Постинг
01.12.2008 16:42 -
Не е прост како папуда

Со последната своја провокација веројатно има за цел да да го нервира Љубчо Георгиевски, но не и да создава тензии меѓу Република Македонија и Република Бугарија, која исто како и Грција може да стави вето на македонските евроатлански интеграции. Последната провокација на Латас (дека Скопје на 13-ти ноември 1944 г. бил ослободен од бугарскиот окупатор) е навреда и на оние кои се бореа за ослободувањето на Скопје од германските војски (еден од нив е и таткото на мојата сопруга). Токму затоа, да си припомниме дека на 6-ти април 1941 г. капитулира Кралството Југославија, а тоа ги израдувало нашите дедовци, нашите родители, затоа што се спасиле од варварската српска окупација. Но, набргу во Скопје се разчул гласот дека Германците размислувале дали градот да го дадат на управување на Србите, или Бугарите. Сепак германскиот окупатор ја почитувал волјата на мнозинството скопјани кои меѓу двете можности побарале градот да биде ставен под бугарска управа. На 22 април 1941 г. германската армија го предава градот Скопје на бугарската Петта армија која останува во градот се до 9 септември 1944 г., односно се до воспоставувањето на Отечественофронтовската власт во Бугарија. Благодарение на бугарските комунисти и помоштта од СССР, на 09.09.1944 г. Бугарија се вклучува во антинацистичката коалиција. На 9-ти септември 1944 г. редица комунисти, меѓу кои и Лазо Колишевски, се ослободени од бугарките затвори. Околу два месеца покасно, на 13 ноември 1944 г. македонската војска потмогната од борци на бугарската отечественофронтовска армија го ослободува Скопје од германската окупација. Антифашистичките бугарски единици не учествуваат во уличните борби за солободување на Скопје. Тие по барање на „југословенските другари“ се стационирани на сигурно за да не влезат заедно со македонските (југословенските) ослободители на Скопје.
Няма коментари
Търсене
За този блог

Гласове: 131