
Прочетен: 3111 Коментари: 0 Гласове:
Последна промяна: 10.01.2009 16:27
През 2000 г. Владимир Костадинов (р. 1925 г.), со цел да поднесе Барање за пристап и увид во личното досие на брат му Петар Манчев Костадиновски (1924-1978), во Пехчево и Делчево бара извод од матичната книга на родените и матичната книга на умрените. Но, Владимир Костадинов во соодветните служби на Пехчево и Делчево добива одговор дека лице со име и презиме Патар Манчев Костадиновски нема ниту во книгите на родените, ниту во книгите на умрените. А, без еден од овие изводи не е возможно да се поднесе Барање за пристап и увид во личното досие. Последното станува уште позначајно затоа што сестрите и братотот на божем непостоечкиот Патар Костадинов, кој починал 1978 г. во болницата во Демир Хисар, за неговата смрт биле информирани откако било погребано неговото тело. Кога побарале да им го покажаот гробот на Петар Костадиновски, од болницата во Демир Хисар пратиле некое душевно болно лице да им го покаже гробот на болничките гробишта. Таму имало неколку нови гробови без крст и без било каков напис за името на погребаниот. Душевно болното лице им покажал некој гроб и рекол дека тоа е гробот на Петар Костадиновски.
Петар Манчев Костадиновски (1924-1978)
Петар Костадиновски е роден на 25.06.1924 г. во село Панчарево, Царевоселско (Делчево). Мајка му Параскева (р. ? г. - 1975) през турско била егзархиска учителка, а потоа домакинка. Татко му Манчо (р. ? г. - 1985) бил земјоделец. Неговите браќа Стојан (1921-1989) и Владимир се учесници во „Народноосолободителната борба и Народната Револуција“. През Втората световсна војна Петар Костадиновски не војувал, но станал член на Народноослободителниот одбор во Пехчево. После војната, во Скопје през учебната 1945/1946 г. завршил „Школа за народни учители“. Се вработил како учител во Делчево. Следната 1947 г., како „преподавател“ (учител) по историја и географија во училиштето „Св.Јован Бигорски“ во Скопје го посетувал едномесечниот курс по наведените училишни предмети. Во 1950 г. од Делчево заминува за Скопје со цел да се вработи таму и да се запише на Филозовскиот факултет. На истиот факултет бил избран за секретар на основната организација на Комунистичката партија на Југославија. Во 1952 г. го запишал петтиот семестар. Кога го упасиле бил вонреден студент на истиот факултет и воспитувач во интернатот „Здравко Цветковски“ Скопје. Го затвориле во МВР, во „УДБ-а за Макединија“. Таму бил малтретиран до безсознание, покасно на своите биски им рекол дека многу го тепале. Потоа е однесен во душевна болница во Скопје, а оттаму во душевната болница во Демир Хисар каде починал 1978 год.
Најблиските роднини на Петар Костадиновски, братот Владимир (р. 1925 г.) и сестрите Љуба (р. 1928 г.) и Зора (р. 1932 г.) сеуште не знаат зошто бил уапсен.
Препис од Егзархиската книга на родените во која Петар Манчев Костадиновски е заведен през 1942 год.
Препис од Диплома за завршена „Школа за народни учители“ издаден на 26.10.1946 г.
Потврда за завршен курс по историја и географија издадена 1947 г. на учителот Петар Манчев Костадиновски
Службеничка книшка на Костадиновски Манчев Патар
„Службеничката книшка служи како доказ дека некое лице се навогја во државна служба.“
Студентската легитимација на Костадиновски Манчев Петар
Студенстки Индекс на Костадиновски Петар Манчев
СЕ МОЛАТ СИТЕ ЛИЦА КОИ ИМААТ НЕКОЈА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПЕТАР МАНЧЕВ КОСТАДИНОВСКИ ДА ЈА ЗАПИШАТ КАКО КОМЕНТАР НА ОВОЈ БЛОГ ПОСТ, ИЛИ ДА ЈА ПРАТАТ НА СЛЕДНАТА АДРЕСА Santo_Iliev@yahoo.com
