Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Няма описание.
Автор: papata1962 Категория: Политика
Прочетен: 428801 Постинги: 132 Коментари: 311
Постинги в блога от Декември, 2008 г.
Какво ни е судството, здраво или лудо? image

image

Шекеринска и Бендевска секако не се поласкани од „комплиментите“ на Латас кои тој им ги подели инспириран од гардеробата на првата и „силиконските усни“ на вторта. Ме чуди зошто не поднесоа приватни тужби против Латас?
image
в-к „Денес“ (Скопје, 05.12.2008)
Категория: Политика
Прочетен: 1958 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 23.12.2008 21:39

Си бил еднаш еден цар. Од пород си имал само една ќерка. Таа станала убава мома. Еден ден, царот ја прашал ќерка си кога ќе се мажи. Му рекла:

- Татко јас барам маж со два... Ако најдам таков ќе се мажам. Ако не, ќе си останам стара мома.

image

Царот си рекол, срам не срам, ќе објавам каков зет бараме. Ако се јави некој мајтап да си тера, ќе го погубам. Откако царот разгласил каков маж бара за зет, наследник на царскиот престол, поминало многу време. И, штотуку си помислил дека умот не ќерка му никогаш не ќе ѝ дојде,  ете ти го овчарот кај царот и му вика:

- Честити царе, јас ќе ја кандисам твојата ќерка да се мажи за мене.

- Абе, имаш ли ти два?

- Немам.

- Штом немаш веднаш ќе те погубам. Стража!

- Аман царе! Пред да ме погубиш пушти ме кај принцезата да и кажам два збора, ако не кандиса да се мажи за мени, веднаш погуби ме.

Царот се задумал оти му било многу мака што ќерка му сеуште не е омежена и му позволил да оди да ѝ каже два лафа. Влегол овчарот  кај принцезата и рекол:

- Принцезо, слушнав дека си барала маж со два. Верно ли е?

- Ми, верно е. Ти да немаш два?

- Имам. Ама сега едниот не е со мене. Не го понесов со себе, оти не знаев дали е верно дека бараш маж со два.

- Е, ајде да одиш да си го зeмеш и другиот па отпосле да дојдеш кај мене.

- Ќе си врвам штом така сакаш. Ама да знаеш оти многу ќе се начекаш додека да дојдам пак. Оти, едниот му го позајмив на голобрадиот попот. Тој кутриот немал ниту еден. Без да ми го врати заминал на аџилак. Ќе помине многу време дур не се врати од аџилак. А јас сакам да си женам поскоро. Ти, ако сакаш да го пробаш тој што го носам со себе? Па, ако го бендисуваш да го чекаме голобрадиот попот да се врати да го видиш и другиот дали те бендисува. А, ако не ти се бендисува овој што сега го имам при мене што ќе ти е другиот? Та, јас отсега да си барам друга жена.

Се задумала малку царската ќерка и кандисала да го проба тој што со себе го носел овчарот. Се замандалиле во одајата, цел ден не излегле од таму. И’ се аресало и му рекла на овчарот:

- Штом овој е добар, другиот каков и да е, овој ќе врши работа. А голобрадиот поп дур не се врати ќе помине многу време. Ајде ние да си се земеме, па отпосле ќе го пробаме дуриот.

Царот се израдувал што царштината ќе си има наследник. Направиле голема свадба. Поминале неколку месеци од свадбата и еден ден царот на овчарот му рекол:

- Ајде зете да ти ја покажам царштината, да видиш еден ден кога ќе станеш цар со каква царштина ќе управуваш.

Трганале царот и зет му да ја разгледат царштината, а царштината била ептен пространа. Принцезата по заповед на царот останала дома. Ама, оти царот и нејзиниот маж се задржале долго, на царската ќерка ѝ се присакало моногу, та почнала да си мисли што си го пуштила мажот сам да шета по царштината без да си го змеме од голобрадиот поп тоа што му го дал на заем. И додека така тагувала, еден ден разбрала оти голобрадиот поп се вратил и заповедала веднаш да го доведат кај неа.

- Абе попе, ти знаеш каков маж јас барав?

- Еми, знам.

- Е, таков си најдов. А ти знаеш што вели Господ, тоа што е сопственост на жената откако ќе мажи станува сопственост на мажот, а тоа што е на мажот, веќе не е негово, туку на жена му.

- Така вели Господ, верно думаш, ама не знам што сакаш да ми кажеш.

- Море попе не се прави чукнат, ти знаеш што си зел на заем од мажот ми, барам да ми го вратиш веднаш.

- Ама ништо не сум зел на заем од мажот ти....

Царската ќерка се налутила и му се развикнала:

- Ти си немал ниту еден, маж ми оти имал два ти позајмил еден да се служиш со него дур не ти го побара да му го вратиш. Ја давај го оти веќе не можам да чекам да се врати од прошетката по царштината, или да заповедам да те одведат во зандана?

Голобрадиот поп видел - не видел се согласил да и го даде неговиот на царската ќерка. Откако свршиле работа, царската ќерка му заповедала да го остави тоа што го позајмил од нејзиниот сопруг, а тој да си врви дома при попадиката. Ама, голобрадиот поп и рекол дека само тој може да го врати тоа што тој го зел на заем, та царската ќерка му заповедала да иде при неа секој ден додека не се врати нејзинот сопруг од прошетката по царштината.

image

Така, еден ден се вратиле дома царот и неговиот зет. Откога пристогнал дома царскиот зет веднаш ја повикал сопругата во одајата, ама таа налутена му се развикала:

- Абе ти ептен будала си бил! Што ако имаш два, кога поубавиот си го дал на заем? Врви веднаш кај попот да  си го земеш и без него дома да не си идеш!

Категория: Политика
Прочетен: 1861 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 30.12.2008 17:10

Викендов три македонски неделници се занимаваат со прашањето кој е биде следниот Претседател на Република Македонија?

image

image
image

Во контекст на тоа, се наметнува прашањето: дали „господинот Црвенковски“ ќе се кандидатира на следните избори за Претседател на Република Македонија? Прогнозирам дека одговорот зависи од тоа кој ќе му биде најсериозниот ривал. Ако Сеѓан Ќерим биде кандидатиран од владеачкаа коалиција, „г-нот Црвенковски“ нема да се кандидатира (патем, се говори дека Срѓан Ќерим е кум на г-ца Радмила Шекеринска Јанковска). Но, ако на изборната трка се натпреварува со брат Љубе, а особено со вицепремиерот Зоран Ставревски, убеден сум дека  „г-нот Црвенковски“ нема да му одолее на предизвикот.
Категория: Политика
Прочетен: 1196 Коментари: 0 Гласове: 0
Што е дезинформација, прашала учителката. Малиот Иванчо одговорил: „Јас ќе кажам дека сестра ти е курва, а ти докажи дека немаш сестра“.

image

Превземено од информационата агенција „Фокус“.

Дезинформацијата по се изгледа е наменета заради повторно вооружување на Албанците во Република Македонија?
Категория: Политика
Прочетен: 1140 Коментари: 0 Гласове: 0
image

Лазо Младенов, претседател на БКК во Скопје  

М Е М О Р А Н Д У М

од Бугарскиот културен клуб – Скопје во врска со

спорот за името меѓу Македонија и Грција

Испратено до:

Претседателот на Република Македонија;

Премиерот на Владата на Република Македонија;

Министерот за надворешни работи на Република Македонија;

Претседателите, премиерите и министрите за надворешни работи на Албанија, Австрија, Белгија, Бугарија, Кина, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција, Велика Британија, САД преку амбасадите на соодветните земји;

Претседателот на Европската Комисија преку г-н Erwan Fouere;

Претседателот на ООН и г-н Matthew Nimitz преку г-ѓа Maria Luisa Silva Mejias од канцеларијата на ООН во Македонија;

Генералниот секретар на НАТО преку генерал Стојан Генков од канцеларијата на НАТО во Македонија;

Претседавачот на ОБСЕ преку амбасадор Giorgio Radicati од мисијата на ОБСЕ во Македонија;

Медиуми; [Не се наведени медиуми. – Забелешка Albo.]

I. Вовед

На последниот НАТО самит одржан во Букурешт, Романија, Република Македонија не беше поканета да стане членка на НАТО како резултат на спорот со името, кој беше наметнат од Грција на меѓународен план.

Бугарскиот културен клуб – Скопје има мнение дека со ова Грција се стреми да добие меѓународна верификација за нејзината долгогодишна политика на денационализација, терор и културна асимилација против македонските Бугари.

Овој меморандум за своја основа го зема документот „Кипарскиот проблем и Македонија – Експозе за грчкото потиснување на нејзините малцинства“, подготвен од делегатите на 35-тата МПО конвенција одржана во 1956 год. во Питсбург, САД, како и „Бугарската политика спрема Република Македонија“ од професор Љубомир Иванов, претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија и претседател на фондацијата Манфред Вернер. Меморандумот има цел да ги запознае меѓународната заедница за вистината на Македонија и да даде свои препораки за стабилноста на Балканскиот регион.

II. Историска основа

Македонското прашање беше воведено на меѓународна сцена по Берлинскиот договор, кој беше ревизија на Сан-Стефанскиот договор. Формирањето на Македонското ослободително движење беше последица на Берлинскиот договор и се стремеше за слобода на сите луѓе во Македонија кои по Берлинскиот договор останаа под турско ропство. Слоганот на Македонското ослободително движење беше „Македонија на Македонците“, идеал кој се засноваше врз демократски принципи, каде што слободата и човековите права би биле гарантирани за сите етнички и религиозни групи – Бугари, Грци, Албанци, Турци, Власи, Евреи итн.

Овој широк мулти-етнички концепт за конституирање на географскиот регион на Македонија како Швајцарија на Балканот беше искрено понуден на македонските Грци. За жал, Атина не го прифати овој мирољубив концепт, туку ја претпочиташе „мегали“ идејата за голема Грција. По Букурешкиот договор, 51% од македонската територија беше анексирана од Грција. Започнувајќи од 1913 година, политиката на континуирано етничко чистење, протерување и присилна асимилација беше применувана врз Бугарите кои беа доминантна етничка група во анексираниот дел. Во додатоците кон овој меморандум се дадени некои факти за политиката на Грција и Србија кон македонските Бугари.

Од 1912 година па до 1922 година во јужна Македонија, Грците беа 220,000 во споредба со 350,000 Бугари и десетици илјади Власи. Нема да се впуштаме во детали со тоа што ќе се повикаме на статистика составена од компетентни и авторитетни учени и образовани нации. Само би рекле дека и турските статистики ги потврдуваат нашите тврдења. По 1922 година, грчката влада насилно ги пренесе во Македонија грчките бегалци од Мала Азија. Протерувањето на Бугарите и Власите од нивните вековно стари населби и домови не е постапка на правичност и уште помалку морална постапка; тие си уште имаат ревносна желба да се вратат во нивната татковина, под услов дека им се загарантирани слободата и демократскиот начин на живот.

Сведоштвата дека Бугари живееле во јужна Македонија се многубројни. Многу од овие сведоштва се од грчки извори. Тука, ние ќе дадеме внимание само на некои од нив кои се од меѓународен политички карактер, занимавајќи се со проблемите на бугарските жители од Македонија:

1.Во 1876 година, амбасадорската конференција на Големите сили во Константинопол одлучи да создаде во границите на Турција, две автономни провинции со „предоминантно бугарско население“. Во западната провинција, со Софија како нејзин главен град, речиси сета Македонија беше вклучена. Големите сили кои учествуваа на оваа конференција беа: Австро-Унгарија, Англија, Франција, Германија, Италија, Русија и Турција.
 
2.Во 1859 година, Бугарите од некои места во Македонија, особено оние близу до градот Кукуш, сместен 65 километри од Солун, испратија петиција до Папата, барајќи да бидат примени под покровителство на Католичката црква. Тие повеќе не можеа да го издржат духовниот јарем и асимилациониот процес на Грчката православна црква под која ги постави султанот на Турција, заедно со други балкански народи пред пет векови. Примајќи ја нивната петиција со добра наклонетост, Папата веднаш ги увери дека тие ќе бидат во можност да имаат бугарски свештеници и исто така ќе им биде дозволено да го употребуваат бугарскиот јазик во црковната служба. Документите кои се однесуваат на овој специфичен настан се познати на сите учени кои, повеќе или помалку, изучувале балканска историја.

3.Си до 1767 година во градот Охрид (југозападна Македонија) суштествуваше Охридската бугарска архиепископија, позната низ балканската средновековна историја. Таа беше признаена со оваа титула дури и од грчкиот патријарх од Константинопол. Во претходно споменатата година, преку интриги и инсистирање од страна на грчкиот патријарх, Бугарската архиепископија во Охрид беше укината од турската власт. До 1767 година, исто така, некои од црковните достоинственици во јужна Македонија беа именувани како „бугарски“. Еден од нив е владиката на Костур; тој беше духовниот водач на најјужниот дел на Македонија кој се граничи со Тесалија.

4.Сите сведоштва на протестантските религиозни мисионери во Македонија, во втората половина на XIX век, зборуваат само за Бугари, а не за други славјани во јужна Македонија. Два мисионерски весника објавувани во тоа време, „The Missionary News From Bulgaria” и „The Missionary Herald”, особено се богати со документација. Информациите обезбедени од протестантските мисионери елоквентно зборуваат за енергичните напори направени од грчката црква да го грцизира бугарското население во Македонија.

5.Во 1870 година султанот на Турција објави декрет (ферман) со кој му даде на бугарскиот народ право да организира своја национална црква на чие чело ќе биде егзарх. Членот 10 од ферманот набројува епархии кои Бугарскиот егзархат би имал право да ги содржи. Една од овие епархии е велешката, која го опфаќа центарот на Македонија.

Овој декрет, исто така, содржи одредби со кои други бугарски епархии можат да бидат формирани. За да се основа нова епархија, потребно е дво-третинско мнозинство за секоја предметна провинција. Сите Бугари од Македонија, јужно дури до Тесалија, гласаа за нивниот национален бугарски егзархат. Важно е да се наведе дека во борбата против грчката црква, која беше почеток на бугарското национално в’зраждане, Бугарите од Македонија зедоа значаен дел. Како што веќе беше споменато претходно, во македонските области, кои беа поставени под грчко владеење во 1912 година, имаше 378 бугарски цркви.

6.На 5 август 1913 година, членовите на Американската протестантска мисија на Балканот им испрати на Големите сили протест за ситуацијата во Македонија чија територија беше окупирана од Србија и Грција. Во протестот беше нагласено изјавено дека најголемиот дел од македонското население по потекло и јазик е неразделив дел од бугарскиот народ. Во еден негов дел се тврди дека: „Библијата беше преведена на современ говорен бугарски јазик и беше распространувана низ цела Бугарија, Македонија и Тракија“. Исто така, јазикот на кој се проповеда на „сите собирни места е бугарскиот“.

Ова писмо беше потпишано од следните истакнати мисионери: J. F. Clarke, доктор по теологија, мисионер во Европска Турција за 54 години, J. W. Baird, доктор по теологија, мисионер во Европска Турција за 40 години и Robert Thomson од Единбург, мисионер за 30 години во Константинопол и Европска Турција.

7.На 11 декември 1918 година, беше испратена телеграма [Не е наведено од кого е испратена телеграмата. – Забелешка Albo.] до Претседателот на САД, Woodrow Wilson, од членови на Бордот на американски мисионери, Leroy F. Ostrainder, Lyle W. Woodruff и H. E. King. Тие го истакнаа фактот дека голем дел од популацијата на Македонија е бугарска по потекло, јазик, обичаи и формира неразделив дел од бугарската нација чија територија се протега од Скопје и Охрид, па си до Драма.

8.Постоењето на странски училишта во Македонија чии ученици беа Бугари е самото за себе сведоштво дека таму живееле етнички Бугари. Едно од најпознатите странски училишта во Македонија беше средното училиште Zaytinlak, близу Солун. Во него беа вработени француски учители од Редот на лазаристите. Ова угледно училиште беше затворено веднаш откога Грција ја окупира јужна Македонија.

9.Меѓународната комисија за истражување, која што ја спроведе нејзината работа на Балканот во името на Карнегиевата фондација за меѓународен мир, издаде во 1914 година том во врска со резултатите од своите истражувања под насловот „Извештај на Карнегиевата меѓународната комисија за истражување на причините и водењето на Балканските војни“. Авторите на овој Извештај зборуваат единствено за Бугарски Славјани кои живеат во Македонија вклучувајќи ги и јужните области, сега завладеани од Грција. Комисијата не споменува други славјански групи. И покрај тоа што истражувачката Комисија не дејствуваше под закрила на Големите сили, заради авторитативниот карактер на нејзините членови, нејзиниот Извештај ќе остане важен засекогаш. Следните лица беа членови на Комисијата: Австрија – д-р Joseph Redlich, професор по јавно право на Университетот во Виена; Франција – Baron d’Estournelle de Constant, сенатор, Претседател на Комисијата, г-н Justin Godart, правник и член на Комората на пратеници; Германија – д-р Walter Schucking, професор по право на Университетот во Марбург; Англија – Francis W. Hirst, Esq., уредник на The Economist, д-р H. N. Brailsford, новинар; Русија – професор Paul Milyukoff, член на Думата; САД – д-р Samuel T. Dutton, професор на Teachers’ колеџот, Универзитет Колумбија.

10.На 29 септември 1924 година, Калфов и Политис, во името на Бугарија и Грција, потпишаа протокол за заштита на бугарското малцинство во Грција. Протоколот, исто така, беше потпишан од Секретарот на Друштвото на народите. Друштвото на народите сметаше дека постигнатиот договор е голем успех. Но, Грција не успеа да го почитува својот потпис, па на 14 март 1925 година Друштвото на народите, преку специјален предлог, ја осуди нејзината постапка.

 11.Во 1924 Друштвото на народите испрати меѓународна комисија да ја востанови вистината за убивањето на 14 Бугари близу до селото Тарлис, во Македонија под грчко владеење. Масакрот, извршен од грчките власти, се случи на 27 јули 1924 година, а тоа е едем месец пред да истече периодот на емиграција. Било очигледно дека грчките власти се надевале да ги заплашат бугарските жители и да ги присилат да емигрираат.

Меѓународната комисија, која ја утврди вината на грчите власти, беше составена од следните лица: M. de Roover, Претседател на комисијата и делегат од Белгија, полковник Corfe, делегат од Англија, двајцата претставници од Друштвото на народите; градоначалникот Sanders, главен на Поткомитетот за емиграција стациониран во Солун, и M. Lagrange, Белгиец, секретар на мешовитата комисија. Таму, во дополнение, беа и грчкиот министер Tsorbadzis, делегат од Грција и г-н Робев, делегат од Бугарија.

III. Република Македонија

Македонската нација се формира како реализација и еволуција на српска политичка конструкција, објавена за прв пат во 1889 година, поддржана со едно решение на Комунистичката интернационала во Москва во 1934 година и остварена после 1944 година во делот на историско-географскиот регион Македонија (околу 36% од нејзината вкупна територија), познат како Вардарска Македонија, вклучен во територијата на Југославија и управуван од Комунистичката партија на Југославија. Македонистичката доктрина беше наметната во Вардарска Македонија со специфичните методи и средства за една тоталитарна комунистичка држава: терор и репресии врз луѓето кои се сметале Бугари (30000 стрелани и 120000  испраќани во логори и затвори), пренапишување на историјата преку образованието и медиумите; фалсификување на автентични документарни свидетелства и артефакти, и преправување на историските споменици (натписи врз цркви, манастири, гробови и слично).

Од времето на нејзината независност во 1990 година, Република Македонија си уште живее со концептот на Тито за посебен македонски народ што беше применувано со сила за време на српската доминација во Југославија. По распадот на Југославија, овој концепт продолжува да ги држи политичарите и многумина од граѓаните на Република Македонија - жртви на вештачки историски интерпретации за нејзиното потекло и наследство. Република Македонија и посебно македонските Бугари се жртви на историски фалсификати наметнати од Србија и Грција, кои можат секогаш да го дестабилизираат балканскиот регион.

Со други зборови, во условите на независност, утврдувањето на посебна македонска нација продолжи не врз основа на признавање и прифаќање на вистинското историско минато на населението на Вардарска Македонија, тука врз претходната основа на фалсификување на тоа минато и проектирање на процеси, поврзани со одредена територија и одреден период (Вардарска Македонија во рамките на Југославија, 1944-1991 година) во други територии и други времиња. Доколку историјата на населението на Република Македонија има нешто заедничко со историјата на соседните земји, овој проект на пренапишување на историјата (назад до В`зраждането, средновековието, па дури до античноста) со цел да се нагоди историската национална идентичност на населението на Република Македонија на денешната, директно ја погодува и во суштина се обидува во некој степен да ја предефинира историската, а оттаму и современата национална идентичност на соседните народи - и најмногу бугарската - нешто што нормално тие народи го сметаат за категорично неприфатливо.

Грција пак, од своја страна не случајно и не без сметка го отвори спорот околу името, со што им фрли ракавица не само на Република Македонија, туку истовремено и на НАТО, на Европската заедница, на ООН, на САД и Русија. Проблемот е во тоа што ниту НАТО, ниту Европската заедница, ниту ООН успеаа да ја разберат оваа византиска игра на Грција. Со вака режираниот спор за името, Грција се стреми уште повеќе да ја зацврсти позицијата на Владата на Република Македонија околу македонскиот идентитет (но строго на антибугарска основа и, се разбира, со помош на теоријата за потеклото од Александар Велики), кое што истовремено значи и запазување на српската контрола врз политиката, историјата, духовноста во нашата млада држава и одвраќање од евентуалното зближување меѓу Република Македонија и Република Бугарија. А тоа пак значи Република Македонија да влезе во евроатлантските структури заедно со Србија и тоа кога Грција ќе реши дека е најзгодно за неа. Многу индикации говорат дека Грција  има и план Б: распаѓање на Македонија по етничка линија со македонските Албанци и нејзина поделба на тој начин што Грција и Србија повторно да се соседни држави кои што ќе граничат помеѓу себе.

Парадоксот е во тоа што Грција спротивно на своите декларации за решавање на спорот, всушност многу го посакува тврдиот и непопустлив став на владата на Република Македонија!

 IV. Заклучок

Не постои валидна правна оправданост за Грција, заснована на поседувањето на дел од географската област Македонија, да бара некакви права со кои ќе го диктира името на остатокот од Македонија, каде што живеат граѓани кои ја избрале политичката судбина да бидат независни. Од правна гледна точка, името на една независна земја стои повисоко од името на провинција во друга земја. Релевантен пример: Бугарија има провинција која се нарекува „Пиринска Македонија“ меѓутоа, сепак, Бугарија ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име.
 
Исто така, не постои валидна историска оправданост за Грција да ја наметнува употребата на името „Славо-Македонци“ и покрај тоа што грчката наука многу добро знае за кој народ станува збор. Тоа е уште еден доказ за политиката на денационализација која се применува од страна на Грција и вообичаено оди во чекор со „античката теорија“ дека потеклото и наследството на граѓаните на Македонија е поврзано со Александар Велики.

Дека оваа теорија има длабоки корени во грчката политика кон Македонија, може да се забележи од обраќањето на митрополитот Каравангелис кон Коте од Рулја, кој е извршител на убиството на борецот за слобода Лазар Поп Трајков. Во своите спомени насловени како „Македонската борба“, митрополитот Каравангелис пишува:

„Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. Затоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки.“

Денес, грчката политика мудро ја користи оваа теорија: од една страна, подарувајќи ја како „данајски дар“ на пост-комунистичка Македонија и, од друга страна, искористувајќи ја сред меѓународните влијателни кругови како изговор дека Република Македонија ја краде грчката историја; и дека има територијални претензии кон Грција. Според тоа, ако се земе предвид дека Грција е најголемиот увозник на оружје во светски рамки за 2007 година (Financial Times, 16 април 2007 година), логично е да се постави прашањето дали ова  не е подготовка на политичка агресија (претензија над името е претензија за земја – Nomen est Omen), за „легитимна“ закана со оружје.

Од тие причини, ние и’ препорачуваме на Македонската влада:

1.да ја промени преамбулата на Уставот на Република Македонија така што сегашната формулација ќе се замени со одредбата дека „Република Македонија е држава која припаѓа на сите нејзини граѓани“.

2.да ја напушти својата доктрина дека граѓаните на Република Македонија се потомци на Александар Велики. Александар треба да биде оставен како културно наследство на сите држави на Балканот, а не да е основа за создавање на национални доктрини.

3. да го реформира образовниот систем во кој историјата ќе се предава врз основа на автентични историски документи, а не политички и идеолошки интерпретации.

4.да гo земе предвид фактот дека Бугарите од Вардарска и Егејска Македонија, според принципите на Општеството на народите во Женева, до 1944 година беа третирани за бугарско национално малцинство во Југославија и Грција.

5. во преговорите со Грција да ги земе предвид:

- конвенцијата за размена на бегалци од 1919 склучена меѓу Грција и Бугарија;

- договорот Калфов-Политис од 1924 година за заштита на бугарското малцинство во Грција;

- финансовата спогодба Молов-Кафандарис од 1927 година која ја прецизира претходно споменатата конвенција;

- согласноста на двете страни, Бугарија и Грција, од 1963 година, дека спорните прашања за размената на бегалците, поврзани со горните спогодби, и претензиите за имоти што произлегуваат од нив, се разрешени со еден сеопфатен договор.

6. да ги зацврсти економските и културните врски со сите соседи, особено со Бугарија и Албанија, без наследените предрасуди од историјата, и да го усвои и примени бугарското искуство кон членството во НАТО и ЕУ.

7. да го признае независно Косово колку што е можно порано и да поднесе молба до НАТО за стационирање на американски, бугарски и турски НАТО трупи на границата со Косово и Србија.

Истовремено, ние и’ препорачуваме на Република Бугарија:

1. да продолжи да ги поддржува идеалите на ВМРО за слободна и независна македонска држава.

2. да земе активно учество во „спорот“ со името и да го разјасни етничкиот карактер на Македонија на релевантните меѓународни организации и посебно на меѓународното дипломатско и академско општество.

3. како член на Европската Унија, да се грижи за заштитата на човековите права на Бугарите во Грција, заштита на бугарските топоними, да помага за основање на бугарски училишта и реконструкција на старите бугарски цркви и бугарски гробишта.

Нашето искрено убедување е дека името Република Македонија е единственото можно решение за спорот со името, под услов дека се загарантирани правата и можностите на македонските Бугари и на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.

Во изложувањето на овој меморандум, ние искрено се надеваме дека високите места до кои тој се испраќа, ќе направат во името на балканската стабилност, човековиот углед и христијанските принципи си што е можно за да се зачува името Република Македонија и историската вистина за нејзиниот народ.

Искрено ваш,

Лазар Младенов

Претседател на Бугарскиот културен клуб - Скопје

Додаток А

Непријателскиот однос кон бугарското и влашкото малцинство во Грција беше целосно манифестиран од Грчката православна црква. Додека Македонија си уште беше под турско ропство, а тоа е пред 1912 год., грчката црква беше таа која го охрабруваше и дури го проповедаше како божествено дело уништувањето на бугарското и влашкото население. Неуспевајќи да го грцизираат христијанското население преку црквата, грчките митрополити ги контактираа воените офицери од грчката армија со цел да се организираат и испраќаат грчки вооружени банди против бугарското и влашкото население во Македонија. Грчиот митрополит Германос Каравангелис од Костур, ги покрстуваше овие грчки терористички банди во името „војници на Христос“. Во јужна  Македонија само за време на 1904 и 1905 година, 1039 Бугари исчезнаа како резултат на грчкиот тероризам, инспириран и благословен од грчките митрополити. Многу Власи исто така исчезнаа. Само во бугарското село Загоричани, во напад извршен на 25 март, 1905 година, од страна на грчка банда заштитена од митрополитот Каравангелис беа масакрирани 60 селани, 7 сериозно ранети и опожарени 28 куќи. Има и многу други сведоштва кои покажуваат дека грчките банди беа поставени во Македонија од грчката влада. Во книгата, „Мојата мисија во Русија“, том 1, страна 64, познатиот англиски дипломат George Buchanan дава сведоштва за тоа.

Кога големиот македонски бунт избувна во август 1903 година против турското владеење, претходно споменатиот митрополит од Костур, Каравангелис, отворено стана сојузник со турските воени и цивилни власти против христијанските бугарски и влашки бунтовници. Тој дури и дозволи да биде фотографиран заедно со турските цивилни и воени лидери од регионот на Костур и ја охрабри нивната анти-христијанска акција. Веќе позната денеска, оваа фотографија нема и во иднина да ја изгуби својата ценост како историско-документарен доказ и од тие причини ја вклучуваме во овој меморандум.

Првиот странец кој ја забележал фотографијата А закачена во канцеларијата на турскиот кајмакам (префект) на градот Костур, Македонија, е познатиот англичанец д-р H. N. Brailsford. Како резултат на споменатото востание, мноштво бугарски села и градови во јужна Македонија биле уништени од Турците. Д-р Brailsford заедно со добротворна група на Англичани ги посетил овие села и градови со цел да распредели успокоение за страдалното население. Тој останал таму за некое време и составил студија за условите во Македонија. Како резултат на ова студија и набљудувањата, д-р Brailsford во 1906 година го издава својот автентичен труд: „Македонија: нејзините народи и нејзината иднина“.

За неговата втора средба со грчкиот митрополит од Костур, Каравангелис, д-р Brailsford на страниците 193-194 во овој труд пишува:

„Се сретнавме уште еднаш овојпат во конакот на турскиот кајмакам и уште еднаш една фотографија ми го привлече погледот. Таа прикажуваше турски власти во свечени униформи како стојат околу турски топ и во нивната средина, симпатичен, забележителен, со изглед на господство и командување, беше лично митрополитот. Потоа се сетив на друга приказна која зборуваше како неговата милост ги испраќала неговите наемници да ги предводат турските трупи во нивниот масакар и го благословувал топот кој ги разрушувал бугарските села до прав.“

Нема да биде бесполезно да се спомене тука дека митрополитот Каравангелис и неговата црква беа во сојузништво со најзаостанатиот турски режим, против кој и самите Турци два пати востануваа за да се ослободат од него (во 1908 и 1920-22 година).

На истата страна од споменатата книга има опис на она што д-р Brailsford го видел во собата на митрополитот (фотографија Б). Тој пишува:

                „За пет минути тој се потврди себеси за философ. За десет минути се призна себеси за слободоумник... Но таму, над мојата глава, на забележливо место на ѕидот висеше фотографија на ужасна глава до врат, со куршум низ челуста, капејќи крв. И тогаш се сетив на приказната. Таа глава припаѓала на бугарски началник. Банда на наемници од групата на митрополитот го убила додека тој лежел ранет во скривалиште. И приказната продолжи со тоа како убијците го донеле крвавиот трофеј до палатата, и како митрополитот ја фотографирал и ја платил нејзината цена од педесет парчиња злато. И таму, над мојата глава висеше фотографијата. Некако, ние запревме да говориме за морална филозофија.“

Д-р Brailsford, прославен писател и социолог, ужива заслужен престиж во Англија.

Со толку многу пројави на нехристијански постапки од страна на грчкото свештеништво, би било апсурд да се очекува дека тие би преземале одбрана на угнетуваните малцинства во Грција или барем на бугарските и влашките свештеници кои беа прогонувани, измачувани и убивани. Никаков протест не беше направен од кој било во хиерархијата на грчката црвка кога архимандритот Евлогиј, бугарски црковен достоинственик од Солун, беше жив фрлен во Белото Море од грчките власти во 1913 година.

Заедно со неколку стотици водечки Бугари од Солун и околината, архимандритот Евлогиј (роден како Спиро Светиев во познатата бугарска фамилија Светиеви од Битола, која што дала видни доктори и инженери во градот, како и градоначалникот на Битола во периодот 1943-1944 година - г-н Христо Светиев) беше предвиден од грчките власти да биде протеран на некој од нивните Егејски острови. Вознемирени од овој славен бугарски црковен достоинственик, Грците го фрлија во Белото Море додека бродот го продолжуваше своето патување со другите несреќни затвореници. Тој беше роден во 1878 година во градот Битола, Македонија. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Черновиц. „Извештајот на Карнегиевата меѓународната комисија за истражување на причините и водењето на Балканските војни“, издадена во 1914 година во Вашингтон, напоменува за трагичната смрт на Евлогиј, неговото образование и неговиот статус како црковен достоинственик. Архимандритот Евлогиј е прикажан на фотографијата В.

Кога ја покорија и разделија Македонија, Грција и Србија беа сојузници па успеаја во нивното срамно дело - потиснување на бугарските религиозни, образовни и културни институции во Македонија. Според тоа, тогаш, лесно можеше да се објасни симпатијата која постоеше помеѓу Грчката и Српската црква кои, исто така, се познати по нивниот шовинистички и непрогресивен дух.

Со цел да се види колку црковната хиерархија на тиранска Србија е конзистентна со проповедањето на морално учење, ја прикачуваме фотографијата Г на шесте бугарски владици прогонети од нивните легитимни епархии при доаѓањето на српските власти во Македонија во 1912 година. Овие бугарски владици беа регуларно избрани од бугарските жители на нивните соодветни епархии; нивните епархии без создадени со специјален ферман издаден од султанот на Турција во 1870 година, којшто ја создаде бугарската национална црква. Мораме да го споменеме историскиот факт дека Бугарската национална црква беше создадена години пред да беше создадена Бугарска национална држава.

Местата на шесте бугарски црковни достоинственици протерани од Македонија беа преземени од Срби назначени од Белград речиси како тие да се политички функционери – непочитувајќи ги желбите на народот во предметните епархии.

Р.Ѕ.

Среќни сме што дознавме, пред да го испратиме овој меморандум, дека Владата на Република Македонија исполни дел од нашата препорака за Косово – признавањето на независноста на Косово.

Види додаток А

image

А. Фотографија на грчкиот владика Германос Каравангелис од Костур со турски цивилни и воени власти

image

Б. Фотографија на исечената глава на бугарскиот ослободител и поет Лазар Поп Трајков, убиен по налог на грчкиот владика Каравангелис

image

В. Фотографија на бугарскиот архимандрит Евлогиј кој беше жив фрлен во Белото Море од грчките власти

image
Г. Фотографија на бугарските достоинственици од Македонија избркани од нивните епархии во 1912 година од Србите
Категория: Политика
Прочетен: 3971 Коментари: 2 Гласове: 0
Последна промяна: 01.12.2008 17:07
image

Со последната своја провокација веројатно има  за цел да да го нервира Љубчо Георгиевски, но не и да создава тензии меѓу Република Македонија и Република Бугарија, која исто како и Грција може да стави вето на македонските евроатлански интеграции. Последната провокација на Латас (дека Скопје на 13-ти ноември 1944 г. бил ослободен од бугарскиот окупатор) е навреда и на оние кои се бореа за ослободувањето на Скопје од германските војски (еден од нив е и таткото на мојата сопруга). Токму затоа, да си припомниме дека на 6-ти април 1941 г. капитулира Кралството Југославија, а тоа ги израдувало нашите дедовци, нашите родители, затоа што се спасиле од варварската српска окупација. Но, набргу во Скопје се разчул гласот дека Германците размислувале дали градот да го дадат на управување на Србите, или Бугарите. Сепак германскиот окупатор ја почитувал волјата на мнозинството скопјани кои меѓу двете можности побарале градот да биде ставен под бугарска управа. На 22 април 1941 г. германската армија го предава градот Скопје на бугарската Петта армија која останува во градот се до 9 септември 1944 г., односно се до воспоставувањето на Отечественофронтовската власт во Бугарија. Благодарение на бугарските комунисти и помоштта од СССР, на 09.09.1944 г. Бугарија се вклучува во антинацистичката коалиција. На 9-ти септември 1944 г. редица комунисти, меѓу кои и Лазо Колишевски, се ослободени од бугарките затвори. Околу два месеца покасно, на 13 ноември 1944 г. македонската војска потмогната од борци на бугарската отечественофронтовска армија го ослободува Скопје од германската окупација. Антифашистичките бугарски единици не учествуваат во уличните борби за солободување на Скопје. Тие по барање на „југословенските другари“ се стационирани на сигурно за да не влезат заедно со македонските (југословенските) ослободители на Скопје.
Категория: Политика
Прочетен: 2201 Коментари: 0 Гласове: 0

На 03.11.2008 г. во Скопје беше одржана трибина „Проблемот на Грците со нашето име и притисоците што ги трпиме за негова промена“.

Трибината беше многу поучна. Прво, конечно разбравме дека не современите Македонци, туку Грците имале проблем со накедонското име во ОН, НАТО и ЕУ: Второ, ако не беше трибината сеуште немаше да знавме дека во светот имало повеќе организации како НАТО и ЕУ.

„Името на земјата да не се менува, а Македонија да побара зачленување и во други меѓународни организации освен во НАТО и во ЕУ – со ваков став излегоа на трибината група професори и новинари, кои себе се дефинираат како тврдо крило на интелектуалци. Не беше прецизирано што би можело да биде алтернатива за НАТО и Европската Унија“ – извсетува од настанот „Канал 5“.

„Нашите политичари требаат да имаат поинаков концепт за својата надворешна политика. Да, ние сакаме да бидеме членки на ЕУ и НАТО, меѓутоа има повеќе такви организации во светот. Во сите такви организации, каде што на обострано задоволство и интерес ќе постојат релации- изјави Емилија Гелева, политички аналитичар.“ 

image

Освен во ОН, РМ членува во дузина други меѓународни организации. Но, ако во светот има повеќе организации како ЕУ и НАТО навистина шо бараме мајка во ЕУ, шо не си одиме во aфриканската или aзијската унија? Што бараме човечки правдина од Северноатланската Алијанса (НАТО), кога според Гелева тоа може да го постигнеме во јужнополарната алианса? Зарем ќе бидеме такви гњаватори што со македонското име до безсвест ќе ги малтретираме Грците?

image
Графит од европејска Б’лгарија.
Категория: Политика
Прочетен: 1706 Коментари: 0 Гласове: 0
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 428801
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Декември, 2008  >>
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031