Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
01.07.2008 13:50 - Трифун Премиер
Автор: papata1962 Категория: Политика   
Прочетен: 676 Коментари: 0 Гласове:
0



Скопје 24.04.2007 г. Пред неколку дена да ме прашаше некој: „Дали во Скопје може да стане градоначалник некој којшто не знае да го дефинира поимот државен празник?“ – ќе му кажев: не тропи глупости.

Но, генијалноста на глупоста нема крај! Како што предмалку кажаа на една национална tv, според градоначалникот на Скопје, негова надлежност било празнувањето на државните празници во скопските училишта! Та нели, училиштата биле во надлежност на градоначалникот!


image

Според ова Трифунова мудрост, нема да биде чудо, на пример, ако во еден измислена ситуација градоначалникот на Тетово г-нот Невзет Бејта излезе пред тетовци на 11-ти октомври и им каже: „Нема да го празнувате пукнувањето на првата пушка во Прилеп, туку првата пушка во Танушевци, затоа што нели градот Тетово е во надлежност на градоначалникот од ДУИ!“

Или, да земеме друг претпоставен пример: сопственик на фабрика во нормални работни услови на работниците им вели: - на 1-ви мај сите на работа, фабриката е моја, јас сум надлежен тука! - И во овој хипотетички случај, ако нема вонредни услови (пожар, поплава, земјотрес), според „логиката“ на г-нот Трифун Костовски замислениот фабрикант со своите надлежности е над Собранието на РМ кое е единствено надлежно да ги утврдува државните празници.

По се изгладе утре ќе сме свидетели на дефицитот на општа култура на директорите на скопските училишта кои во случајов ќе се поведат по умот на г-нот Трифун Костовски. Тоа го отвара прашањето како може да директоруваат по скопските училишта луѓе кои „не знаат“ дека државните празници ги утврдува Собранието на РМ и дека за нивното спроведување се грижи Владата на РМ, а не градоначалнокот на овој или ониој град, макар тоа било и град Скопје.

За да нема забуни, сетете се во СФРЈ кој ги даваше дозволите да се „спојуваат“ и „заменуваат“ неработните денови со деновите на државните празници? Дали тоа беше градоначалникот на Белград, или „Сојузната Влада“?

Абре г-не Трифун Костовски, ме насмеа горко, ем се смејам, ем се срамувам што во Македониајва ни се случуваат вакви работи.

Кому и зошто актуелниот градоначалник на Скопје покажува дека за инат е спремен да изеде една вреќа сол, на сите ни е јасно.

А, директорите на скопските училишта кои ќе се изглупираат како загари на Т.Костовски секако заслужуваат да бидат разрешени. Оти, што ќе ти е директор кој незнае елемантарни работи од општа култура?

Се додека Собранието на РМ е највисокиот орган на управување се дотогаш ќе има надеж за Македонијава, во спротивно да му се дозволи на еден градоначалник да суспендира државен празник значи да се биде бабица во раѓањето на еден нов каков таков диктатор (па макар тоа било само и пародија на диктатор).

Ми се чини крајно време е скопјани да се соберат на плоштадот Македонија, да го парализираат сообраќајот во Скопје и на г-нот Трифун Костовски да му дадат „шут карта“! Ако премолчиме на ова глупирање на мртвородениот диктатор, ќе им дадеме надеж на други кои бленуваат да се стават над законите.

image

Браво мајсторе! Воведи го повторно празнувањето на 29-ти ноември во скопските училишта, Вие сте надлежен таму.




Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: papata1962
Категория: Политика
Прочетен: 429936
Постинги: 132
Коментари: 311
Гласове: 131
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930