Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.07.2008 12:35 - Фрцко Комерц - Крокодилска етика
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 2357 Коментари: 0 Гласове:
0



Од Фрчковски ништо не ме изнендаува, ниту неговото тврдење дека му се плачело како Антигона, ниту неговиот опит со крокотилската етика (крокодилот рони солзи додека ја јаде жртвата) да го нас’ска проф. д-р. В.Поповски против ВМРО-ДПМНЕ.

image

Фрчковски беше министер во МНР во времето на шферц-комерцот за потребите на решимот на Слободан Милошевиќ, во времето на бандитската приватизација, во времето кога беа отпечатени првите македонски пасошти.

image

Како еден од коавторите на Уставот („со фабрички дефект“) се прослави и со опитот да создаде полициска коњаница.

image

Првото полициско тепање на македонскиот народ во самостојна РМ се случи во времето на министерувањето на овој фин господин. Тогаш настрадаа граѓаните на скопската населба „Ѓорче Петров“ и демонстрантите кои протестираа на патот меѓу град Струмица и селото Куклиш.

image

После атентатот врз Киро Глигоров беше министер во МНР, се додека „Црвенковски не му даде шут-карта“ (кажано со зборовите на Ј.Костова).

image

Пред околу една година, Проф. Д-р Трајко Славевски во една своја колумна веродостојно го „портретираше“ Фрчковски.

image

Павле Трајанов (во за времето на министерувањето на Фрчковски во МВР беше потсекретар во МВР) во своето интервју за „Фокус“ од 01.09.2006 г., во врска со Фрчковски кажува:

image

„Тој дојде во МВР со велосипед и со штипка на панталоните. Дојде како теле, без какви било претходни информации за тоа што е МВР, кои се неговите надлежности. Јас и Богоевски повеќе од три години го воведувавме во раоботата, за подоцна, кога се осамостои, да искомпромитира многу негови колеги од Правниот факултет, а сега да обвинува дека некој друг него го рекетира. ...кога дојде во МВР, прво бараше податоци за професорите од Правен факултет, што има за нив, за да ги користи на наставничкиот совет. Не сакам да кажувам детали што се друго правеше...
image

...кога во 1994 г. објавив дека во РМ постојат почетни облици на овој вид криминал, прв што сејави беше г. Љубомир Фрчкоски. И тој во име на Владата на Бранко Црвенковски изјави дека во Македонија нема организиран криминал , дека тоа било шпекулација на Павле Трајанов. Но, за кусо време потоа, Бранко Црвенковски по случајот ТАТ објави дека криминалот длабоко навлегол во сите пори на општественото живеење. Значи, тогаш Фрчковски како министер за внатрешни работи, наместо да ги подржи тие оценки и да ги задолжи да работат на детектирање на сите криминални случаи, застана против борбата, застана на страната на тогашните новопечени богаташи и го заштити капиталот на оние кои сега се трансформираа во тајкуни, олигарси. Тој ја попречи борбата во време кога на полесен начин можевме да се справиме со организираниот криминал во 1994 г. Како министер, ја блокираше целата активност на МВР во таа насока.

image

... По министерувањето на Љубомир Фрчковски како резултат на една анкетна комисија што беше формирана во Парламентот се направија согледувања околу јавните набавки во тие министерства, а во рамките на тие активности и во МВР. И со она што беше најдено од Комисијата во соработка со јавното обвинителство во тоа време, откриено е дека има елементи за кривична одговорност. ...Тогаш му беа поднесени четири кривични пријави за злоупотреба на службената положба.

image

... Пријавите беа поднесени без да бидат обелоденети во јавноста. Но откако тоа се случи, Фрчковски веднаш отишол бара помош кај Бранко Црвековски и пред него ги ги употребил зборовите дека штом тргнало против него, и останатите министри ќе заглаваат. Фрчковски не беше во добри односи со Црвенковски, но сепак отишол да бара помош. Барал адвокати, барал пари за адвокатите од Црвенковски, за по неколку дена да отиде кај тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и пријавите да бидат повлечени. Георгиевски со мене разговараше во неколку наврати, му реков дека кривичните пријави се поднесени од страна на овластени службени лица и оти досега во мојата пракса никогаш не е повлечена ниту една кривична пријава. Но подоцна, во договор со јавниот обвинител (Ставре Џиков – забелешка на „Фокус“) кривичните пријави беа амортизирани. ... Знам дека направиле договор, тоа Љубчо Георгиевски лично ми го кажа, дека оттогаш натаму Љубомир Фрчковски ќе го напаѓа Бранко Црвенковски, а не актуелната влада. Ако се вратиме во тоа време ќе видиме дека тој од тогашната влада никого не напаѓаше. Значи ги искористи колумните за политички пазарења, за да се спаси од одговорноста. ....Не мислам дека тоа тој го прави само за себе, мислам дека одработува и за одредена политичка групација... Но Агенцијата (ДЕКРИ – з.м.) ќе ги гони сите криминалци, вклучително и Фрчковски.“

– Во вакви или слични ситуации, нашите северни соседи викаат: „Живи били, па видели“.

P.S.

Горната содржина е постирана за прав пат на 18.04.2007 г. на papata.blog.com.mk Отогаш помина повеќе од една година, но од фалбите на Павле Трајанов сеуште нема ништо.


Тагове:   етика,


Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429655
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930