Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.07.2008 12:39 - Стап и морков
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 809 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 01.07.2008 12:42


Во „првата држава на научниот комунизам“ советскиот другар Ленин како официјален државен јазик во задолжителна употреба го воведува болшевистичкиот јазик. Во комунистичкиот речник наместо именката амал (носач) е воведен поимот „транспортен работник“, демек амалинот во капитализмот бил експлоатиран и понижен, а „транспортниот работник“ во СССР не бил експлоатиран. Така во советската транзиција од капитализам кон комунизам именката чистачката веќе не означувала понижена, туку горда „хигиеничарка“. Во виртуелната реалност на СССР (првата тоталитарна држава на светот) именката доктор е заменета со пимот „медицински работник“ кој нели се грижи за здравјето на своите „другари“ од својата „работничка класа“. Именката учителката е заменета со советската претства за „просветен работник“, а именката „келнер“ со „угостителски работник“ и т.н.

За разлика од јазичните (политичките) норми во државите на „државниот социјализам“ („реалсоцијализмот“), во „самоуправниот социјализам“ („По Титовиот специфичен пат“) истите јазични норми означуваа дека сите работници (од хигиенско-санитарни до „научни работници“) истовремено се и „самоуправувачи“, демек амалите, чистачки, келнери и сите други работници не биле тоа што биле во капитализмот затоа што во „самоуправувањето“ управувале со “организациите на здружен труд“ (т.е. претпријатијата).

image

Дека „југословенските другари“ беа повешти во контролирањето на волјата и диригирањето на поведението на своите поданици, говори и фактот што по времето на Анте Марковиќ во југокомунистичкиот речник се воведе поимот „стечаен работник“ (поим кој не постои во ниту еден друг јазик) со кој се создаваше алузија и илузија за посебна грижа на „власта“ и „општеството“ кон отпуштените работници од „вака или онака“ банкротираните претпријатија. Оваа приспивна песна што им ја пееа новите капиталисти на своите довчерашни „другари“ од нивната некогашна божем заедничка „работничка класа“ беше „имплементирана“ како законска регулатива според која божем се спроведува правична стечајната постапка (ревитализација или ликвидација) на банкротираното претпријатие, при што како прв приоритет за подмирување на должничкките обврски на банкротираното претпријатие беа (и се) доверителите кои му позајмиле пари или материјални добра на пртпријатието што банкротирало (т.е. да им се вратат парите на новите капиталисти и довчерашни заколнати комунисти), а последен „приоритет“ доврителите (вработените) кои во банкротираното претприатие го вложиле само својот „непосреден труд“.

image

Не само за сегашните туку и за идните генерации тргични се последиците од неподготвеноста на македонската „работничка класа“ да се соочи со падот на „социјализамот како светски процес“. Денес, после 18-19 години од почетокот на „транзицијата“ (1989 г.), секојдневно се сочуствуваме со траги-комични сцени од лични и колективни драми на „припадници“ на огроманата „армија невработени“. Думата ми е, не сме заглавени во „транзицијата“ само поради алчноста на старо-новата политичка и бизнис елита во РМ, туку и поради неподготвеноста на огромен број луѓе од македонското општество да се соочат со фактот што СКМ од своето оснивање па се до ден денес (како СДСМ и неговите сателитски партии) се „грижел“ за својот „работен народ“ како што се грижи свињарот за своите свињи (тој ги чешка додека ги продаде во кланица), т.е. како што

image

Гладот, чувството на очај и осаменост, реалниот страв од невозномжноста да се вработат, неостварената желба да бидат згрижени од „државата“ (поттикната со лицемерното сожалување за „незгрижените стечајни работници“ како „несакани жртви на транзицијата“), ги прави овие „гласачи“ (луѓе) уште поподложни на политички манипулации. Изгледа толку многу „навикнале“ да ги манипулираат што веќе и тие заради сопствената гола егзистенција се спремнии да манипулираат со јавното мнение без разлика на тоа „кој е порачателот на услугата“.

image

image




Тагове:   морков,


Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429636
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930