
Прочетен: 1754 Коментари: 0 Гласове:
Последна промяна: 02.07.2008 16:27
3.000 (ТРИ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА
2.500 (ДВЕИПОЛ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКО ИМЕ
Гледам, прилично блогери се запалиле да прават протест под мотото „ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ДАДАМ - МАКЕДОНИЈА НЕ ЈА ДАВАМ!“ Или, со дуги зборови кажано под мотото: „Слобода, или смрт!“ - од Кресненското востание до нашето зачленување во НАТО и ЕУ! Патриотски, нема што!
Плус, секој има уставно право да протестира! Но, не и протестот каде што сака да го организира. А, новите ни Гемиџии на денешниот протест и за тоа воделе сметка. Нема да протестирааат пред бившиот „клинички“, нема да протестираат и на плоштадот „Македонија“, туку на плоштадот „Пела“ - токму пред спомникот на Македонецот № 1 Крсте Мисирков кој на Византијците (Грците) им го призна кумоството за нашето национално име.

Македонецот №1 Крсте Мисирков во 1903 г. пишува: „...народно име, не си измисл"уат народот сам за себе, ами со него го велит саседниiот народ и тоi од него си го земат. Значит наi природно iет народното име за iеден народ да се поiаит у iеден саседен со него народ. Саседните народи iеден кон друг, значит, се iауваат во вид на нунко и кум. “

За оние кои не ја прочитале брошурката на Мисирков „За македонцките работи“ ете неколку извадоци од истата:

Згора на тоа, според неспорниот Македонец № 1 Крсте Мисирков: немаме ниту: 7.000 (СЕДУМ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ПИСМЕНОСТ, ниту: 3.000 (ТРИ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА, ниту: 2.500 (ДВЕИПОЛ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКО ИМЕ!

Кој не верува дека Македонецот № Крсте Мисирков пишувал такви глупости, ете му линк: „За македонцките работи“.
Една македонска народна мудрост поучува: „Со деца на бања не се оди, сапунот ќе ти го изедат!“. Затоа запаленсковци, мрш на плоштадот „Македонија“ - таму да го браните името ни, ем вековно, ем милениумско! И немој некој будала да се самозапали во знак на протест како оној Чехословак кој се самозапали през 1968 г. во својата борба против советската окупација!
P.S. - до совремниот антички Македонец кој во името на „уставното ни име“ се обидува да си подигрува со мојот „РС“ (ПеЦе) во својот хакерски римејк на филм „Патриот“,
г-не Незнајко, јас со моето семејство сум по митинзи и протести од првиот митинг пред грчкиот конзулат во Скопје кој се одржа пред 18-19 години, а тогаш Вие веројатно сеуште сте се мочкале или какале во пелените, или пак сте си играле на куклички и автомобилчиња во некоја детска градинака.
На следната фотографија, е моето семејство на протестот во Дојран одржан пролетта на 1990 г. На транспарентот е преставена (прецртана) оригиналната корица на букварот наречен „ABECEDAR“ напечатен през 1925 г. во Грција, од нејзината влада, а кој никогаш не влегол во употреба за нашите ученици по грчките училишта., туку и послужил само на официјална Грција да ги изигра од неа превземениете меѓународни обврски за паризнавање на правата на националните малцинства согласно Севрскиот Договор и Лозанската конференција. (Можеби г-не Незнајко, Ви е позната историјката на тој Данајски дар, можеби не. Не е мое да Ве просветувам. Мое е, ако сакам, или не, согласно Уставот на РМ, да регирам, или не (по личен избор), кога сензнајковци, или незнајковци и фашизоидни патриоти, во името на целата нација прават национални работи со кои не се согласувам, или пак се согласувам.).
