Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
28.10.2008 13:27 - Тактика и стратегија
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 1074 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 28.10.2008 13:30


Општопозната е СДСМовската доследност во постојаното менување на политичките ставови. Од тие многубројни активности на СДСМ за разбивање на монотонијата во нивното јавно практикување на политиките сега за сега на врвот на топ листата за 2007 год. избирам две.

image

1.Усвојувањетото на редицата закони од Собранието на РМ во отсутство на опозицијата од СДСМ беше „печекано на нож“. Тогаш г-нот Макрадули (парафразирано кажано) оцени дека на мнозинските пратеници им било страв од опозицијата, та затоа тие како опозиционери ја бојкотирале работата на Собранието. Во времето на тој бојкот на СДСМ беше донесен и новиот Деловник за Работа на Собранието на РМ. И биде што биде, страшните опозионерски пратеници беа укорени од „меѓународната“, а мнозинските пратеници се согласија дека никогаш не е касно оние што ја бојкотираа работата на парламентот да поднесат амандмани за измена на споменатиот деловник. Но, уште пред да бидат соопштени најавените предлози за промена на новиот Деловник за работа на Собранието на РМ, координаторот на страшната пратеничка група г-нот Јани Макрадули, согласно тој ист нов деловник на кој му најдоа сто маани, се согласи да биде избран за потпретседател на Собранието на РМ. Разбира се, во тој момент пратениците на владеачкото мнозинство престанаа да се плашат од страшната опозиција наречена пратеничка група СДСМ.

image

2.Денес во „Дневник“ може да прочитаме: „Црвенковски се враќа на Република Македонија (Скопје)“. Или, кажано со други зборови, со цел да го збуни домашниот и странскиот непријател, државникот фрлил уште една петарда од својот богат арсенал на ќор фишеци.



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 444130
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2025  
ПВСЧПСН
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930