Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.07.2008 11:48 - Бераво градоначалниче
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 813 Коментари: 0 Гласове:
0



Зарем од намалување на ДДВ-то на билетите на ЈСП нема да има значително помал прилив на пари само во буджетот на Република Македонија? Тогаш, зошто г-нот Костовски се закани (или пофали) дека ќе ја намалил цената на билетите за ЈСП на 10,оо денари!

Како градоначаникот на Скопје ќе го реализира тоа свое ветување? Одговорот на поставеното прашање досега г-нот Градоначаник не и го соопшти на јавноста.

Дали и тој како Владата ќе се ангажира за намалување на даноците?

Но, не само патниците на ЈСП да се ослободат од данок на дотичната услуга, туку и ЈСП како стопански субјект да се ослободи од плаќањето на било какви даноци (на резервни делови, на сервисни улуги, на горивото, на набавката на нови возила), пак не е можно цената на билетите на ЈСП да чини 10,оо денари. Поголема субвенција од ова би било државата ( т.е. сите даночни обрзници во РМ) да им ги плаќаат придонесите за здраствено и пензиско осигурување на сите вработени во ЈСП. Но, пак цената на билетот на ЈСП нема да е 10,оо денари.

Навистина г-нот Костовски е махер за бизнис, неспорен голем и хуман донатор, што ќе рече се разбира од правење пари. Ете, на пример: се заложи за 100% повисока цена на водата (што значи поскапеа и на цената за одржување на комуналната хигиена и цената за подигањето и одржувањето на зелените градски површини), а скопјани ниту имаат почисти улици, ниту празни контејнери за смет, ниту поубави и поголеми паркови, ниту украсени улици и булевари (за детски и спорстки игралишта да не зборуваме).

image

ас сум „дудук за правење пари “, веројатно затоа никако не можам да разберам, зошто намалувањето на ДДВ-то на билетите на ЈСП ќе предизвикало банкрот на ЈСП, кога парите од ДДВ-то не се на ЈСП, туку на сите граѓани на РМ, т.е. на буџетот на РМ. Или, пак поради тоа намалување на ДДВ-то ЈСП повеќе нема да се „кредитира“ на илегален начин? Можеби градоначаникот Костовски ќе предложи донесување на некој нов закон, специјално за ЈСП, со која ќе се обезбеди уште поголема субвенција за ЈСП. На пример, сите граѓани на Република Македонија би се задолжиле да му ги подмират огромните долгови на ЈСП кон странските и домашните кредитори. Несомнено, секој полнолетен граѓанин на РМ, посредно (преку пратениците во Парламентот), или непосредно (со граѓанска иницијатива), има право да побара ставње на дневен ред на Собранието на РМ предлог на закон, или предлог на измена на закон. Ако г-нот Костовски поведе таква иницијатива секако многу ќе ги израдува струмични, штипјани, тетовчани или охриѓани што на тој начин ќе им ги субвенционираат транспортните трошоци на патниците на ЈСП (меѓу кои има многу ученици и студенти „од внатрешаноста“), што на тој начин ќе се амнестираат досегашните раководни структури во ЈСП кои претпријатието го остваиле во огромни и долгогодшни долгови, а уште повеќе што на тој начин ЈСП ќе стане атрактивно за приватизација.

image

И најсетне, жалам што г-нот Костовски сега се сети да ветува дека ќе се залага за намалување на цената на билетите на ЈСП на само 10,оо денери. Да го направеше тоа пред последните локални избори, или сите скопјани ќе гласаа за него, или никој, така што денес немаше некои од неговите гласачи јавно да се каат, или срамуваат што гласале за него, ниту пак истите ќе беа изложени на мајтапење од пеновци. Сепак, им благодарам на сите кои му дадоа шанса на г-нот Трифун Костовски да го видеме како политичар, инаку ако станеше член во било кој персонален состав на некоја македонска влада, Македонија ќе страдаше, така само скопјани си знаат на какво дереџе се што си имаат таков градоначалник.

image



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429826
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930