Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.07.2008 16:59 - Вон центарот!
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 3033 Коментари: 0 Гласове:
0



5-ти март 2007 г.
„Ако сакаш да ја дознаеш вистината прашај го удбашот и верувај во спротивното“ – своевремено ме подучуваше еден од оние кои биле „Судени за Македонија“.

image

Колку пасоши има г-нот Љубчо Георгиевски? Досега, ниту потврдил, ниту одрекол дека има и „български паспорт“. Сигурно е само едно, дека има повеќе од еден пасош! Во синоќешната емисија на Васко Ефтов, мојот сограѓанин Илија Илиевски тврдеше дека во времето на СФРЈ 15 години работел за бугарското разузнавање.
– Абре, Иљо ме изнасмеа! Не бива толку моногу да лажеш. Партијата која ја формираше во 1990 г. се викаше „Партија људских права Југославије“. Тогаш, кога не убедуваше да станеме членови и „функционери“ во твојата партија, се фалеше дека си неспорен Југословен затоа што мајка ти била Србинка. Требаше да помине прилично време, на својата „партија-човек“ да и дадеш македонистичка декларација и да станеш „голем Македонец“ и „антикомунист“ кој најпрво се пролсави со изјавта дадена во повеќепартиски состанок во Штип на 05.09.1991 г. дека комунизмот треба да се удри „със варииъ“ (со токмак).
Според сега покојниот Д.Г. (близок пријател на И.Илиевски), за македонистичката промена Иљо Илиевски пресудна била тогаш последната средба на Иљо Илиевски со Слободан Милошевиќ, откако се уверил дека Милошевиќ го лажел кога му ветувал дека ќе се ангажира за денеционализација на имотот на неговата мајка Србинка.
Набргу потоа, со сега покојниот Д.М. се „утапавме од смев“ кога ми раскажуваше како Илија Илиевски побарал „български паспорт“, запишувајки во барањето дека мајка му била „моравска българка“.
Потоа, пак според кажувањата на сега покојниот Д.Г., следуваа вистински бурлески со Илија Илиевски во Бугарија, од кои, за мене најсмешна е последната епизода. Првата епизода од „славниот престој“ на Иљо Илиевски во Бугарија започнува со негово јавно претставување како голем и огорчен „български патриот од Македония“. Како “прв гражданин на Македония който взел бългаски паспорт“, тој е богато гоштеван, шетан (како мечка), облекуван по последната најскапа мода, за да на крајот, во некој скап софијски хотел да биде оставен само по гаќи, без облека, без пари... Абе Иљо, како неуспешен и „пензиониран“ удбашки ловец на „бугарофили“, зарем мораше и во емисијата на Васко Ефтов да се глупираше до тој степен „по службена должност“, или пак на Бугарите им се одмаздуваше што те оставија по гаќи и без пари во скапиот софијски хотел?

image

И бугарскиот „удбаш“ Божидар Димитров во сношната емисја на Васко Ефтов покажа дека не е попаметен од нашиот Илија Илиевски. Доказателство: Божо признава дека се залага за „р е б ъ л г а р и з а ц и я на българите в Македония“! Но, ако Македонците се Бугари, треба ли некој да ги р е б у г а р и з и р а? Или, кажано со други зборови: треба ли златото да се позлатува? Можеби Божо сакаше да му „реплицира“ на Киро Глигоров кој тврдеше дека „дебугаризацијата е завршена во Македонија“?

image

И Васко Ефтов не се покажа поумен од Божидар Димитров. Јавно ја лапна како клен фалбата (пропаганда) на Б.Димитров за големиот интерес на македонските политичари за бугарски пасоши (дали поради порачката од нарачателот на неговта емисија, или поради неговата лековерност не знам). Да му дадеше два куфери со фалсификувани македонски барања за бугарски пасоши заверени преку разни агенции и адвокати Ефтов ќе си ги земеше „здраво за готово“ и ќе ни покажуваше на телевизија како голем новинарско-разузнувачки трофеј.

image

Васко Ефтов покажуваше некакви нотарски записи во кои Македонци декларирале дека зеле бугарски пасош, не оти се чувствувале Бугари, туку од економски причини. Глупости, што ако во Софија истите потпишале нотарски записи во кои кои напишале дека таквите нотарски акти во РМ ги направиле под притисок на „удба“?

image

Божидар Димиторов си го извози на Васко Ефтов како мало дете, низ три чешми го помина, а вода не му даде да се напие. Не му ја окри тајната колку Македонци имаат земено бугарски пасоши, каков е навистина интересот на Македонците за бугарски пасоши, та „нашата удба“ и понатаму ќе мора да работи со свои луѓе за бугарскта политика како посредници за добивање на бугарски пасоши. Инаку „нашата удба“ нема начин да го дознае точниот број на Македонци и кои Македонци имаат земено бугарски пасоши. Сепак, ако ова мое доживување ја повредува суетата на Васко Ефтов, за утеха треба да се помири со тоа што Божидар Димитров е многу поедуциран за дотичната „проблематика“ од него. (Б.Димитов од обичен полуграмотен рибар станал врвен разунавач, го организирал крадењето и враќањето на оригиналниот ракопис на Отец Паисиј од Света Гора, одбранил докторска дисертација, станал универзитетски професор, научил строгрчки, латински и други јазици, истражувал во „Тајните архиви на Ватикан“ - тие архиви не се тајни само така се викаат, а таков спремен македонски историчар со познавање на старогрчки и латински за да истражува во „Тајните архиви на Ватикан“ нема. Ако не верува Васко Ефтов нека го праша нашиот историчар Тодор Чепреганов.)

image

Зоран Заев пак ја пропушти можноста да ја разреши дилемета која прозилегува од струмичкиот чаршиски муабет дека тој има грчки пасош и стан во Солун (наследен од чичко му, кој, според чаршијата, богатство за основање на штедилницата на неговиот покоен чичко било стекнато со српско-грчки шферц на нафта за воените потреби на режимот на Слободан Милошевиќ).

image

Неодамна во Стумица и струмичко МВР конфискуваат 87 „бугарски коли“ на македонски државјани кои истите ги возеле во РМ со некакаво „полномоштво“. Во струмичката чаршија се говори дека нарачаелот на ова акција за конфискување на „бугарските коли“ е токму Зоран Заев, не поради тоа што тој е познат како човек на кој му е под достоинсвото да има има бугарски пасоош, туку, поради тоа што на тој начин навистина државта Република Македонија губела огромни пари: - поради неплатена царина во РМ, неплатен данок, неплатени трошоци за регистрација, а сето тоа го поттикнувало и земањето на бугарски пасоши.

image

Но, според истите чаршиски муабети, целата на Заев да ја предизвика оваа акција на МВР всушност била со цел да предизвика револт кон Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кај семејствата и роднините на оние македонски државјани на кои им биле одземени нивните „бугарски коли“. Ако во таква шах-мат позиција ја ставил МВР, алал да му, навистина е добар сдмсмовски играч, затоа што кај „оштетените странки“ на кој им се одземени „бугарските коли“ има огромен револт: - зошто само во Струмица е направена таква акција; - зошто Греувски „нема гас“ тоа да го направи во т.н. Запдна Македонија каде се возат огроемн број „албански коли“; - зошто не ги намалат двачките на увоз на стари коли; - зошто регистрацијата на возилата е толку скапа; - илјада „зошто“ како израз на сериознен револт.

image

Во меѓусебното гугуткање на Ефтов и Заев за причините поради кои струмичани земаат најмногу бугарски пасоши во споредба со цела Македонија, отсуствуваше најсуштественото прашање: Зошто после легендарниот 15-ти септември, дури „цела села“ од струмичко (на пример како мноизинството од младите од с. Моноспитово) се иселија во Италија, та денес среде моноспитци се врти мајтапот дека Пјаченца е Ново Моноспитово?

image



Гласувай:
0
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 313988
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Септември, 2017  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930