калашите и за кокошките во Република Македонија кои несат јајца со шенаесето крако сонце.

Неспорена историска вистина е дека нашиот Александар ем Велики ем Македонски во градот Суза (денешен Авганистан) оженил 10.000 свои војници (секако претежно антички Македонци) за моми од тамошното домородно население. Приуството на Б.Ц. е нужно да докажеме дека дел од тие војнци на нашиот најголем национален јунак кои стапиле во мешани бракови се вратиле во нашата ни мила античка Македонија и од колено на колено го пренсесувале македонското ни има старо 2.500 години.

image

За нужноста од присуството на г-ѓа Шекеинска во делагцијата која ќе ја предводи Киро Глигоров, ми се чини излишно е да говорам. Погледнете ги Калашките моми, слики прилики на наша Рада!

image

image

image

image

image

image

Разбира се, погоре предложениете делагации со себе ќе треба да си понесат по една- две касетки кокошкини јајца со шеснаестокракто сонце, како дополнителен неспорен аргумент дека ние сме наследниците на античките Македонци, во случај државните претставители од сите белосветски држави во ООН да не се согласат со изнесните сознанија на македонските научници и истражувачи, овие докази можат да им ги треснат од главата.

Линкови за Калашите:

1. Слики

2. Видео едно, видео друго

3. Калашкиот народ

Категория: Политика
Прочетен: 4330 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 15:51
Б.Ц. - прави рекапитулар на својата богата политичка кариера.

Б.Ц. посакува времеплов. Разбира се, Б.Ц. се замислува како оскаровски ја игра главаната ролја во сопствениот римејк не веќе пожолтениот црно-бел тоталитарен филм „Кој го контролира минатото, тој ја контролира и иднината“ (последното во наводници е парафраза на позната Орвелова синтагама за сталинизмот).

image
image

image

image

image

image
Категория: Политика
Прочетен: 1796 Коментари: 2 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 15:31
image

Несреќата да си Грк - Никос Диму

Читајки ја прекрасната книшка на Никос Диму „Несреќата да си Грк“, напишана прикрајот на воената хунта во Грција, препознав многу сличности меѓу „ново-Гркот“ (што би рекол Никос Диму) и „ново-Македонецот“ (како што тврдеше македонската комунистичка историографија). Ова книшка (во оригинал напишана во стихови), сеуште не е преведена на македонски литературен јазик. Љубопитниот читател може да ја прочита во слободен превод на македонски на наведените линкови.

image

Во врска со горната грчка карикатура (на која по телефон говори Костас Карамнлис), еден мој познаник, Грк по националност и државност, ми рече дека Константин Мицотакис (промоторот на грчко-македонски спор) од неговите грчки опоненти, поради други причини, е познта и како „Вампирот“. – А Претседателот на РМ, му велам на мојот познаник Грк, се прослави и како „Крводарителот“, даруваше крв за да ги демантира етикетите дека истовремно бил „Џек“ (Даниелес) и „командант Коки“.

image


Пролетта на 2006 г. што разговараа и договараа грчкиот потомок на античките Македонци со „монголодината фаца“ (види клип на You Tube) и македонскиот потомок на античките Македонци со „циганската фаца“ за решавање на грчко-македонскиот спор? Вистина ли е дека: „Киро и Бранко во 1993 г. го продадоа нашето уставно име“, или тоа е само шпекулација?
image

image

Виолета Аларова, Васил Топурковски и Александар Донски,
живи докази дека сме неспорни потомци на античките Македонци.


image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, неспорен доказ дека современите македонци
се неспорни потомци на античките Македонци


image

 
Категория: Политика
Прочетен: 2548 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 15:18
Категория: Политика
Прочетен: 1412 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 21.09.2008 08:07
02.07.2008 14:22 - Споменик на ...
Овој споменикот изграден „Во чест на бранителите на РМ од 2001 год. и ...“ е поставен през 2007 г. на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица.

image

Според кажувањето на актуелниот градоначалник на Струмица Зоран Заев идејното решение за овој споменик не било лично избрано од него, туку од комисија составена од владеачките советници на СДСМ и опозицијата во Советот на општина Струмица, со согласност од претставници на МПЦ и согласност на семејствата на загинатите бранители. Според градоначалникот Зоран Заев во овој споменик треба да се препознае феникс, раѓање на нов живот, затоа што „бранителите на РМ од 2001 год.“ се бореле за нов живот.

Не се разбирам од уметност како г-нот Заев и членовите на комисијата што ја формирал тој, но споменикот ме потсетува на осудата на струмичани која му ја изрекоа во струмичката чаршија во 2001 година кога г-нот Заев наместо да одговори на повикот за негова мобилизација во АРМ, дезертирал во Грција, каде до крајот на „воениот конфликт“ по грчките плажи и во станот на чичко му во Солун „се криел“ од македонската власт. (Да не се разбереме погрешно, денес не го обвинувам г-нот Зоран Заев за дезертерство од АРМ, тој ако дезертирал од АРМ во 2001 г. после потпишувањето на Рамковниот е амнестиран – што ќе рече веќе невин е.)

Во контекст на оваа чаршиско оговарање, овој споеменик подигнат „во чест на бранителите на РМ од 2001 год.“ на мене ми се чини дека на г-нот Заев го асоцира на неговите тогашни проводи по грчките плажи и на тогашните негови ноќни мори од евентална несакана бременост.

Јас сум си „стар модел, со застарена програма“, не се разбирам од совремна уметност, но ако голата жена е симбол на воена храброст, на загинатите во борба за слобода, тогаш предлагам да ги осовремениме и спомениците и бистите на борците од „НОБ и Народната Револуција“. На пример, меѓу бистите на првоборците Боро Џони и Благој Јанков Мучето во малиот градски парк, може да се постави истиот „феникс“.

image

Или, за да ги истакнеме уште посилно ѕверствата на бугарскиот фашистички окупатор, би можеле да ставеме слични „феникси“ и на соменикот на Благој Јанков Мучето.

image
image

Секако не треба да се заборави и бистата на првоборецот Јоска Јосифовски Свештарот – та нели и тој загина за нов живот.

image

За нов живот се бореа и комитите на ВМРО. Не бива и нив да ги заборавиме. Во Струмица од пред неколку децении има импозантен споменик на Гоце Делчев (свртен со раширени раце кон Пирин и Егеј) – предлагам да не го менуваме. Постариот споменик на Гоце Делчев во Струмица е посветен по повод на неговиот неуспешен опит да го киднапираат тогашното младо струмичко бегче.

image

За нов живот се бореа и комитите на ВМРО. Не бива и нив да ги заборавиме. Во Струмица од пред неколку децении има импозантен споменик на Гоце Делчев (свртен со раширени раце кон Пирин и Егеј) – предлагам да не го менуваме. Постариот споменик на Гоце Делчев во Струмица е посветен по повод на неговиот неуспешен опит да го киднапираат тогашното младо струмичко бегче.

image

image

image

Во Струмица одамна се заговара подигање споменик и на Струма, спред легендата ќераката на римскиот император Тибериј, која заради љубовта на својот љубовник ја предала војската на татка си. Споменикот на Струма – феникс (оти нели градот и после 19 века од нејзиното предавство пак си постои) би можело да се лоцира во малиот градски парк. Во случајот на споемникот на Струма задолжително треба да се напише дека е споменик на Струма - феникс, а не споменик на дружељубивоста на најмладиот градоначалник во Македонија г-нот Зоран Заев.

image
Категория: Политика
Прочетен: 3836 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 04.07.2008 09:34
02.07.2008 13:58 - Срамно клипче
Благодарам „Фокус“!

image


image

image

Кликни на претходната страна за „срамното клипче“, а тука за уште побезобразното клипче: БРАНКО И РАДА - БИТАНГА И ПРИНЦЕЗА

http://www.youtube.com/watch?v=Jsn0kB591tU

И најсетне, дали Б.Ц. исто како во 2004 г. ќе пишува писма: НЕ МЕ ОСТАВАЈТЕ САМ!

image

Сепак, ако се реши на таков чекор после Радиното одлепување од него, за утеха му останува фактот што ќе пишуваа најмалу 50% помалку писма отколку што пишувал во 2004 г.
Категория: Политика
Прочетен: 797 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 14:02
13.01.2008 г.

Шекеринска се фали: „Ќе се одлепиме од Црвенковски“.
Зарем досега не тврдеа дека одамна одлепиле од Црвенковски?


image

Откао забразди во политикта нејзината волја за власт е смислата на нејзиниот живот, та затоа е разбирливо што досега се обидуваше да ја мами јавноста дека одамна е одлепена од Црвенковски.

image

Несомнонено е дека еден ден Шекеринска ќе се одлепи од Црвенковски. Не затоа што таа си го поставува прашањето дали „Бракно е битанга“, туку затоа што таа веќе оценила дека „тезата“ на Кондарко оти „Секој си има свое бачило“, Груевски веќе ја потврдил како аксиома. Се надева на изборен успех на евентуланите предвремени парламентарни избори, а доколку го постигне тоа, таа навистина ќе се одлепи од својот политички промотор и тутор. Но, на една голема партија за да излезе на избори и требаат милјони. Дали Шекеринска веќе е способна сама, без Црвенковски, да ја обезбеди финансиската подршка од транзиционите инстант капиталисти кои станаа тоа што се благодарение на Бранко Цревнековски? – Неверувам!
Верувам дека Шекеринска не блефира кога вели дека сака предвремени избори, не се сомневам дека навистена гори од желба да се одлепи од Црвенковски, ама не верувам дека тоа ќе и успее!

Кликни тука: видео клип на ова тема на You Tube

http://www.youtube.com/watch?v=1fTxoY1PVh8

Р.Ѕ.

Ми требаше цела седмица да нјадам една стара песна за да биде клипчето такво какво што беше замислено. ЗАТОА ПОДОБРО КЛИКНИ ТУКА ЗА КЛИПЧЕТО:

БРАНКО И РАДА - БИТАНГА И ПРИНЦЕЗА

P.S.

Пет месеци покасно, лицето Б.Ц. најави дека тој ќе се одлепи од г-ѓа Шекеринска.
Категория: Политика
Прочетен: 1524 Коментари: 0 Гласове: 0
Категория: Политика
Прочетен: 819 Коментари: 0 Гласове: 0
02.07.2008 13:32 - Шмекер
03.12.2007 г.
Зоран Витанов повеќе не е потпретседател на Сoцијалистичката Партија на Македонија.

image

Веднаш по изборите Витанов на една локална струмичка телевизија влезе во филмот дека е богуизбран за да биде повикан од земјоделците за нивен лидер. Во истиот сопствен филм, истовремно се обиде да ги одигра и ролјите на опозиционер и премиер. „Му удрила славата во главата“, беше најчестиот коментар на моите пријатели кои го гледале тоа демагошко шоу на Зоран Витанов. Некои го сожалуваа, други му се потсмеваа, а трети му беа лути што во името на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и с.Босилово, без нивно знаење, си закажувал средби со граѓаните и членовите на ВМРО-ДПМНЕ во некои Месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Откако го откриле овој солистички настап на Зоран Витанов, во ОК на ВМРО-ДПМНЕ за општина Босилово решиле да му покажат кој е кој. Така пратеникот Витанов, наместо средба со граѓаните од ова општина, се соочил во средба со само неколкумина члена на СПМ.

Набргу потоа, низ стумичката чаршија се расчу гласот дека Зоран Витанов побарал да замине во дипломатија, но Ѕинго не му ја задоволил ова желба. Потоа, во весниците читавме изјави на Зоран Витанов дека тој нема намера да се откаже од пратеничкиот мандат.

Во вчерашниот и денешниот свој настап во Собранието на РМ, Зоран Витанов пак жестоко настапува како свест и совест на колаицијата „За подобра Македонија“, како единсвен и најголем струмички локал патриот, иако во Струмица најчесто доаѓа само да си го регистира своето возило. Очебијна е неговата фрустрираност од катастрофалниот пораз што го доживеал на внатрепартиските избори во СПМ.

Каде забега Зоран Витанов?

Во ВМРО-ДПМНЕ секако не, таму би отишол само ако му гарантираат дека наместо Груевски тој ќе биде премиер.

Во СДСМ? Истото така, не. Ако стане пратеник на СДСМ, и туку ќе треба да излезе од сопствениот филм дека е од Бога надарениот со својства за најадобар премиер на РМ.

Стојан Андов? Не, тоа е невозможен спој, затоа што г-нот Андив е 100 пати повешт политичар отколку тој.

Истотака нема да се прогасли и за независен пратеник. Не заради привилегиите што сега ги ужива како пратеник од „власта“, туку за да може што посупешно до крај да го одигра своето политичко стриптиз шоу. Но, што потоа?

Нема партиска „инфраструктура“ зад себе, нема ниту интелектуален, ниту материјален потенцијал да формира своја партија - повеќе ќе нема и наивни бизнис планови на некои струмички бизнисмени дека преку амандаманите на Зоран Витанов, во името на општите граѓански интереси, ќе си ги асфалтираат макадамските патишта до своите фабрики.

P.S.

На првите предвремени парламентарни избори г-нот Зоран Витанов беше неуспешен кандиат на ПЕИ (партијата на Фијат Цаневски).

image
Категория: Политика
Прочетен: 1130 Коментари: 0 Гласове: 0
image

Восочната фигура на Елизабет I (1533-1603)

Во 1999 г. бугарскиот историчар Илија Тодев под заглавието: „Митот Македонија“ пишува:

„Тој може да биде наречен мит – шпекулација. Ќе ми биде дозволено да го споредам со една, полусериозна, полушеговита, легенда, која се поддржува од Middle Temple, каде е сместена една од четирите лондонски колегии на адвокатите. Ако имате врски, уверува туристичкиот водич Fodor, вие и денес во неговата трпезарија би можеле да каснете кејк приготвен лично од кралицата Елизабет I. Веројатно си мислите дека станува збор за нешто многу бајато. Ништо слично, кејкот е испечен претходната седмица. Ете како станува тоа? На Middle Temple кралицата Елизабет I направила гест, им подарила кејк, тврди легендата, која го приготвила со сопствените раце. Практичните адвокати задржале едно парче од него, остатокот го изеле. Следната седмица, кога во гостилницата приготвувале нов кејк, во него го раствориле парчето од кралскиот кејк. Така секоја седмица и до денес. Значи, во кејкот којшто ви го предложиле денес во Middle Temple, делот од автентичниот кејк на Елизабет I навистина е бескрајно мал – завршува Fodor, - но никој не може да го одрекнува. Така и нашите југозападни Бугари [Се однесува на современите Македонци. – Заб. atoris_b], со логиката на адвокатите од Middle Temple, секогаш можат да кажат дека во нивните жили тече крвта на Александар Велики, – како што му објаснувале уште [во 1871 год.] на скептичниот Славејков [Петко Рачов Славејков (1827-1895), бугарски поет, публицист, фолклорист и општественик, основач на в-кот „Македония“ кој излегувал во Цариград од 1866 до 1872 год.– Заб. atoris_b].“ (Илия Тодев, Към друго минало или пренебрегавани аспекти на българското национално възраждане. София 1999. 74)

image

Но, првиот претседател на новата (не римската) Република Македонија, Киро Глигоров во грчкиот в-к „Неос Космос“ од 13.06.1992 год. на стр.3 тврди: "Ние немаме никаква врска со Александар Велики. Ние сме словенски народ кој дошол тука [во Македонија] во шестиот век."

image

Постери од сегашната акција на МСУ (ноември-декември 2007 г.
Категория: Политика
Прочетен: 1684 Коментари: 0 Гласове: 0
image

Aко Владата на РМ не играла според гајдата на скопскиот градоначалник Трифун Костовски, тој ќе си дал оставка. Ако навистина мисли да си поденсе оставка, нека му е со сраќа дезертерството од одговорноста која му ја доверија мнозинството од скопските гласачи.

image

Жално е само тоа што од фотелјата на градоначалникот на град Скопје до дома нема да си замине со еден од трамваите кои ги ветуваше.
Категория: Политика
Прочетен: 1561 Коментари: 0 Гласове: 0
Со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5% за билетите на ЈСП, Владата на РМ непосредно им додели субвенции на кориснисците на услугите на ова јавно претпријатие. Се разбира, никој не очекува дека со ова посредно помагање на работењето на ЈСП дека мнозинството од скопјани ќе се мотивират што повеќе да ги користат услугите на ЈСП, та на тој начин да се спаси тоа јавно претпријатие од катастрофалното работење на неговите претходни раководни структури.

image

Дали навистина ЈСП ќе банкротира, или тоа веќе е банкротирано (ако навистина неговото работење е економски неоправдано, или е до тој степен е задолжено што повеќе не е крдитоспособно)? Час поскоро државниот ревизиор пред увид на јавноста треба да ги стави фактите за досегашното и сегашното работење на ЈСП. Македонските граѓани да видат колку пари се трошат за резервни делови, за гориво, колку се отсутвува заради боледување, колку часа ефикасно се работи во текот на работниот ден, колку е адекватна систематизацјијата на работните места, колку се почитувал и почитува Законот за јавни набавки и т.н.

image

Колку што ми е познато, според позитивните законски прописи, било кое јавно претпријатие не може да оди во стечај, затоа што за неговото успешно работење е задолжен неговиот оснивач (локалната самоуправа, или државата). Како основач на ЈСП сега се смета локалната самоуправа, т.е. Град Скопје, што ќе рече, градоначалникот на Скопје е еден од најодговорните за успешното работење на тоа јавно претпријатие. Очебијната намера на г-нот Костовски таа своја одговорност да ја сподели со Владата, или префрли на Владата, е разбирлива.Човекот признава дека сам не е кадарен да се справи со проблемите во ЈСП. Или, пак можеби актуелниот градоначалник на Град Скопје подготвува ликвидација на ЈСП со цел да создаде приватен монопол во ова услужна дејност, па Пилатовски си ги мие рацете? Незнам! Можеби!
Категория: Политика
Прочетен: 798 Коментари: 0 Гласове: 0
02.07.2008 12:04 - Мали огласи
Чесен слуга бара господар.

image

image

image


P.S.
Позајмено:
Бранко Црвенквски
- кој ќе му поверува?
Категория: Политика
Прочетен: 915 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 12:12
<<  <  1 2 3 4 5 6 7 8 9  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429648
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930