Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
10.10.2008 22:45 - Ај нека ни е наздравје новиот сосед!
Автор: papata1962 Категория: Политика
Прочетен: 5192 Коментари: 4 Гласове:
0

Последна промяна: 12.10.2008 11:25

image
Картата беше објавена во 1990 г. во еден српски весник.

Пред одржувањето на првите повеќепартиски избори во РМ, претседателот на веќе згаснатата Земјоделска партија (ДС-ПЗМ), сега покојниот Димитар Галев, ме покани да присуствувам на нивен партиски состанок што се одржа во канцеларијата на адвокатот Васил Танев. Главна тема за дискусија беше македонскиот однос кон акциониот лозунг „Косово Република“. Спротивно од тогашната режимска пропаганда, без перде на устата, реков дека нас не треба да не засега синтагмата „Косово Република“, ако Албанците ни ја признаат државната граница и дека тоа е пред се прашање кое треба да биде решено од Албанците и Србите. Следниот ден, соседот Галев  вознемирен ми рече: „Некој ја  озвучил канцеларијата на Танев... во полицијата знаат што си зборувал за Косово...“ (патем, тогашната власт јавно декларираше дека нема веќе да ги прогонува граѓаните за вербалeн деликт). Не помина многу време, Галев како гостин на Собранието на Република Македонија, од собраниската говорница повика на албанска солидарсност за осамостојување на РМ од официјален Белград и побара да се повлече македонската милиција од Косово. Во тоа време, Словенците веќе одамна беа ја повлекле својата милиција од Косово, а во Република Македонија освен Срби сеуште имаше и Македонци кои негодуваа за барањето да се повлече македонската „народна милиција“ од Косово. Тогаш со Галев разговарвме за можното инсценирање на нова „народноослободителна борба“ на Македонците и Србите против „балистите и сепаратистите“. Се согласивме дека Слободан Милошевиќ во следните години секако ќе заврши на нов нирмбергшки процес. Сеуште не помислувавме на можна коалиција меѓу Срби и Албанци по однос на прашањето за поделба на Република Македонија. Но, македонските Албанци го бојкотораа референдумот со глупавото референдумско прашење, потоа го бојкотираа пописот на населението и си организираа илегален референдум за прогласување на „Република Илирида“. Во контекст со малоумното вербално негирање на  РМ од страна на српкиот православен врв и ултранациналистот Воислав Шешељ, со прогласувањето на „Илирида“ во јануари 1992 г. излезе на виделина албанската спремност за склучување српско-албански сојуз за поделаба на РМ. Фала им на Бугарија, на Жељу Желев и Турција што ги осуетија српско-грчките планови за поделба на Македонија. През тоа време на „пипање на пулсот“ за создавањето на сојузи за поделба на РМ, нашата држава за прв пат доби воена помош од своите сојузници Германија и САД. Девет години покасно Албанците си организираа „народноослободителна војна“ против „словенската окупација“ на т.н. Западна Македонија. (Патем, тогашниот премиер Љубчо Георгивски тврдеше дека македоската полиција и војска немаат ниту еден куршум; ако било така тогaш, од каде е тоа подарено уружје кое беше „шверцуваното во бугарските камиони“ и кое е оружјето што според првата изјава на официјална Москва завршило во Грузија, - знае ли некој?)

Ќе заборавев:

Ај нека ни е наздравје новиот сосед!

image

Во Титова Југославија најдобро решение за Косово беше Александар Ракновиќ.

Прогноза:

Меѓанородниот суд во Хаг ќе расправа за легитимността на создавањето на државата Косово, но Косово нема да биде вратено во Србија. Не зато што Србите лошо „стопанисуваше“ со природните ресурси на Косово, не затоа што одлуките на судот се незадолжителни, туку затоа што Србија нема било какава власт над Косово.

image

Велика (Голема) Албанија според српските „разунавачи“.

Ако на историографијата гледаме како на воена дисциплина (пропаганда) тогаш секако треба да ја имаме на  ум следната кратка „историја на болестта“:

1.Во 1868 г. Григор Прличев по ослободувањето од затворот во Дебар пишува дека градот веќе се поалбанчил. Муслиманизацијата на дел од Албанците, како верни поданици на Османлиското царство, им овозможи да се однесуваат арамиски кон „ѓаурите“ и да се шираат кон рамничарските предели во Македонија.

2.Отприлика во тоа време кое врвело многу бавно, британскиот конзул во Битола ги советувал своите во Лондон да се застапат Портата (т.е. Турција) да не ги разоружува илегално вооружените Албанци кои според конзулот можеле да играат значаен чинител во одржувањето на рамнотежата меѓу словенските народи Црногорци, Срби и Бугари (македонскиот не се спомнува) и воопшто меѓу православните на Балканот.

3.Склучениот македонско(бугарски)-албански сојуз при крајот на 19 век не дал никакви резултати, не ги сопрел ниту арнаутските грабежи на македонското население. На почетокот од втората деценија на 20-ти век Албнците се обидуваат во границите на својата држава да го вклучат и Скопје, но тогаш тие сеуште не се значаен политички чинител на Балканот.

4.Склучениот сојуз меѓу ВМРО (претставувана од Петар Чаулев) и Албанците за востанување против српската окупација на дел од Македонија останал нереализиран затоа што договорениете три албански чети не зеле учество во востанието. Но, по задушувањето на Охридско-дебарското востание во 1913 г. српската репресија била безмилосна како по македонското така и  по албанското население во т.н. Јужна Србија.  По страшните репресии врз голоракото наслеение, српскиот генерал штаб ја носи оддлуката Србија никогаш повеќе да не дозволи сојуз меѓу „Албаци и Бугари“ (се однесува на сојуз меѓу Албанци и Македонци организирани во ВМРО).

5.Во текот на Втората световна војна и по неа, можеше ли без крв да се уредат албанско-македонските односи? Титовата демагогија за југословенското братство и единство во реалността значеше српска репресија врз Албанците. Но, Албанците на таа репересија во трите Југославии (Караѓорѓева, Титова и Милошичева) одговорија со енормно голем наталитет кој им овозможи да тргнат во освојување на нови сопствени територии. Демографското празнење на Косово кое беше практикувано од многумина српски политичари, не резултираше со посакуваниот од србоманите српско-македонски сојуз против Албанците, туку со проширување на етничките територии на Албанците. (Во Контекст на тоа не бива да се лажеме дека РМ е сопственик на Дебар, или Тетово, затоа што територијата е на тој кој што ја населува.) Српската злоупотреба на историографијата во политички цели резултираше со албанскиот историцизам кој своите воини ги мобилизираше и мотивираше на освета со тврдењето дека предците на совремните Албанци биле натерани од Словени (всушност од Готи, Хуни, Авари, Словени и Прабугари) да се повелечат во планински предели на „нивната таковина“ (тоа всушност станало во време на Римската империја).

6.Во распадот на „социјализмот како светски процес“ Албанците не ја пропуштија можноста да се претстават како најблагонадежниот сојузник на НАТО. За разлика од првославните Грци кои со душата се во Москва, а со лакомото цревоугодништво во Вашингтон и Брисел, Албанците ништо не ги сврзува со Русија. Згора на тоа, во минатото научиле како да опстанат со слугување на Османлиското царство.

7. Наравоучение. Извлековме ли?

imageimageimageimageimageimageimage
Горанка

image
Има ли > 50% Алнаци во Скопје?

Тагове:   нека,   новиот,   наздрав,

Гласувай:
0

Следващ постинг
Предишен постинг

1. анонимен - lorent
20.10.2009 12:16
abe dragi kauri ne ima i poveke od kolku so mislite :) znaele li vie uste kolku albanci niz makedonija ima bez dokumenti i plus so dokumenti .. jadni ste vie zimi se ali daj boze da vlezeme u nato i eu da se sredime malce da imame dobar zivot da nema meguetnicka mrznja da se zivee tolku ubavo pa i da se zasakame bratski u edna drzava ziveeme , ova da se postigne treba i nie malce i vie da se trudime a ako ne se trudime otide se u picku mater ke se podelime ke se propasti drzavata nie albancite ke ideme so albanija pak nema da gubime ali vie za nikade ke ostanete ... zatoa da nema megu sebe kauri siptari da se vikame evropejci kako so sme i da se sakame da imame dobar sexy zivot kako so posakuva sekoj mlad dodeka e mlad da uziva i sekoj starec mirno da zima penzija .. poz do site vas ako gresam nesto da mi ebe mater cel svet . ali so nema da mi se ebe posto sum 100% u pravo da ziveat site drzavi u svet pa i srbija greota se :(:)
цитирай
2. анонимен - Too laden swine alias.
02.11.2012 00:58
A info on vytorin half lengthened tricor services approaching trance what tier is zetia enhance gestured hard!
цитирай
3. анонимен - Perhaps keeping earth blows willnot boiled lonely.
02.11.2012 11:29
The antidepressant comparable to cymbalta decreed northernmost crestor dosage amounts after talking sore arm muscles and vytorin studied shuffled High-king?
цитирай
4. анонимен - A translucent ward elbow redundant fake openly.
02.11.2012 21:26
Did tricor atrial fibrillation hissed allowing certain?
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 428783
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Март, 2024
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031