Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
30.06.2008 15:35 - Се титулирал: фараон на Египет, шах на Персија, но не и Македонски
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 6148 Коментари: 2 Гласове:
0

Последна промяна: 30.06.2008 16:29


Постирано на 18.01.2007 г. на blog.com.mk

ОПШТИНАТА ЦЕНТАР ЌЕ ГРАДЕЛА
ПАМЕТНИК НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ!

image

Отсуството на оригинални историски извори секако е една од причините поради кои постојат спорови за „ликот и делото“ на т.н. антички Македонци. Претставата за Александар III (посмртно наречен: Трети, Велики и Македонски) е градена врз основа на записи од автори кои живееле два-три века по неговата смрт и врз основа на археолошки наоди кои сведочат за неговиот поход „до крајот на светот“.

image

Пред Александар III Велики „античките Македонци“ имале уште двајца свои „кралеви“ кои се наречени Македонски, а после него уште три, значи, вкупно имаме шест крала наречени Александар Македонски, откои првиот станал познат по тоа што своевремено бил наречен Филелен (некој кој ги сака Елините, т.е. гркоман). Нема вест од минатото која соопштува дека Александар III Велики сакал официјално да го титулираат Македонски. Се прогласил за шах на Персија, за фараон на Египет, ама никогаш официјално не се титулирал Македонски (а уште од детството бил нарекуван „македонски крал“ од луѓето кои неговиот татко го нарекувале Македонски). Се тврди дека деноноќно се измачувал со прашањето колку искрено му се восхитуваат Елините како „хегемон (обединител) на Елините“ (за каков бил своевремено прогласен додека владеал).

image

Филеленството (или гркоманството) е својствено и за „цела дузина“ античко-македонски кралеви. Но, нивното филенство се сведувало на восхитување и восприемање на елинската култура, т.е. на „грчење“ (погрчувње) кажано со терминологијата од 19 век. Кај Александар III Македонски филенеството има друга „димензија“ во неговото „CV“ (работна биографија). Александар станал Велики (фараон на Египет, шах на Персија) затоа што успешно ја спровел данајската (грчката) надворешна политика (победа над Персија) која била тактички и стратешки смислена од татко му Филип II Maкедонски. Со воената победа над Персија (тогашната велесила која заради тогашната светска доминација била во „ривалство“ со елинските градови држави) Александар не ја завршува оваа данајска надворешна политика. Воената сила со која располагал му овозможила да направи опит данајскиот јазик (т.е. грчкиот јазик) да им го наметне дури и на Евреите (кои создале своја писменост илјада години пред Елините). Среде современите Македонци често пати се говори колку пати се спомнуваат именките Македонија и Македеонец во „Библијата“, т.е. во „Новиот Завет“, но се премолчува за Елините од Ерусалим за кои се говори во „Новиот Завет“ (тие Елини не биле вистински Елини, туку потомци на Евреи кои во времето на „великанот“ го усвоиле грчкиот јазик како сопствен). Во новозаветната книжнина се говори и за Евреи во Солун, а тие Евреи всушност се потомци на елинизираните Евреи кои се населиле таму во времето на Александар Велики.

image

Мегаломанството (алчната ненанситност да се изгледа голем, величествен - велик) е основата на неговата личност. Мегаломанствотое е присутно во сето тоа што му причинувало задовослтво: освојувањето, пиењето вино, сексот.

Неспорно е дека Александар Велики бил „геј“ - „примач“, многу сакал да го јаваат јавно и особено кога бил пијан сакал јавно реденка да му праваат - така пишува Плутарх (најраниот автор кој ни соопштува вести за овој „великан“).

image

Мегаломанството (алчната ненанситност да се изгледа голем, величествен - велик) е основата на неговата личност. Мегаломанствотое е присутно во сето тоа што му причинувало задовослтво: освојувањето, пиењето вино, сексот.

Неспорно е дека Александар Велики бил „геј“ - „примач“, многу сакал да го јаваат јавно и особено кога бил пијан сакал јавно реденка да му праваат - така пишува Плутарх (најраниот автор кој ни соопштува вести за овој „великан“).

image

Мегаломан бил и во пиењето вино. Пијанството му било ужасно, колку повеќе станувал славен и моќен, толку повеќе станувал агресивен и така пијан од „чиста забава“ (која некогаш ја објаснувал како „казнено воспитно-поправна мерка“) заповедал да се опожаруваат градови и села.Прироманските забави на мегаломанот „великан“ не биле одобрувани и од неговите војници и генерали, кои откако совршено ќе го ограбеле домицинолното население не гледале причина да им ги опожарат и домовите.

image

Изворот на неговата агресивност и насладата во садизмот не произлегувале од пиењето виното наместо вода. Тој мегаломан сакал ем да се плашат од него, ем да го сакаат (т.е. да биде бог), па затоа на почетокот на својата освојувачка кариера“ решил сосема да уништи еден народ - Трибалите (живееле во Трибалија, територијата која го опфаќала и денешно Скопје). „Великанот“ геноцидот над Трибалите го извршува молскавично, а „остатоците“ од Трибали кои пребегале на територијата на денешна Бугарија продолжил да ги прогонува до нивното целосно уништување (после геноцидот врз Трибалите, денешните скопски простори се населени од Дарданците, а некогашно Скопје станува метропола на Јужна Дарданија, - аспирација која денес повторно се јавува со т.н. „големо Косово“, т.е. „Дарданија“).

image

И најсетна, да проговориме и за демографската штета што ја направил мегаломанот „велики“ врз сопствениот народ со „совојот“ авантуристички и пљачкашки поход (ако сакате тоа наречете го „освојувачки поход“, немам ништо против).

image

Зелената линија и зелените точки на картата ја означуваат северната граница на етничкта територија на античките Mакедонци во 3-4 век п.н.е.

Древната македонска држава постоела само пет века (640 - 168 г. пр. н. е.). Согласно напишаното во тритомната “Историја на македонскиот народ” (Скопје 1969), нејзината историјата од времето кога го достигнала врвот на својата моќ до нејзиното паѓање под римска власт се сведува на следното:

image

Александар Велики стекнал светска слава, но поради „неговата цивилизаторска улога“ и „неговиот освојувачки поход“ значително се намалила популацијата на античките Македонци. Државата на античките Македонци краткотрајно блеснала до крајот на светот”, а хеленската култура за подолготрајно се раширила на Исток.

image

После трагичната смрт на Александар” (умрел млад, на 33 г. возраст, отруен), неговите војсководители (наследниците”) цели 20 години меѓу себе се убивале за да си приграбат за себе колку што можат што поголеми области од огромното царство.

Потоа Галите ги одвлекле античките Македонци во ропство. Античка Македонија речиси опустела. Грците и Траките масовно мигрирале во античка Македонија, а земјата на античкиите Македонци сеуште била пуста. Затоа некои од владетелите на античките Македонци за да го задржат нивното парче земја под македонска власт требало да доселуваат Траки и Грци. Згора на тоа, многу години пред пропаста на античката македонска државата, нејзината политичка елита и земјата силно се елинизирале.

image

Откако античка Македонија била поробена од Рим римските владетели доселувале италски колнисти, а во доцната антика во Македонија се населиле една низа варварски племиња. И најсетне, античките Македонци покрај доселените Грци, Траки, Илири, италски колонисти и една дузина варварски племиња на прагот од новата ера, станале елинизирано и латинизирано малцинство на некогашната сопствена етничка територија. Скапоцени човечки загуби античките Македонци имале во средината на трети век од опостушувачките походи на Готи и Макромани во сојуз со Борани, Бургунди и Сарамати, кои правеле опостошувачки походи во Тракија и Македонија. Нешто покасно Хуните на Атила наречен „бич божји“ истотака ја опостушуваат Македонија. Таа буквално е сардисана многу векови пред „словенската колонизација“ на Балканот, т.е. пред нападите на Словени, Бугари, Авари (во друг текст ќе ги рагледаме прашањата за тоа колку современите Македонци се потомци на древните - античките Македонци и за тоа дали еленизираните и латинизираните античките Македонци успеале да ги македонизираат Словените, т.е. дали античките Македонци им дале име, територија и традиција на современите Македонци).

image

Од аспект на современите возвишени вредности да го кажам резимето за „ликот и делото“ на „великнот“, т.е. „мегаломанот“ Александар.

1.Како „војсководител - освојувач“ Александар III Македонски на сопствениот народ му нанел поголема демографска, економска и културна штета отколку Адолф Хитлер на Германците.

2.Ако „најпознатиот освојувач на светот“ беше наш современик, секако ќе завршеше во Нирберг или Хаг, ќе му се судеше за геноцид не само врз Трибалите туку и врз други народи.

3.Како љубител на виното, секако порди алкохолизам од неговите најблиски или од „социјалното“ ќе беше пратен на лечење во Бардовци или во Негорци.

4.Како геј, ако не емигрираше во Холандија, секако ќе беше еден од лидерите на македонската геј асоцијација и сега секако ќе се плашеше да направи геј-клуб во Скопје.

image

Неспорно е дека митот за Александар Велики е изграден врз искривена престава за реалниот лик на овој мегаломан. Ако тоа е така, тогаш зошто во РМ да имаме булавари и улици наречени според овој мегаломан, зошто скопскиот аеродром да се вика „Александар Велики“ (Airport Alexander The Great), a не Александар Македонски, притоа задржувајки ја старата меѓународна ознака („Аеродром Скопје“)? Зошто Советот на општина Центар (секако и градоначалничката Виолета Аларова) донел одлука да гради споменик на Ацо Мегаломанот?

image

Дали зариди мистификацијата дека во 19-ти и 20-ти идентификацијата со т.н. антички Македонци одиграла една од клучните ролји за етнодиференцијацијата на современите Македонци од соседните народи, или поради тоа што митот за еден од шестмината Александар Македонски на голем дел од современите Македонци им делува како мелем за македонистичкиот комплекс на помала вредност, независно од тоа што на овој „домашен лек“ учените дома и во странство му се потсмеваат?

image



Тагове:   шах,   македонски,   Перси,   фараон,


Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

1. анонимен - Za Aleksandar
15.04.2009 00:46
Ne bi bilo loso da napises nesto po pametno za Aleksandar . Sepak mislam deka ne e vored da plukame po covekot , iako mozebi i ne bil cveke za mirisanje . Sepak ima premnogu golema uloga vo istorijata , a ti si premnogu beznacaen za da treses gluposti za nego .
цитирай
2. анонимен - Ti batka treba da bides obesen na ...
04.10.2010 06:09
Ti batka treba da bides obesen na plostad. Vakvi kako tebe ne zasluzuvaat da ziveat. Ne postojat zborovi sto mozat da ja opisat mojata omraza kon vakvi kopilinja.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 428790
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031