Постинг
02.07.2008 18:21 -
Д.Р.М.
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 1023 Коментари: 0 Гласове:
Последна промяна: 02.07.2008 18:22

Прочетен: 1023 Коментари: 0 Гласове:
0
Последна промяна: 02.07.2008 18:22
Како што го разбрав непризнатиот од сите Претседател на РМ, но неспорен државник и „граѓанин Б.Ц.“, денес го заговараше како компромис името Демократска Република Македонија, за кое патем кажа дека е неприфатливо за Грците. (Или, кажано со други зборови, ценетиот ни државник, објави капитуалција во борбата за името.) - Не знам што е прифатливо за „малаките“, не ме интересира дали ДРМ во споредба РГМ (Република Горана Македонија) е подобар избор, туку каква врска има заложбата на „граѓанинот Б.Ц.“ да го прифатиме ДРМ во врска со она што го пишуваше „Фокус“ од 15.04.2005 г.? - Љубопитството не прозизлегува само од желбата да ја знам историската вистина, туку и од обвинувањето на „Рада Помада“ дека за она што било укакано во 1993 г., а до ден денешен не било исичистено, сноси најголема вина Грујо (не оти навивам за него, па ептен будала не сакам никој да ме прави).


И уште нешто! Чудно совпаѓање: Наскоро после формирањето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Тачи „лицето Б.Ц.“ од „пијандура“ и „норкаман“ го промовира во крводарител, а денес го призна во единcтвен државник! (Дали и што им вети Б.Ц на македонските Албанци за да си го осигура својот реизбор и да стане легитимен и од никој не оспоруван Председател на РМ?)
Но, сите тие се математики на државникот ни, за придавка која не задира во македонскиот национален идентитет колку и да се правени со Нимиц, Нуланд или Миловановиќ, сепак се направени без согласност на Дора Бакајани, без Караманлис... т.е без крчамарицата и крчмарот во чие друштвото сакaме да сме, ама не по секоја цена како Пиринци, Вардарци и Егејци, туку само како Македонци!
И, најсетне. Не еднаш самите сме се нарекувале Вардарска Македонија. Дали Република Вардарска Македонија е формулата на државникот ни и „Рада Помада“ за едновемнето запазување на националниот ни идентитет и спречувањето на грчкото вето за нашето зачленување во НАТО и ЕУ?Няма коментари
Търсене
За този блог

Гласове: 131