
Некое време покасно летечките чинии се забележани над град Скопје.
.jpg)

Ако е веродостојно напишното во „Глобус“, неспорно е дека имаме „двобој“ меѓу Црвенковски и Шекеринска.

Под заглавието „Ханџиски стечаен управник на СДСМ “ в-кот „Вест“ пишува дека: „ Нов лидер на СДСМ, најверојатно, ќе биде Благој Ханџиски “.

Не ми се верува! Ханџо не е толку глуп како што се шпекулира. За разлика од многу претпазливиот Зоран Заев, Ханџо навистина е способен 4 години во опозиција трпеливо да работи за изборна победа. Но, не само нему, туку и на многумина други во св.сдсм, им е совршено јасно дека без иднина е партијата која прифаќа нејзините значајни политички фигури да играт ролја на пиунка во рацето на возвишенио лидер. Токму затоа, пргнозирам дека под наведените услови Ханџо нема да биде новиот стечан на св.сдсм. Но, ако се нафати бидете сигурни дека ќе направи се во првата прилка лицето Б.Ц. да го прогласи за технолошки вишок на македонската политичка сцена, а самиот тој да се кандидатира за Претседател на Република Македонија. Сепак, сега за сега е неспорно само дека Б.Ц. ќе одлепи од Шекеринска.
Многумина еС-Де-С-овци беа фасцинирани од способноста на г-ѓа Шекеринска за краткорочно размислување. Истите беа многу горди на сопственото убедување дека никој не може да ја надговори нивната лидерка која интимно во себе веруваше дека таа нејзина мана и дава компаративна предност во однос на нејзините политички конкуренти. На самобендисаните еС-Де-С-овци дополнителна сигурност им влеваше и новиот тинејџерски имиџ на лидерката на СДСМ кој како турбофолк хит хармонично се вклопуваше во мотото: „Социјалдемократијата е секси“ (што ќе рече: Рада е секси).
.jpg)
Но, прекумерните фалби, паунската надменост која извираа од премавнувањето на пубертетски комплекси на г-ѓа Шекеринска и левичарскиот презир на граѓанската способност да се мисли трезвено со своја глава, го закрепнуваа верувањето дека СДСМ е кочничарот на напредокот во секој поглед, а лидерката на коалицијата „Сонце“ е нездрела личност која заглавила во својот пубертески филм (во кој, таа, од „грдо пајче“ се преобразува во сексипилна, славна и обожавана личност налик на Мерелин Монро).

Во жанрот на добра француска комедија, како муви без глави, во овој филм во минорни ролји и како стаисти влетаа и Бранко Цревнковски (кој нели не завзеде страна во кампањата); и Јани Макрадули; и Игор Ивановски Шема; и Андреј Петров; и Зоран Заев; и Јово Манасијевски; и Тито Петковски; и Стојан Андов, но не и Никола Поповски, Кондарко... Следствено на тоа се поставува прашањето: до следните претседателски и локални избори кои ќе се одржат догодина, кој ќе биде новиот лидер на СДСМ? Баба Зумбула секако - не!

Во СДСМ секако има многу јунаци кои не се плашат од „женски фустан“. Но, од познатите фаци на СДСМ изгледа само Никола Поповски има некаква претстава за економија (т.е. за една од силните страни на Премиерот Никола Груевски и други истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ). Секако и со Никола Поповски на чело на СДСМ социјалдемократијата ќе биде исто толку секси како и со г-ѓа Шекеринска, затоа што г-нот Никола Поповски веројатно основано го бие глас дека имал истенчен вкус за она што се крие под „женски фустан“. Потоа, со Никола Поповски како лидер на СДСМ, еС-Де-Совците ќе бидат сигурни дека нивниот лидер кога ќе го кани Премиерот на tv-дуел нема да го кани и на „женски фустан“.


The End за овој блогпост.
Политикита е сериозна работа за да се гледа само од нејзината трагикомична страна, а јас имам поважни обврски отколку да си се релаксирам тука.
P.S.
papata.blog.com.mk беше постиран од 24.12.2006 г. до 10.04.2008 г., а потоа избришен. Во контескт на истиот беа направени и публикувани четири клипчиња:
1. НА ШЕКЕРИНСКА НЕШТО ЧУДНО И СЕ СЛУЧУВА
2. БРАНКО И РАДА - БИТАНГА И ПРИНЦЕЗА
3. КОАЛИЦИЈА GUNS & ROSES
4. БОКИ 13-КА ВИЗИЈА
.jpg)

Според Тупурковски, Киро Глигоров ја пропуштил шансата за зачленување на Република Македонија во ООН со нашето „уставно име“.

.jpg)
.jpg)

Според Мирка Велинова: „ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ИМЕТО, А ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА НЕ БИЛА РАТИФИКУВАНА ОД ГРЦИЈА“.
.jpg)


.jpg)
.jpg)



Американскиот психијатар Скот Пек во својата книга „Патот по кој поретко се оди“ како недемократска ја определува секоја влада која крие витална (животно значајна)информација од сопствениот народ. Разбира се, тоа е утописко гледиште за демократијата. Сосема е разбирливо што на овој бел свет има „калсифицирани информации“, или државни тајни. Но, ако сето тоа што го зборуваат Тупурковски и Велиновска е точно, тогаш не само Грците, туку и т.н. „мудрец“, „државник“ и некогашната „икона на ВМРО-ДПМНЕ“, како и Хари Костов и Бучко со македонската јавност се однесуваат како со овци. И покојниот Борис Трајковски не ни соопшти дека Грција во својот парламент не ја ратификувала Времената спогодба. Со Б.Трајковски бевме пријатели, „генерација“, познавајки го неговиот карактер, неговиот христијаснки дух, ме зачудува зошто и тој ја криел од јавността таа витална информација за наметнувањето и разреашувањето на т.н. грчко-македонски спор.
Скопје, денес, на 1-ви април, во 8:00 h по македонско време, во просториите на МАНУ, македонскиот историчар Александар Донски свечено му го врачи македонскиот пасош на бугарскиот историчар Божидар Димитров кој конечно призна дека отсекогаш си бил Македонец и платеник-слуга на бугарската буржоазија. Со голема радост Божидар Димитров изјави дека би бил многу среќен ако наскоро стане член на МАНУ, бидејќи отсекогаш тајно си мечтаел еден ден да стане македонски академик.

Скопие, днес, на 1-ви април, в 9:00 h по българско време, във помещтенията на МАНУ, македонският историк Александър Донски тържествено предаде македонският паспорт на българския историк Божидар Димитров който окончаелно призна че от винаги си бил Македонец потплатен-слуга на българската буржоазия. Със голяма радост Божидар Димитров заяви че би бил многу щтаслив ако наскоро стане член на МАНУ понеже от винаги тайно си мечтаел един ден да бъде македонски академик.
P.S.
Неколку години наназад Божидар Димитров си прави првоаприлски шеги по однос на македонско-бугарските односи. За жал, годинава tv „Сител“ се фати на „јадицата“ фрлена од Б.Димитров, без да размисли дека никој не може да биде назначан за амбасадор во било која земја ако змејата домакин не се согласи со предложеното лице за амбасадор на еди која си држава.
.jpg)

.jpg)
.jpg)
P.S.
Една германска мудрост поучува: „Подобро е да имаш умен непријател, отколку и глуп пријател.“
Бранко и Рада не ги растурија првите предвремени парламентарни избори, секако не оти се изплашија од заканата на Латас дека „разочараните“ како него ќе ги бојкотирале наредните председателски избори, та Бранко нема да биде избран по втор пат за Претседател на РМ. Се надевам и Латас веќе сфатил колку зелена скинал кога ја смислил наведената закана, оти Бранко веќе сфатил дека неговиот реизбор е многу, многу неверојатна работа.

Изгледа дека Груевски тактизира со целосната имплементација на „рамковниот“ со цел да ги придобие ДУИ и ДПА за следните претсетаделски избори. Незнам! Ќе видеме догодина, само да сме живи и здрави.
Бакојани: Предлогот Republic of Macedonia (Skopje) е далеку од целта.
Секако Бакојани не размислува така, како што е прикажено на карикатурата. Верувам дека и таа сака да опстане нашата држава. Но грешката што ја направи нејзиниот татко Мицотакис во сојузништвото со Слободан Милошевиќ за да се попречи зачленувањето на Република Македонија во ОН, остави големи траги во грчката јавност, та не може така лесно и да се исправи.

Најзначајно е да направиме голем чекор во споредба со 1991 год.
.jpg)
Историјата на македонско-американското пријателство веројатно започнува со опитот на ТМОРО и ВМОК преку неуспешната мисија на Борис Сарафов да ја обезбеди поддршката на САД за успехот на идното Илинденско востание - т.е. за извојување на Автономија за Македонија и Одринско во рамките на Турција.
Неспорната подршка на САД, од времето на Буш Сениор до Буш Јуниор, секако е еден од главните чинители што до ден денес опстана Република Македонија. За жал во времето на Буш Сениор најзначајните македонистички политички чинители одбија поблиска соработка со САД за надминување на т.н. грчко-македонски спор, преку изнаоѓање на компромис за кој се залагаше Буш Сениор. Но, ајде било што било, дај Боже наскоро да се радуваме на зачленувањето на РМ во НАТО.
Компромисот си е компромис, никој не може да биде сосема задоволен од него. Секој треба да се откаже од нешто свое, за доброто на сите. Ако се прифати овој предлог освен додавката „(Skopje)“ ќе треба да се навикнеме и на формулацијата: Made in Republic of Macedonia (Skopje), затоа што според предлог на Нимиц, се ограничува за сите самостојната употреба на именката Macedonia.
За жал, вчера македонските медиуми не известија дека во говорите не Бакојани и Карамнлис имало суштевена разлика во острината на говорите за изнаоѓање на компромис за решавање на т.н. грчко-македонкски спор.
Сепак, Тhank You USA! Посебна благодарност на Нејзината Екселенција г-ѓа Џулијан Миловановиќ!



Ова се извадоци од интервјуто на г-нот Љубчо Георгиевски
за „Фокус“ (Скопје, 14.03.2008 г.)
Но, дали Латас повикува на војна со Грција, или се раководи од хипи девизата: „Make Love, Not War!“, можеме да заклучиме од неговиот човекољубив повик дека: „Проблемот со името ќе го решиме кога соодветен маж ќе помине соодветна ноќ со Дора Бакојани, и ќе ја видиме сабајлето насмеана.“
Незнам, можеби овој рецепт на Латас е тајната на успехот во кој Николас Саркози толку безобразно ни соопшти дека т.н.грчко-македонсиот спор не е билатерален, туку меѓународен проблем.




.jpg)

Саркастично понижувачкиот одгвор сепак е добронамерна порака која не упатува на објективното барaње на аргументиран одговор на прашањето: КОЈА Е АЛТЕРНАТИВАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, АКО СЕГА НЕ СЕ НАЈДЕ ЧААРЕ ГРЦИЈА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД НАМЕРАТА ДА СТАВИ ВЕТО НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ?

И уште нешто! Чудно совпаѓање: Наскоро после формирањето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Тачи „лицето Б.Ц.“ од „пијандура“ и „норкаман“ го промовира во крводарител, а денес го призна во единcтвен државник! (Дали и што им вети Б.Ц на македонските Албанци за да си го осигура својот реизбор и да стане легитимен и од никој не оспоруван Председател на РМ?)
Но, сите тие се математики на државникот ни, за придавка која не задира во македонскиот национален идентитет колку и да се правени со Нимиц, Нуланд или Миловановиќ, сепак се направени без согласност на Дора Бакајани, без Караманлис... т.е без крчамарицата и крчмарот во чие друштвото сакaме да сме, ама не по секоја цена како Пиринци, Вардарци и Егејци, туку само како Македонци!
И, најсетне. Не еднаш самите сме се нарекувале Вардарска Македонија. Дали Република Вардарска Македонија е формулата на државникот ни и „Рада Помада“ за едновемнето запазување на националниот ни идентитет и спречувањето на грчкото вето за нашето зачленување во НАТО и ЕУ?