Постинг
08.10.2008 18:06 -
Уа Џонсон!
Незнам која година беше кога на некои куќи во Струмица беше испишан гафитот: „Уа Џонсон!“. Тогаш на радио, а покасно и на tv, постојано бевме „бомбардирани“ со „вестите“ дека „и денес“ Виетнамците ги брушеле како круши американските авиони. Нашите родители прикриено се потсмеваа на таа социјалистичка солидарност, а ние децата, на возраст од прво до второ-трето оддделение, јавно си се делевме во маалото на оние кои навиваат за Русите и оние кои навиваат за Американците. Делбата беше сериозна, туку-речи како американската агресија врз Виетанам, а не божемска, како што беше кога си игравме к’мај (на каубојци и индијанци), или на партизани и Германци.

Търсене
За този блог

Гласове: 131