Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Няма описание.
Автор: papata1962 Категория: Политика
Прочетен: 313731 Постинги: 132 Коментари: 311
Постинги в блога от 02.07.2008 г.
2 3  >  >>
02.07.2008 19:26 - Женски фустан
НЕМА КАЕЊЕ

Многумина еС-Де-С-овци беа фасцинирани од способноста на г-ѓа Шекеринска за краткорочно размислување. Истите беа многу горди на сопственото убедување дека никој не може да ја надговори нивната лидерка која интимно во себе веруваше дека таа нејзина мана и дава компаративна предност во однос на нејзините политички конкуренти. На самобендисаните еС-Де-С-овци дополнителна сигурност им влеваше и новиот тинејџерски имиџ на лидерката на СДСМ кој како турбофолк хит хармонично се вклопуваше во мотото: „Социјалдемократијата е секси“ (што ќе рече: Рада е секси).

image

Но, прекумерните фалби, паунската надменост која извираа од премавнувањето на пубертетски комплекси на г-ѓа Шекеринска и левичарскиот презир на граѓанската способност да се мисли трезвено со своја глава, го закрепнуваа верувањето дека СДСМ е кочничарот на напредокот во секој поглед, а лидерката на коалицијата „Сонце“ е нездрела личност која заглавила во својот пубертески филм (во кој, таа, од „грдо пајче“ се преобразува во сексипилна, славна и обожавана личност налик на Мерелин Монро).

image

Во жанрот на добра француска комедија, како муви без глави, во овој филм во минорни ролји и како стаисти влетаа и Бранко Цревнковски (кој нели не завзеде страна во кампањата); и Јани Макрадули; и Игор Ивановски Шема; и Андреј Петров; и Зоран Заев; и Јово Манасијевски; и Тито Петковски; и Стојан Андов, но не и Никола Поповски, Кондарко... Следствено на тоа се поставува прашањето: до следните претседателски и локални избори кои ќе се одржат догодина, кој ќе биде новиот лидер на СДСМ? Баба Зумбула секако - не!

image

Во СДСМ секако има многу јунаци кои не се плашат од „женски фустан“. Но, од познатите фаци на СДСМ изгледа само Никола Поповски има некаква претстава за економија (т.е. за една од силните страни на Премиерот Никола Груевски и други истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ). Секако и со Никола Поповски на чело на СДСМ социјалдемократијата ќе биде исто толку секси како и со г-ѓа Шекеринска, затоа што г-нот Никола Поповски веројатно основано го бие глас дека имал истенчен вкус за она што се крие под „женски фустан“. Потоа, со Никола Поповски како лидер на СДСМ, еС-Де-Совците ќе бидат сигурни дека нивниот лидер кога ќе го кани Премиерот на tv-дуел нема да го кани и на „женски фустан“.

image  
Категория: Политика
Прочетен: 827 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 04.07.2008 02:10
Честито први вонредни (или, предвермени) парламентарни избори!

image

The End за овој блогпост.
Политикита е сериозна работа за да се гледа само од нејзината трагикомична страна, а јас имам поважни обврски отколку да си се релаксирам тука.

P.S.
papata.blog.com.mk беше постиран од 24.12.2006 г. до 10.04.2008 г., а потоа избришен. Во контескт на истиот беа направени и публикувани четири клипчиња:

1. НА ШЕКЕРИНСКА НЕШТО ЧУДНО И СЕ СЛУЧУВА
2. БРАНКО И РАДА - БИТАНГА И ПРИНЦЕЗА
3. КОАЛИЦИЈА GUNS & ROSES
4. БОКИ 13-КА ВИЗИЈА
Категория: Политика
Прочетен: 617 Коментари: 0 Гласове: 0
Генијален аналитичар, но катасторофален политичар. Своевремено предизвика многу восхит и многу гнев. Понекогаш, поради Македонинија, жалам што самиот си направи да заврши како „Љубчо глупчо“.

image
Категория: Политика
Прочетен: 594 Коментари: 0 Гласове: 0
Во „Фокус“ од 04.04.2008 г., во контекст на нашата позиција во наметнувањето и разрешувањето на т.н. грчко-македонски спор имаме „дузина“ знaчајни тврдења на Васил Тупурковски и Мирка Велинова .

image

Според Тупурковски, Киро Глигоров ја пропуштил шансата за зачленување на Република Македонија во ООН со нашето „уставно име“.

image

image

image

image

Според Мирка Велинова: „ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ИМЕТО, А ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА НЕ БИЛА РАТИФИКУВАНА ОД ГРЦИЈА“.

image

image

image

image

image

image

image

image


Американскиот психијатар Скот Пек во својата книга „Патот по кој поретко се оди“ како недемократска ја определува секоја влада која крие витална (животно значајна)информација од сопствениот народ. Разбира се, тоа е утописко гледиште за демократијата. Сосема е разбирливо што на овој бел свет има „калсифицирани информации“, или државни тајни. Но, ако сето тоа што го зборуваат Тупурковски и Велиновска е точно, тогаш не само Грците, туку и т.н. „мудрец“, „државник“ и некогашната „икона на ВМРО-ДПМНЕ“, како и Хари Костов и Бучко со македонската јавност се однесуваат како со овци. И покојниот Борис Трајковски не ни соопшти дека Грција во својот парламент не ја ратификувала Времената спогодба. Со Б.Трајковски бевме пријатели, „генерација“, познавајки го неговиот карактер, неговиот христијаснки дух, ме зачудува зошто и тој ја криел од јавността таа витална информација за наметнувањето и разреашувањето на т.н. грчко-македонски спор.
Категория: Политика
Прочетен: 962 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 19:11
За прав пат публикуано на 1-ви април 2008 г. на papata.blog.com.mk

Скопје, денес, на 1-ви април, во 8:00 h по македонско време, во просториите на МАНУ, македонскиот историчар Александар Донски свечено му го врачи македонскиот пасош на бугарскиот историчар Божидар Димитров кој конечно призна дека отсекогаш си бил Македонец и платеник-слуга на бугарската буржоазија. Со голема радост Божидар Димитров изјави дека би бил многу среќен ако наскоро стане член на МАНУ, бидејќи отсекогаш тајно си мечтаел еден ден да стане македонски академик.

image

Скопие, днес, на 1-ви април, в 9:00 h по българско време, във помещтенията на МАНУ, македонският историк Александър Донски тържествено предаде македонският паспорт на българския историк Божидар Димитров който окончаелно призна че от винаги си бил Македонец потплатен-слуга на българската буржоазия. Със голяма радост Божидар Димитров заяви че би бил многу щтаслив ако наскоро стане член на МАНУ понеже от винаги тайно си мечтаел един ден да бъде македонски академик.

P.S.

Неколку години наназад Божидар Димитров си прави првоаприлски шеги по однос на македонско-бугарските односи. За жал, годинава tv „Сител“ се фати на „јадицата“ фрлена од Б.Димитров, без да размисли дека никој не може да биде назначан за амбасадор во било која земја ако змејата домакин не се согласи со предложеното лице за амбасадор на еди која си држава.

image
image



Категория: Политика
Прочетен: 736 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 04.07.2008 09:52
Латас се заканува со формирање на нова партија?!

image

image

P.S.
Една германска мудрост поучува: „Подобро е да имаш умен непријател, отколку и глуп пријател.“
Бранко и Рада не ги растурија првите предвремени парламентарни избори, секако не оти се изплашија од заканата на Латас дека „разочараните“ како него ќе ги бојкотирале наредните председателски избори, та Бранко нема да биде избран по втор пат за Претседател на РМ. Се надевам и Латас веќе сфатил колку зелена скинал кога ја смислил наведената закана, оти Бранко веќе сфатил дека неговиот реизбор е многу, многу неверојатна работа.
Категория: Политика
Прочетен: 701 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 18:46
Во мандатот добиен след „легендарниот 15-ти септември“ СДСМ со своите три премиери и еден непризнат од сите државник ја пропуштија шансата во практика правилно и комплетно да го имплементираат т.н. Рамковен договор (кој одамна е составен дел од Уставот на РМ). Веројатно во СДСМ намерно оставија на ВМРО-ДПМНЕ „нешто“ за имплементација од „рамковниот“ со цел „да му се осветат“ на Груевски за противњето на границите во разгринучувањето на општините во новата територијална реорганизација (за „референдумот“), кое нешто влијаеше силно за пaд на рејтингот на СДСМ. Потоа „да му се осветат“ на Груевски за укажувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и ДУИ постигнаа согласност за употребата на албанското знаме во единиците на локалната самоуправа спротивно на Уставот на РМ, кое нешто исто така влијаеше негативно за рејтингот на СДСМ.

image

Изгледа дека Груевски тактизира со целосната имплементација на „рамковниот“ со цел да ги придобие ДУИ и ДПА за следните претсетаделски избори. Незнам! Ќе видеме догодина, само да сме живи и здрави.
Категория: Политика
Прочетен: 758 Коментари: 0 Гласове: 0

Бакојани: Предлогот Republic of Macedonia (Skopje) е далеку од целта.


Секако Бакојани не размислува така, како што е прикажено на карикатурата. Верувам дека и таа сака да опстане нашата држава. Но грешката што ја направи нејзиниот татко Мицотакис во сојузништвото со Слободан Милошевиќ за да се попречи зачленувањето на Република Македонија во ОН, остави големи траги во грчката јавност, та не може така лесно и да се исправи.

image

Најзначајно е да направиме голем чекор во споредба со 1991 год.

image

Историјата на македонско-американското пријателство веројатно започнува со опитот на ТМОРО и ВМОК преку неуспешната мисија на Борис Сарафов да ја обезбеди поддршката на САД за успехот на идното Илинденско востание - т.е. за извојување на Автономија за Македонија и Одринско во рамките на Турција.

Неспорната подршка на САД, од времето на Буш Сениор до Буш Јуниор, секако е еден од главните чинители што до ден денес опстана Република Македонија. За жал во времето на Буш Сениор најзначајните македонистички политички чинители одбија поблиска соработка со САД за надминување на т.н. грчко-македонски спор, преку изнаоѓање на компромис за кој се залагаше Буш Сениор. Но, ајде било што било, дај Боже наскоро да се радуваме на зачленувањето на РМ во НАТО.

Компромисот си е компромис, никој не може да биде сосема задоволен од него. Секој треба да се откаже од нешто свое, за доброто на сите. Ако се прифати овој предлог освен додавката „(Skopje)“ ќе треба да се навикнеме и на формулацијата: Made in Republic of Macedonia (Skopje), затоа што според предлог на Нимиц, се ограничува за сите самостојната употреба на именката Macedonia.

За жал, вчера македонските медиуми не известија дека во говорите не Бакојани и Карамнлис имало суштевена разлика во острината на говорите за изнаоѓање на компромис за решавање на т.н. грчко-македонкски спор.

Сепак, Тhank You USA! Посебна благодарност на Нејзината Екселенција г-ѓа Џулијан Миловановиќ!
Категория: Политика
Прочетен: 908 Коментари: 0 Гласове: 0
Грчки смоквички (така се викаше еден еротско-порнографски серијал од 70-те години на минатиот век).

image

image

image


Ова се извадоци од интервјуто на г-нот Љубчо Георгиевски

за „Фокус“ (Скопје, 14.03.2008 г.)

Но, дали Латас повикува на војна со Грција, или се раководи од хипи девизата: „Make Love, Not War!“, можеме да заклучиме од неговиот човекољубив повик дека: Проблемот со името ќе го решиме кога соодветен маж ќе помине соодветна ноќ со Дора Бакојани, и ќе ја видиме сабајлето насмеана.“

Незнам, можеби овој рецепт на Латас е тајната на успехот во кој Николас Саркози толку безобразно ни соопшти дека т.н.грчко-македонсиот спор не е билатерален, туку меѓународен проблем.

image

image

image

image

image

image

Категория: Политика
Прочетен: 945 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 18:34
Николас Саркози сосема саркастично ни порача: Ако Грција не ви го признава вашето уставно име за меѓународна употреба во ОН, во НАТО и ЕУ, Франција во Советот за безбедност при ОН ќе стави вето, па макар само Грција и Франција да не ве признавале како Република Македонија. Или, со други зборови кажано, Македонци од „FYROM“ имате ли алтернатива за вашиот опстанок како народ и држава, ако не најдете чааре да го спречите грчкото вето за вашето зачленуање во НАТО и ЕУ?

image

Саркастично понижувачкиот одгвор сепак е добронамерна порака која не упатува на објективното барaње на аргументиран одговор на прашањето: КОЈА Е АЛТЕРНАТИВАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, АКО СЕГА НЕ СЕ НАЈДЕ ЧААРЕ ГРЦИЈА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД НАМЕРАТА ДА СТАВИ ВЕТО НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ?
Категория: Политика
Прочетен: 834 Коментари: 0 Гласове: 0
02.07.2008 18:21 - Д.Р.М.
Како што го разбрав непризнатиот од сите Претседател на РМ, но неспорен државник и „граѓанин Б.Ц.“, денес го заговараше како компромис името Демократска Република Македонија, за кое патем кажа дека е неприфатливо за Грците. (Или, кажано со други зборови, ценетиот ни државник, објави капитуалција во борбата за името.) - Не знам што е прифатливо за „малаките“, не ме интересира дали ДРМ во споредба РГМ (Република Горана Македонија) е подобар избор, туку каква врска има заложбата на „граѓанинот Б.Ц.“ да го прифатиме ДРМ во врска со она што го пишуваше „Фокус“ од 15.04.2005 г.? - Љубопитството не прозизлегува само од желбата да ја знам историската вистина, туку и од обвинувањето на „Рада Помада“ дека за она што било укакано во 1993 г., а до ден денешен не било исичистено, сноси најголема вина Грујо (не оти навивам за него, па ептен будала не сакам никој да ме прави).

image

И уште нешто! Чудно совпаѓање: Наскоро после формирањето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Тачи „лицето Б.Ц.“ од „пијандура“ и „норкаман“ го промовира во крводарител, а денес го призна во единcтвен државник! (Дали и што им вети Б.Ц на македонските Албанци за да си го осигура својот реизбор и да стане легитимен и од никој не оспоруван Председател на РМ?)

Но, сите тие се математики на државникот ни, за придавка која не задира во македонскиот национален идентитет колку и да се правени со Нимиц, Нуланд или Миловановиќ, сепак се направени без согласност на Дора Бакајани, без Караманлис... т.е без крчамарицата и крчмарот во чие друштвото сакaме да сме, ама не по секоја цена како Пиринци, Вардарци и Егејци, туку само како Македонци!

И, најсетне. Не еднаш самите сме се нарекувале Вардарска Македонија. Дали Република Вардарска Македонија е формулата на државникот ни и „Рада Помада“ за едновемнето запазување на националниот ни идентитет и спречувањето на грчкото вето за нашето зачленување во НАТО и ЕУ?
Категория: Политика
Прочетен: 697 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 18:22
Зошто да не се викаме Античка Република Македонија, прашува sting EYE


image

Одговорот го имаме во речиси секој лексикон на стански зборови, или во секој толковен речник; освен ако sting EYE не е Грк, или гркоман.

image

Мала енциклопедија ПРОСВЕТА, Бeоград 1959 г.

image

Милан Вујаклија, Лексикон страних речи и израза.

Београд 1980 г.

image

БЪЛГАРСКИ ТЪЛКОВЕН РЕЧНИК (София 1994 г.)

Според Weekipedia: http://mk.wikipedia.org/wiki/Антика antiquity ...
Категория: Политика
Прочетен: 822 Коментари: 0 Гласове: 0
image

image

image
Категория: Политика
Прочетен: 594 Коментари: 0 Гласове: 0
07.03.2008 г.
Според „Канал 5“, Французин тврди дека Срѓан Керим гради стратегија за соочување со НЛО, а Јапонците нема да војувале против вонземјаните.

image

Има ли Република Македонија стратегија за соочување со НЛО? Дали Охрид ќе стане туристичка мека за вонземјаните?
Категория: Политика
Прочетен: 730 Коментари: 0 Гласове: 0
image

Пред 15 години се тврдеше дека проблемот со FYROM ќе трае само три месеци, но и деновиве „нема абер“ дека истиот наскоро ќе биде решен во полза на Република Македонија.

image

Според Драган Павловиќ Латас: „Проблемот со името ќе го решиме кога соодветен маж ќе помине соодветна ноќ со Дора Бакојани, и ќе ја видиме сабајлето насмеана.

image
Категория: Политика
Прочетен: 1519 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.07.2008 18:03
2 3  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 313731
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Юли, 2008  >>
ПВСЧПСН
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031