Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.07.2008 17:35 - Уште една заслужена шут карта
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 1040 Коментари: 0 Гласове:
0



16.07.2007 г.

Од воведувањето на повеќепартискиот живот до денес на македонската политичка арена нема поспособен агитатор (да не речем: манипулатор) од Бранко Црвенковски. Тој, со толку малку зборови, умее да каже толку многу работи кои „ќе ги разберат сите“, од полуписмените до оние кои себе се смета за неприкосновени интелекти. Тој е македонскиот транзиционен Гебелс, затоа што, и кога не е исправен во своите постапки, пак знае да печали поени за себе кај дел од јавноста, како што е и сега, со скандалот божем предизвикан од министрите Славевски и Рафајловска при посетата на австрискиот претседател.

Веројатно, високиот гостин со почитуваната делегација од Австрија деновиве престојуваа на покана на Претседателот на РМ, а можеби и на Владата на РМ. Протоколот секако е подготвуван во кабинетот на г-нот Црвенковски, инаку нема друго објаснување за намерната или ненамерната грешка во предвидувањето „под будното око на Претседателот на РМ“ министри од Владата на РМ да потпишуваат догвор во кабинетот на Претседателот на РМ. За неупатениете, или за оние кои не „ситничарат“ за функционирањето на нашиот политички ситем, а сособено за навивачите на СДСМ, споменатиот сканадал е „грешка“ која можела и требала да биде скреиена од високите гости. Но сканалозното узурпирање на ингеренциите на Владата, прикриено со божемна грашка на протоколот во суштина не е само срамна, туку и многу значајна и недозволена работа која разоткрива скриени диктаторски амбиции. Во РМ ние немаме претседателски систем, та поради тоа Претседателот на РМ (како институција) не смее да ја утврдува агендата (дневните активности) на Владата на РМ која како институција за својата работа одговара пред Собранието на РМ и пред сите граѓани на РМ. Впрочем овие одниси меѓу институциие Претседател, Влада и Собрание на РМ се строго определени со Уставот на РМ (колку за потсетување: според Уставот на РМ пратениците немаат обврска да седат во пленарната сала за време на годишното обраќање на Претседателот на РМ во Собранието на РМ, а кај нас се крева џева по ТВ оти пратениците на ВМРО-ДПМНЕ постпувале по своја волја согласно Уставот на РМ кога решиле да не седат во пленарната сала на годишното обраќање на Претседателот на РМ).

image

Во контекст на срамот што ни го приреди „лицето Б.Ц. при посетата на австрискиот претседател, прептоставувам: прво, ако ова божемна грешка на протоколот на „Б.Ц.“ е направена во времето на премиерувањето на Бучковски, тоа било поради упикувањето на последниот. Второ, ако ова божем „протоколарна“ грешка е направена сега (во кое сум убеден), тогаш нашиот негативен херој на политичката пропаганда во ова подмолна игра, „играл“ токму на македонската етнопсихологија.

Во менталитетот на Македонецот отсекогаш било да му се угоди на гостинот по секоја цена, гостинот никакош да не се стави во срамна ситуација поради домашните проблеми на домакинот (на пример: домаќинот има или нема пари за живеачка не важно, ама гостинот мора да го угости; или друг пример: на домаќинот иако не му е до веселба, се ќе напави гостинот да му биде весел). Правдата и правичноста за многумина Македонци во случајов не е битна, битен е срамот кој е диригиран од домашното воспитанеи, од традиционалните поими за добро и зло.Тоа му е совршено јасно на „Б.Ц“.

Ако навистина од кабинетот на „Б.Ц“ направиле привид во утврдувањето на протоколот, тогаш ако на г-нот Претседател на РМ му биле поважни Уставот и државните работи од неговиот рејтинг, можеше да им се извини на Владата на РМ и на високите гости и потпишувањето на договорите државнички да го следи од ТВ екраните. Ама тогаш, ќе немаше раст на неговиот рејтинг, нели?

image

„Лицето Б.Ц.“ (непризнат од сите за легитимен Претседател на РМ) како добар етнопсихолог, како одличен познавач на македонскиот менталитет, знаеше дека поради ова „протоколарна грешка“ ќе печали кај дел во јавноста и во двата случаи.

Ако министрите Славевски и Рафајловска отидоа во просториите на „лицето Б.Ц.“ да ги потпишат договорите ќе излезеше: прво дека не им е битен Уставот на РМ, туку упикувањето кон „лицето Б.Ц“ и второ, но не помалку важно, дека некои од министрите од кабинетот на Г-нот Груевски не се согласуваат со одлуката и ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека Премиерот, министрите и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да комуницираат со „Б.Ц.“ надвор од ситуациите за задолжителна комуникација меѓу институциите Престедател и Премиер на РМ и предвидени со Уставот на РМ.

Скандалот при посетата на австрискиот претседател, приреден како намерната или ненамерната грешка од протоколот на оспоруваниот Претседател на РМ, да беше направен дури и од неспорно легитимен избран Претседател на РМ пак не требаше да биде премолчан и скриен во никој случај. Демократијата е еднаквост на сите граѓани пред законот, независно од тоа кој која функција во кој момент извршува. Затоа: браво за Трајко Славевски, браво за Вера Рафајловска, иако не умееја најдобро тоа да го објаснат во јавноста.

Не случајно истиот ден г-нот Макрадули со навредливи зборови го обвини г-нот Славевски дека своето 18-годишно дете си го вработило на „Берзата“, со цел да го дефокусира вниманието на јавноста од намерната или ненамерната „протоколарна“ грешка од кабинетот на „лицето Б.Ц.“

image

Во Австрија таков „гаф“, или таква „местенка“ да се случеше најблагата казна ќе беше персонални промени во „протоколот“ на претседателскиот кабинет. Ама, ние сме Македонци, гостољубиви, „поважно ни е расположението на гостите“ отколку нашата демократија, отколку почитувањето на Уставот на РМ, отколку достинството на патриотизмот кој не значи упикување никому.  



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429541
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930