Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.07.2008 18:09 - Летни партиски игри 2007 год.
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 1301 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 02.07.2008 08:56


Сезонски репертоар на албански јазик:
За ова сезона на македонско-албанските партиски игри, ДУИ и ДПА како национална коалиција изнесоа сложно само две барања: воведување на албанскиот јазик како вотор службен јазик во државните институции и задолжително состваување Влада на РМ „по Бадентер“, т.е. федеративното или конфедеративното уредување.

image

ДУИ декларираат дека се за: Македонија - Белгија на Балканот. А, во Белгија „нема абер“ од раздружување, исто и како во објаснувањето на мотивите на ДУИ за „воениот конфликт“. Та, нели Али Ахмети не убедуваше дека „воениот конфликт“ се разгорел затоа што тој не се согласил со предлогот на г-нот Љубчо Георгиевски за поделба на Македонија?

image

Дали новиот претседател на ДПА, г-нот Мендух Тачи прво се согласи, а после се пишмани, за последниот предлог на г-нот Љубчо Георгиевски за „спас на Македонија“ во реализацијата на идејата за Велека Албанија, засега останува енигма.

Со г-нот г-нот Арбен Џафери како претседател на ДПА бевме „на чисто“, не криеше дека се залага за најдобар соживот со Македонците затоа што само така може да се реализира неговата синтагмата за консезуална демократија, која значи само едно: Македонија - Чехословачка на Балканот. Во контекст на неговата искреност, нема основа да се сомневаме дека искрено згрешил кога го притиснал погрешното копче кога гласаше за недоверба на кабинетот на Премиерот Никола Груевски.

Сезонски репертоар на македонски јазик:

Римејк на СДСМ-овскиот евергрин: Шо ќе ми е држава, ако немам партија на власт?

Увертира: Поттикнувањето на ДУИ да го напушти Собранието на РМ не само што не ги даде посакуваните резултати за СДСМ, туку, дури ДУИ не гласаше за предлозите на „лицето Б.Ц“ за судскиот совет, иако тоа претходно му го ветил г-нот Али Ахмети. Токму поради ова ситуација на несупешна кохабитација, можеме уште сега да го поставиме прашањето: - на следните претсеателски избори за кого ќе гласа ДУИ? Одговорот на поставеното прашање секако зависи и од идната кохабитација меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

image


Чин први: Непријателот на мојот непријател е мој пријател, секогаш и на секаде. Колаборацијата на СДСМ со г-нот Мендух Тачи за реализацијата на идејата на г-нот Љубчо Георгиевски за „спас на Македонија“ во Велика Албанија, беше со цел г-нот Никола Груевски да оди на средба со г-нот Џорџ Буш како „детрониран“ премиер чија политика нема подршка од мнозинството пртеници во Собранието на РМ. Во СДСМ се надеваа во таа колаборација дека ќе покажат и докажат дека само СДСМ е способен да осигури политичко спокојство во РМ, а всушност се впуштија во акција за која немаат капацитет да ја контролираат. Резултат: пад на рејтингот на СДСМ, пад на рејтингот на НСДП со тенденција кон исчезнување, претварање на ВМРО-НП во „изгубен случај“, а раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Бинго и Џек Пот за г-нот Мендух Тачи.

Чин втори: Во СДСМ сметат дека не може да ги откријат оти играат прикаската: „Волк! Волк!...“, т.е. - ако креваме пискотници од Галичник до Гевгелија, белким ќе почнат граѓаните да ни веруваат.

Чин трети: Пуштање на старата грамофонска плоча: СДСМ се патриотите, а ВМРО-ДПМНЕ предавниците.

image

Несодветна реакција на СДСМ од резулататите во преговорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Содржината, евидентраната од „европејците“ и „американците“, за постигната согласност меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за поставување на дневен ред во Собранието на предлог закони или измени на закони стана достапна за лидерите и на другите партии. А, интелегентната лидерка на СДСМ несоновано го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со ДУИ склучил или потпишал некаков „Скопски договор“, кој, според измислиците на СДСМ, во суштина значел менување на Уставот на РМ. Соработниците и советниците на г-ѓа Шекеринска во случајот секако изумиле дека мнозинството од македонските граѓани не се толку глупави колку што си замислуваат во пропагандниот штаб на СДСМ. За менување на Уставот на РМ еден од условите е иницијаторот да има обезбедено 2/3 мнозинство или 80 пратеници. Не треба да си асистент на Машинскиот факултет во Скопје за да знаеш да собереш 38 + 16 + 11 = 65. Значи, ВМРО-ДПМНЕ со 38 пратеници, ДУИ и ПДП тогаш со 16 пратеници и ДПА со 11 пратеници, при здрав ум и разум, не можат ниту да помислат дека со 65 пратеника можат да го сменат Уставот на РМ. Деновиве изгледа пропагандниот штаб на СДСМ ја разбра народната поговорка: „Брза кучка, слепи кучиња раѓа“ па г-ѓа Шекеринска веќе не се обидува да манипулира со нивната глупава измизлица наречана „Скопски договор“. Затоа лидерката на СДСМ избега од поканата за лидерската средба со г-нот Груевски на која беше поканета пред јавноста „да му го тресне по нос“ нејзиниот „Скопски договор“. Ама, сега не може ниту таа, ниту пратениците на СДСМ да избегат од иницијативата на г-нот Оровчанец за веќе закажаната в понеделник итна седница на Собранието на РМ на која г-нот Грувески ќе го демистофицира „Скопскиот договор“ измилсен од пропагандната кујна на СДСМ.

image

Не помала грешка на пропагандниот штаб на лидерката на СДСМ беше тврдењето дека имало таен договор ВМРО-ДПМНЕ и ДИУ, небаре законите тајно се носат во Собранието на РМ. Ако беше така тајно како што тврди СДСМ, тогаш за новиот деловник како СДСМ првиот пат поднесе околу 3000 амандмани, а сега околу 2000 амандмани? Дали од ЦИА, дали од КГБ, ѓ-та Шекеринска го дознава „тајниот“ дневен ред на Собранието составен согласно измислениот од неа „Скопски договор“?

Следствено, само по себе се наметнува и пашањето: - кој има „детска градинка“ околу себе, г-нот Груевски, или г-ѓа Шекеринска?

Најзначајните престави од летните партиски игри допрва ќе се одиграт. Сега за сега навистина нема криза на македонската политичка сцена. Сериозните сценарија за унапредување на „конзенсзуалната демократија“ и постановките меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за повисок рејтинг се играат демократски. Нестрпливоста на странската жири комисија поскоро да го види крајот на овие летни политички игри потврдува дека најпопуларните партии успеваат да ја „држат публиката будна“. Во тоа, освен ДУИ и ДПА, особено се трудат СДСМ и „лицето Б.Ц“ кои секогаш мајсторски играт без било какви национални предрасуди.

image

Како и во минатото, така и во овагодишната летна сезона на партиски игри, домашната публиката (како позначајна од странската жири комисија), непристрасно ќе оцени кој политичар колку успешно и зошто го одиграл Итар Пејо, Насредин Оџа, Баба Рога, Борат или Мистер Бин.

Види: Есенски партиски игри



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429631
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930