Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Няма описание.
Автор: papata1962 Категория: Политика
Прочетен: 428784 Постинги: 132 Коментари: 311
Постинги в блога от 18.12.2008 г.

Си бил еднаш еден цар. Од пород си имал само една ќерка. Таа станала убава мома. Еден ден, царот ја прашал ќерка си кога ќе се мажи. Му рекла:

- Татко јас барам маж со два... Ако најдам таков ќе се мажам. Ако не, ќе си останам стара мома.

image

Царот си рекол, срам не срам, ќе објавам каков зет бараме. Ако се јави некој мајтап да си тера, ќе го погубам. Откако царот разгласил каков маж бара за зет, наследник на царскиот престол, поминало многу време. И, штотуку си помислил дека умот не ќерка му никогаш не ќе ѝ дојде,  ете ти го овчарот кај царот и му вика:

- Честити царе, јас ќе ја кандисам твојата ќерка да се мажи за мене.

- Абе, имаш ли ти два?

- Немам.

- Штом немаш веднаш ќе те погубам. Стража!

- Аман царе! Пред да ме погубиш пушти ме кај принцезата да и кажам два збора, ако не кандиса да се мажи за мени, веднаш погуби ме.

Царот се задумал оти му било многу мака што ќерка му сеуште не е омежена и му позволил да оди да ѝ каже два лафа. Влегол овчарот  кај принцезата и рекол:

- Принцезо, слушнав дека си барала маж со два. Верно ли е?

- Ми, верно е. Ти да немаш два?

- Имам. Ама сега едниот не е со мене. Не го понесов со себе, оти не знаев дали е верно дека бараш маж со два.

- Е, ајде да одиш да си го зeмеш и другиот па отпосле да дојдеш кај мене.

- Ќе си врвам штом така сакаш. Ама да знаеш оти многу ќе се начекаш додека да дојдам пак. Оти, едниот му го позајмив на голобрадиот попот. Тој кутриот немал ниту еден. Без да ми го врати заминал на аџилак. Ќе помине многу време дур не се врати од аџилак. А јас сакам да си женам поскоро. Ти, ако сакаш да го пробаш тој што го носам со себе? Па, ако го бендисуваш да го чекаме голобрадиот попот да се врати да го видиш и другиот дали те бендисува. А, ако не ти се бендисува овој што сега го имам при мене што ќе ти е другиот? Та, јас отсега да си барам друга жена.

Се задумала малку царската ќерка и кандисала да го проба тој што со себе го носел овчарот. Се замандалиле во одајата, цел ден не излегле од таму. И’ се аресало и му рекла на овчарот:

- Штом овој е добар, другиот каков и да е, овој ќе врши работа. А голобрадиот поп дур не се врати ќе помине многу време. Ајде ние да си се земеме, па отпосле ќе го пробаме дуриот.

Царот се израдувал што царштината ќе си има наследник. Направиле голема свадба. Поминале неколку месеци од свадбата и еден ден царот на овчарот му рекол:

- Ајде зете да ти ја покажам царштината, да видиш еден ден кога ќе станеш цар со каква царштина ќе управуваш.

Трганале царот и зет му да ја разгледат царштината, а царштината била ептен пространа. Принцезата по заповед на царот останала дома. Ама, оти царот и нејзиниот маж се задржале долго, на царската ќерка ѝ се присакало моногу, та почнала да си мисли што си го пуштила мажот сам да шета по царштината без да си го змеме од голобрадиот поп тоа што му го дал на заем. И додека така тагувала, еден ден разбрала оти голобрадиот поп се вратил и заповедала веднаш да го доведат кај неа.

- Абе попе, ти знаеш каков маж јас барав?

- Еми, знам.

- Е, таков си најдов. А ти знаеш што вели Господ, тоа што е сопственост на жената откако ќе мажи станува сопственост на мажот, а тоа што е на мажот, веќе не е негово, туку на жена му.

- Така вели Господ, верно думаш, ама не знам што сакаш да ми кажеш.

- Море попе не се прави чукнат, ти знаеш што си зел на заем од мажот ми, барам да ми го вратиш веднаш.

- Ама ништо не сум зел на заем од мажот ти....

Царската ќерка се налутила и му се развикнала:

- Ти си немал ниту еден, маж ми оти имал два ти позајмил еден да се служиш со него дур не ти го побара да му го вратиш. Ја давај го оти веќе не можам да чекам да се врати од прошетката по царштината, или да заповедам да те одведат во зандана?

Голобрадиот поп видел - не видел се согласил да и го даде неговиот на царската ќерка. Откако свршиле работа, царската ќерка му заповедала да го остави тоа што го позајмил од нејзиниот сопруг, а тој да си врви дома при попадиката. Ама, голобрадиот поп и рекол дека само тој може да го врати тоа што тој го зел на заем, та царската ќерка му заповедала да иде при неа секој ден додека не се врати нејзинот сопруг од прошетката по царштината.

image

Така, еден ден се вратиле дома царот и неговиот зет. Откога пристогнал дома царскиот зет веднаш ја повикал сопругата во одајата, ама таа налутена му се развикала:

- Абе ти ептен будала си бил! Што ако имаш два, кога поубавиот си го дал на заем? Врви веднаш кај попот да  си го земеш и без него дома да не си идеш!

Категория: Политика
Прочетен: 1861 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 30.12.2008 17:10
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 428784
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Декември, 2008  >>
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031