Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.07.2008 08:38 - Грдите глетки во Струмица
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 1227 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 02.07.2008 08:51


Првите масовни кражби на метални капаци и решетки од градската канализација во Струмица започна предоколу 6 години. Оттогаш Струмица на неколку пати беше предмет на специјана обработка на овие божемни собирачи на старо железо. Секако сегашниот градоначалник на Струмица во минатите две години секако се завзел за отстранување на опасностите кои демнат поради отворените шахти и сливници од градската канализација, но неприфатливо е сеуште да имаме опасно отворени шахти и сливници по струмичките улици.

image

Некои, како овие на фотографиите на улицата „Мито Хаџи-Василев Јасмин“, стојат непокриени толку долго што веќе се затнати со секаков „нанос“, па кога има врнежи по улиците се создаваат мали вештачки езера.

image

Друг акутен проблем на струмичани е уличното осветлување. На пример, по улиците „Младинска“ и “М.Х-В Јасмин“ и уличките околу нив секојденво минуваат околу 1/5 или 1/6 од струмичани, а истите се речиси сосема неосветлени.

image

За да ни биде Струмица убав град градскто осветлување не треба да блеска само по „булеваро“.

image

Убаво осветлени палми, фонтани со „лајт шоу“ од една страна, а од друга: отворени и запушени дупки од градската канализација во мрачни улици и улички со преполни контејнери, создаваат слика како да се работи за два града, едниот убаво уреден, другиот запуштен.

image

Засадените палми на отворено, доколку не измрзнат, во следните 5-6 години ќе станат посебно убави. Но, после 15-20 или 25 години овие долговечни растенија кои живеат до 200 години ќе измрзнат доколку во лутите струмички зими не бидат превземени посебни мерки за нивно презимување.

image

Неколку паднати украсни камења сега за сега не треба да се прифаќаат како индикатор дека изведувачот работи фушлерски.

image

Дали изведувачот работата ќе си ја заврши така како што треба ќе знаеме после првите зимски мразеви, кога ќе смрзне водата во фугите меѓу украсните камења, а дотогаш секако не смееме да носиме конечен заклучок за квалитетот на извршената услуга.

image

Во крајна сметка, ајде да прифатиме дека потрошените неколку илјада евра не се голем трошок извесно време струмичани да се фалат дека нивниот град го красат палми. Чаламџиството си има соја цена и тоа не го зачудува никој. Во случајов интрересна е волјата на градоначалникот да ја победи природата, да ги фасцинира струмичани како што Мусолини со својата борба против маларијата ги фасцинирал неговиоте следбеници. Таква желба имал и еден директор на претпријатието „Струмички Слив“ кој во средината на 60-тите години од минатиот век се пофалил дека со уредувањето на „поројо“ ќе ја победи ерозијата по околните струмички ридишта, но денес од таа волја да се победи природата имаме само еден одводен сегмент од канал кој поставен на високи столбови стрчи високо во празно, наместо да собира водата од поројните дождови кои се слеваат по двта околни рида.

image

На територијата на општина Струмица е и месноста Чам Чифлик (селото е изгорено од Грците во Балканските војни). Бидејќи сеуште не е завршена денационалзизацијата на земјиштетео од некогашниот атар на Чам Чифлик, поголем дел од тој простор е „под надлежност“ на Ј.П. „Комунлец“, што ќе рече „под ингеренции“ на градоначалникот Зоран Заев.

image

Се зборува дека градоначалникот Заев им дозволил на некои Турци од ѓупската маала во Стумица да ги масакрираат дабовите дрвја на Чам Чифлик. Наводно, заради благодарност за тоа што гласале за него. Незнам колку тоа е точно, но факт е дека во времето на предходниот градоначалник имаше двајца чувари од ЈП „Комуналец“ кои секојдневно совесно си ја извршуваа работата, а сега нема чувари на Чам Чифлик од ЈП „Комуналец“. Било како било, сегашниот градоначалник би можел да се ангажира месноста да биде пошумена.

image

Во оваа колиба на Чам Чифлик престојуваа чуварите на ЈП „Комуниалец“, а во неделите во текот на целата година се собираа струмичани љубители на староградски и даскалски (вмровски) песни. Сега зјапат празни. Пошумувањето на месноста Чам Чифлик ќе израдува многу струмичани.

image

И, најсетне, кој треба да се погрижи на Чам Чифлик да биде возобновен паметникот на македонските и бугарските партизани загинати во антифашистичката војна?

- Добриот градоначалник, зарем не?




Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429569
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930