Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.07.2008 13:32 - Шмекер
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 1129 Коментари: 0 Гласове:
0



03.12.2007 г.
Зоран Витанов повеќе не е потпретседател на Сoцијалистичката Партија на Македонија.

image

Веднаш по изборите Витанов на една локална струмичка телевизија влезе во филмот дека е богуизбран за да биде повикан од земјоделците за нивен лидер. Во истиот сопствен филм, истовремно се обиде да ги одигра и ролјите на опозиционер и премиер. „Му удрила славата во главата“, беше најчестиот коментар на моите пријатели кои го гледале тоа демагошко шоу на Зоран Витанов. Некои го сожалуваа, други му се потсмеваа, а трети му беа лути што во името на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и с.Босилово, без нивно знаење, си закажувал средби со граѓаните и членовите на ВМРО-ДПМНЕ во некои Месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Откако го откриле овој солистички настап на Зоран Витанов, во ОК на ВМРО-ДПМНЕ за општина Босилово решиле да му покажат кој е кој. Така пратеникот Витанов, наместо средба со граѓаните од ова општина, се соочил во средба со само неколкумина члена на СПМ.

Набргу потоа, низ стумичката чаршија се расчу гласот дека Зоран Витанов побарал да замине во дипломатија, но Ѕинго не му ја задоволил ова желба. Потоа, во весниците читавме изјави на Зоран Витанов дека тој нема намера да се откаже од пратеничкиот мандат.

Во вчерашниот и денешниот свој настап во Собранието на РМ, Зоран Витанов пак жестоко настапува како свест и совест на колаицијата „За подобра Македонија“, како единсвен и најголем струмички локал патриот, иако во Струмица најчесто доаѓа само да си го регистира своето возило. Очебијна е неговата фрустрираност од катастрофалниот пораз што го доживеал на внатрепартиските избори во СПМ.

Каде забега Зоран Витанов?

Во ВМРО-ДПМНЕ секако не, таму би отишол само ако му гарантираат дека наместо Груевски тој ќе биде премиер.

Во СДСМ? Истото така, не. Ако стане пратеник на СДСМ, и туку ќе треба да излезе од сопствениот филм дека е од Бога надарениот со својства за најадобар премиер на РМ.

Стојан Андов? Не, тоа е невозможен спој, затоа што г-нот Андив е 100 пати повешт политичар отколку тој.

Истотака нема да се прогасли и за независен пратеник. Не заради привилегиите што сега ги ужива како пратеник од „власта“, туку за да може што посупешно до крај да го одигра своето политичко стриптиз шоу. Но, што потоа?

Нема партиска „инфраструктура“ зад себе, нема ниту интелектуален, ниту материјален потенцијал да формира своја партија - повеќе ќе нема и наивни бизнис планови на некои струмички бизнисмени дека преку амандаманите на Зоран Витанов, во името на општите граѓански интереси, ќе си ги асфалтираат макадамските патишта до своите фабрики.

P.S.

На првите предвремени парламентарни избори г-нот Зоран Витанов беше неуспешен кандиат на ПЕИ (партијата на Фијат Цаневски).

image



Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429533
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930