
Најпрво поранешниот лидер на СДСМ Владо Бучковски се обиде да се го амортизира влијанието на „господинот Црвенковски“ во СДСМ. Потоа и „наследничката на Бучковски“, екс-лидерката на СДСМ, г-ѓа Шекеринска на свој начин се извини за лошо смислените и водените политики на СДСМ. Сега и новоизбраниот прв в.д. претседател на СДСМ се извини за сите лоши политики на СДСМ и тоа токму во момент кога последната анкета покажува раст на рејтингот на г-нот Бранко Црвенковски.

Домашниот есап и тој на пазарот не се поклопуваат. По се изгледа вршителот на должноста претседател на СДСМ најкратко ќе се радува на лидерската позиција.
.jpg)

.jpg)
Г-нот Црвенковски со нагласена резигнација кон политиките на „Преродбата во 100 чекори“ рече дека нема да се кандидатира за Претседадел на РМ. Ако навистина е така, тогаш се наметнува прашањето, кој ќе биде кандидатот на СДСМ на следните избори за Претседател на РМ?
Дали човекотот кој беше рекламиран како носител на „победа за името во ОН“ ќе биде навистина „човек за иднина“?
Срѓан Керим, ќе се кандидатира ли за Претседател на Република Македонија?
Некои кажуваат дека човеците кога се прават карневали се преправаат во тоа што би сакале да бидат на јаве. Незнам дали тоа тврдење е научно докажано. Ако е, во тој контекст значајно е што на календарот издаден од Општина Струмица за 2008 година го имаме сегашниот градоначалник на Струмица г-нот Зоран Заев преправен во пират (криминалец). Случајно или не, како што струмичкиот и прилепскиот карневал се одржуваат околу Прочка, летото г-нот Зоран Заев беше амнестиран од Претседателот на РМ г-н Бранко Црвенковски, откако претходно беше арестуван под сомнение дека учествувал во криминална зделака вредна околу 8.000.000 (осум милјони) евра.
Со целосно уважение на сфаќањето дека никој не е виновен додека не е осуден, се наметнува прашањето зошто г-нот Црвенковски не го амнестира и г-нот Владо Бучковски (поранешен премиер на РМ и лидер на СДСМ), кој исто така тврди дека против него се води судска истрага од политички причини. Љубопитството кон одговорот на поставеното прашање го поттикнува и фактот што г-нот Бучковски беше шеф на изборниот штаб на претседателските избори кога г-нот Црвенковски беше избран за Претседател на РМ. Зарем е возможно г-нот Црвенковски да се сомнева дека г-нот Бучковски направил кримаинална зделка додека министерувал како министер за одбрана?










Некои македонисти, на пример, како „дедо Стефан“ (архиепископот на МПЦ, г-н г-н Стефан), говорат дека современите Македонци биле: „библиски народ“. Но, со откритието на “праисторискиот Македонец“, со откритието на „прситорискиот македонски јазик“, со „откритието на праситориските македонски закони“, излегува дека современите Македонци се праисториски народ, постар чак и од Библијата и другите т.н. библиските народи.

Значи, „фиромистите“ и македонистите треба да си се договорат, дали современите Македонци како Македонци се стари само 7.000 (седум илјади) години, или како праисториски народ се постари од 10.000 години.
.jpg)

След откритието дека имало „праисториски Македонец“, след откритието дека имало 7.000 (СЕДУМ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ПИСМЕНОСТ, 3.000 (ТРИ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА, 2.500 (ДВЕИПОЛ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКО ИМЕ, новинарот Мишко Талевски во в-кот на извесниот македонист Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски прашува: „КОЈ Е ТОЈ КОЈ „КУМСТВО“ ЗЕДЕ ПО 23 ВЕКА ДА НИ БИДЕ!?“
Одговорот е известен, тоa е Македонецот и македонистот No1 Крсте Петков Мисирков.



Македончето - новиот југословенски човек