
Прочетен: 3378 Коментари: 1 Гласове:
Последна промяна: 10.01.2009 12:51

академик Блаже Ристовски
Во своето писмо – реакција, по повод интервјуто со д-р Зоран Тодоровски во „Фокус“ од 31.10.2008 г., академик Блаже Ристовски меѓу другото го прашува на д-р Тодоровски:
„Можете ли да наведете барем еден единствен „елементарен фалсификат“ во сите мои над 60 објавени одделни книги или повеќестотините научноистржувачки прилози (над 30.000 отпечатени страници) во земјата и во странство? (Досега такви се откриваат само од софиските диоптрии).“
Бидејки сум бил доведен во непријатна ситуација поради тоа што сум верувал на Блаже Ристовски како автор, ќе наведам барем еден елемнтарен фалсификат подметнат од Блаже Ристовски.
Пред неколку години имав можност да се запознаам со д-р Божидар Димитров, тогашен и сегашен директор на Националниот историски музеј во Софија. Во лаф муабетот спонтано се наметна и разговор за минатото, при што како аргумент ја посочив интерпретацијата на Б.Ристовски на една статија напишана од Димитар Василев Македонски (1847-1898) која е публикувана во далечната 1871 г.
Бидејки сега при рака ја имам книгата на Б.Ристовски на која се повикував во разговорот со Б.Димитров ете како цитат тој текст кој му го посчив на Божидар Димитров.
Во 1983 г. Блаже Ристовски пишува: „Вистина, основната маса на денешниот македонски народ се Словените што дошле на овој дел од Балканскиот Полуостров главно во VI и на почетокот на VII век, но и покрај сите погроми тие не го нашле овој простор наполно испустен: апсорбирајќи делови од затечените народи (антички Македонци, Илири, Траки, Грци, Римјани, прадедовците на денешните Албанци и Власи и др.) Словените ја апсорбирале и нивната култура и при тоа смешување постепено се создавал народ со претежно словенски етнички елементи, со словенски јазик и словенско-византиска култура. ...Во историјата на македонскиот народ несомнено важна улога имал словенскиот карактер на основниот етник, но не може и не треба да се превиди ни значењето на античките Македонци што посредно му дадоа на овој народ територија, име и крв. Ако историјата на турно-монголските Бугари се прима како неразделен дел од историјата на современиот бугарски народ, зошто Македонците да не го почитуваат минатото и славата на својата земја, на своето име и на дел од својата крв? Зашто, како што вели Д.Македонски во 1871 г. „не зинала земјата па да ги голтне“ тие стари Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ.“ (Б.Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација.II. 22 и 32) Скопје 1983.
Но, одговорот на Божидар Димитров беше дека моето повикување на напишаното од Блаже Ристовски за Димитар Василев Македонски е неосновано, затоа што Б.Ристовски го наведува неинформираниот читател да си мисли дека Д.В.Македонски бил македонист. Му велам, ако сакаш да ти верувам дај ми доказ, во Софија веројатно се чува статијата на Д.В.Македонски, секако имате микрофилм, отпечатете ми ја статијата, ќе прочитам што пишува и ќе верувам на тоа што ќе го видам. Се договоривме след некое време да ми даде копија од таа статија на Д.В.Македонски.
Но, Божидар Димитров се појави со празни раце. Тврдеше кажа дека микрофилмот исчезнал, дека според евиденцијата последен кој што го користил тој микрофилм во Софија е Блаже Ристовски. Му велам, сакате да кажете дека е возможно Блаже Ристовски да го украл микрофилмот? - Одговри потврдно. Ми вели, микрофилмот ќе го бараш кај вас во Скопје.
След неколку дена отидов кај м-р Димитар Галев, кој како историчар имаше богата библиотека. Го прашав дали ја има таа и таа статија од Д.В.Македонски, но и тој ја немаше. Ми даде една книга напечатена во Софија во која имаше приложени фотокопии од текстови на Димитар Василев Македонски.

Димитар Василев Македонски (р. 1847 во с. Емборе, Кајларско, денес во Грција - убиен 1898 г. во Цариград)
Димитар Василев Македонски е автор на: „Буквар за употребение в македонските училишта“, „Скратен православен катихизис“ и „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречие)“, напечатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г.
Во „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречие)“, напечатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., Д.В.Македонски пишува:
„П.[Прашање] Кои се оние Бугари, што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?
Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија?
П. Од кого се покрстени тие?
О. Од Апостол Павле...“
Од наведеното може да заклучиме дека до 1867 г. Димитар Василев Македонски пишува на македонско наречие буквар и историја за употреба во македонските училишта наменети за Бугарите што живеат во Македонија кои се покрстиле од времето на Апостол Павле. Што значи, античките Македонци за Димитар Василев Македонски биле Бугари. Можеби Д.В.Македонски со етномимот Бугари да го означувал општото – заедничкото, т.е. Словени.
По некое време конечно успеав во Скопје да добијам копија од оригиналната содржина на статијата на Д.В.Македонски „По македонскыйтъ въпросъ“ (По македонското прашање) напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г. и да споредам дали Блаже Ристовски во 1983 г. навистина верно го интерпретирал тоа што Д.М.Македонски го напишал за „тие стари Македонци“.

Статијата „По македонскыйтъ въпросъ“ напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г.
Секако дека според Д.В.Македонски не зинала земјата да ги голтне „тие стари Македонци“. Но, Димитар Василев во својата статија „По македонскыйтъ въпросъ“ напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г. кажува нешто сосема друго од тоа на кое през 1983 г. алудира Блаже Ристовски.

Имено, во таа статија напишана во врска со отсуството на покана за учество на „Македонците“ на Архиепископскиот собор за уредувањето на Егзархијата, Д.В.Македонскый до главниот редактор на весникот „Македонiя“ Петко Рачов Славејков (1827-1895) гневно пишува:
„И поднаучете си малку историја, или барем научете ги каракеристиките на историјата и ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари како вас; оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (Фотокопија статијата во в. Македонiя од 16.02.1871 г.)
Резиме: Цитираниот пасус од статијата на Димитър Василев Македонскый „По македонскыйтъ въпросъ“ напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г. јасно кажува дека Д.В.Македонски не говори за антички - „стари Македонци“, како што напишал во 1983 г. Блаже Ристовски, туку за своите современици Македонци Д.В.Македонски кажува дека биле: „чисти Българи“.
И најсетне, дали Блаже Ристовски навистина го украл микрофилмот од Софија, или Божидар Димитров му импутира, навистина ме интересира, но не е мое да водам таква истрага. Своевремено дали е направен само еден микрофилм со наведената статија на Д.В.Македонски, или повеќе, не ми е познато.21.10.2012 23:16
Сигурно Димитар Василев не мислел на Аспаруховите Тјурко-бугари...
Ова ми е најчист пример за разликата меѓу македонската ЕТНИЧКА СВЕСТ и бугарската НАЦИОНАЛНА ОПРЕДЕЛБА kaj македонските интелектуалци -
Димитар В. Македонски бил жесток поборник за бугарската национална идеја. Но тој го поистоветил македонскиот народ со првите Христијани на Балканот, а не со Тјурко-булгарите доселеници во 7. век.
3начи... Димитар Македонски имал цврста бугарска НАЦИОНАЛНА определба, бидејќи сакал македонскиот народ (етникум) да го припои кон бугарската држава и нација....Но,имал ЕТНИЧКА македонска свест - го поистоветил македонскиот народ со првите Христијани на Балканот - Древните Македонци...
И ’’Лозарите“ говорат за бугарска народност (нација), но белат дека “Народноста речиси секогаш е составена од повеќе племиња...’’
