Постинг
01.07.2008 18:26 -
Призна уште една грешка
Непризнатиот од сите актуелен претседател на РМ, г-нот Бранко Црвенковски си призна уште една своја грешка, која и не е некоја голема грешка, ама поради неа се чувствувал понижено, а ја понижил и РМ. Демек, непотребно се одзвал на последната покана од амбасодорката на САД г-ѓа Џулијан Миловановиќ и претставникот (амбасадорот) на ЕУ во РМ г-нот Ерван Фуере.
Умешните дипломати навистина најдоа убав и учтив „повод“ на својата „приватна забава“, на која беа поканети сите најзначајни политички „репрезентативци“ на РМ, да им одржат „политички час“ на дел од своите гости. Да беше фален, а не укоруван, г-нот Бранко Црвенковски секако немаше јавно да тврди дека згрешил што присуствувал на оваа „советување“ за функционирањето, или нефункционирањето на т.н. независно судство во РМ со кое тој и СДСМ се фалеа на претходните избори.

Няма коментари
Търсене
За този блог
Гласове: 131