Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.07.2008 14:50 - Семки, кикирики!
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 845 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 01.07.2008 14:51


5-ти јули 2007 г.

ГРУЕВСКИ – ШЕКЕРИНСКА 20 : 1

image

Според последната анкета Премиерот Груевски ужива доверба кај 30% од анкетираните, а лидерката на СДСМ, г-ѓа Шекеринска само кај 1,5% од анкетираните. Случајниот избор на анкетираните граѓани (1024 анкетирани) сосема точо не го покажува расположението на двамилјонскиот електорат во РМ, но сепак е валиден индикатор за степенот на доверба што го уживаат споменатите политичари. Во ова анкета најзначајното е што речиси еднаков број од анкетираните ијзавиле дека имаат доверба во ВМРО-ДПМНЕ и г-нот Груевски (во двата случаи по околу 30% од анкетираните), додека тој однос во случајот со г-ѓа Шекеринска (1,5%) и СДСМ (8%) ниту од далеку не е приближен. И овој резултат од 5 : 1 е крајно неповолен за г-ѓа Шекеринска и СДСМ. Ако овие бројки се земат како валиден индикатор, тогаш излегува дека и значаен дел од членството на СДСМ сега не верува дека г-ѓа Шекеринска после три години ќе стане Премиер на РМ. Веројатно сознанијата за резултатите од последната анкета ја натераја г-ѓа Шекеринска и СДСМ наместо на 28-ми август (кога лани беше избрана Владата предводена од г-нот Груевски), на 5-ти јули о.г. да ја започнат својата пропаганда активност наречена „Една година влада“. Незадоволството на „тезгаџиите“ (трговците поединци) од обврската да се „фискализираат“ секако влијало за започнувањето на итната (ургентната) сдмовска пропагандна кампања “Една година влада“.

P.S.

На кое дереџе е политичката пропаганда на СДСМ говори и коментарот на Ѕвездан Георгиевски („Глобус“, 10.07.2007), кој свевремено се прослави како новинар кој го вртеше перото против г-нот Љубчо Георгиевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ако е од г-нот Ѕвездан, пак многу е!

image




Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429571
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930