5-ти јули 2007 г.
ГРУЕВСКИ – ШЕКЕРИНСКА 20 : 1
Според последната анкета Премиерот Груевски ужива доверба кај 30% од анкетираните, а лидерката на СДСМ, г-ѓа Шекеринска само кај 1,5% од анкетираните. Случајниот избор на анкетираните граѓани (1024 анкетирани) сосема точо не го покажува расположението на двамилјонскиот електорат во РМ, но сепак е валиден индикатор за степенот на доверба што го уживаат споменатите политичари. Во ова анкета најзначајното е што речиси еднаков број од анкетираните ијзавиле дека имаат доверба во ВМРО-ДПМНЕ и г-нот Груевски (во двата случаи по околу 30% од анкетираните), додека тој однос во случајот со г-ѓа Шекеринска (1,5%) и СДСМ (8%) ниту од далеку не е приближен. И овој резултат од 5 : 1 е крајно неповолен за г-ѓа Шекеринска и СДСМ. Ако овие бројки се земат како валиден индикатор, тогаш излегува дека и значаен дел од членството на СДСМ сега не верува дека г-ѓа Шекеринска после три години ќе стане Премиер на РМ. Веројатно сознанијата за резултатите од последната анкета ја натераја г-ѓа Шекеринска и СДСМ наместо на 28-ми август (кога лани беше избрана Владата предводена од г-нот Груевски), на 5-ти јули о.г. да ја започнат својата пропаганда активност наречена „Една година влада“. Незадоволството на „тезгаџиите“ (трговците поединци) од обврската да се „фискализираат“ секако влијало за започнувањето на итната (ургентната) сдмовска пропагандна кампања “Една година влада“.P.S.
На кое дереџе е политичката пропаганда на СДСМ говори и коментарот на Ѕвездан Георгиевски („Глобус“, 10.07.2007), кој свевремено се прослави како новинар кој го вртеше перото против г-нот Љубчо Георгиевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Ако е од г-нот Ѕвездан, пак многу е!
.jpg)
Р:Ѕ.
Карикатурата за прв пат веше постирана пре зпочетокот на јули 2007 г. На првите вонредни (или, предвремени) парламентарни избори во Република Македонија, СДСМ беше поразен катастрофално, со резултат: 63 депутатски места за ВМРО-ДПМНЕ спрема 27 депутатски места за СДСМ.
1-ви јули 2007 г.
Твдењето на опозицијата дека во случајот само рекламата е пресудната за така високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ не држи, оти и со најдобрата реклама не може да се продаде лош производ..jpg)
Обвинувањето на г-нот Рахиќ дека г-ѓа Шекеринска владеала авторитарно, секако не е основната причина за досега најниско забележаниот рејтинг на СДСМ (види слика). Мислењето дека претседателката на СДСМ е марионетка на г-нот Црвенковски секако не влијае поволно на рејтингот на СДСМ, но тоа не е единствената причина за сегашниот пад од 2% на рејтингот на СДСМ. Можеби е издржано и тврдењето дека „тинејџерски“ имиџ на г-ѓа Шекеринска не го дава посакуваниот резулат во покачувањето на рејтингот на СДСМ. Неиздржано е и тврдењето дека за толку нискиот рејтинг на СДСМ е виновна само г-ѓа Шекеринска. Да се тврди дека г-ѓа Шекеринска е „гробарот на СДСМ“ сега за сега е неосновано. За така нискиот рејтинг на СДСМ пред се е виновен кабинетот на г-нот Груевски кој има добар производ за рекламирање. Досега е одиграна само една четвртинка од утакмицата, но ако продолжи овој тренд на раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ....
Р.Ѕ.
11 месеци покасно на предвремените парламентарни избори изборниот резултат меѓу коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 64 : 28 пратенички мандати. Но, сега со сигурност можеме да кажеме дека и г-ѓа Шекеринска е виновна за тој катастрофален пораз на СДСМ.
Зошто скопјани плаќаат 100% погоеми сметки за вода, во кои е пресметана и цената за одржување на градското зеленило и комуналната хигиена? Зошто скопјани не гледаат нова механизација и нововрабоени за одржување на комуналната хигиена и градското зеленило? Како мисли актуелниот градоначалник на Скопје да ги троши парите од покачувањето на цената на водата? Нама одговор на овие прашања во последното интервју со г-нот Трифун Костовски (јуни 2007 г.). Во него може само да ги прочитаме неговите жалби и поплаки: од Груевски, од ЗЕЛС, од системот, од рураалните средини вклучени во Градот, од сите... Во вакви сутуации нашата северна соседтка вели: „Рђавом... и длаке сметају!“. За жал и понатаму г-нот Трифун Костовски останува најпоштедената јавна личност од македонските медиуми. Да беше друг човек градоначалник со такви резултати досега сигурно ќе служеше како општопознат пример каков не треба да биде еден градоначалник. Но, фала им на оние ои му овозможија да му ги видеме способностите како политичар, инаку, ако формираше партија и влезеше во Владата на РМ, не Скопје, Македонија ќе страдеше.





Сила бога не моли.
Интервју на Каролина Ристова-Астеруд, меѓународен секретар на СДСМ за „Форум“ -
ЗА ЕВРОПРЕДИЗВИЦИТЕ Е ПОТРЕБЕН ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ МУСКУЛ




.jpg)
.jpg)
.jpg)
Но, генијалноста на глупоста нема крај! Како што предмалку кажаа на една национална tv, според градоначалникот на Скопје, негова надлежност било празнувањето на државните празници во скопските училишта! Та нели, училиштата биле во надлежност на градоначалникот!
Според ова Трифунова мудрост, нема да биде чудо, на пример, ако во еден измислена ситуација градоначалникот на Тетово г-нот Невзет Бејта излезе пред тетовци на 11-ти октомври и им каже: „Нема да го празнувате пукнувањето на првата пушка во Прилеп, туку првата пушка во Танушевци, затоа што нели градот Тетово е во надлежност на градоначалникот од ДУИ!“
Или, да земеме друг претпоставен пример: сопственик на фабрика во нормални работни услови на работниците им вели: - на 1-ви мај сите на работа, фабриката е моја, јас сум надлежен тука! - И во овој хипотетички случај, ако нема вонредни услови (пожар, поплава, земјотрес), според „логиката“ на г-нот Трифун Костовски замислениот фабрикант со своите надлежности е над Собранието на РМ кое е единствено надлежно да ги утврдува државните празници.
По се изгладе утре ќе сме свидетели на дефицитот на општа култура на директорите на скопските училишта кои во случајов ќе се поведат по умот на г-нот Трифун Костовски. Тоа го отвара прашањето како може да директоруваат по скопските училишта луѓе кои „не знаат“ дека државните празници ги утврдува Собранието на РМ и дека за нивното спроведување се грижи Владата на РМ, а не градоначалнокот на овој или ониој град, макар тоа било и град Скопје.
За да нема забуни, сетете се во СФРЈ кој ги даваше дозволите да се „спојуваат“ и „заменуваат“ неработните денови со деновите на државните празници? Дали тоа беше градоначалникот на Белград, или „Сојузната Влада“?
Абре г-не Трифун Костовски, ме насмеа горко, ем се смејам, ем се срамувам што во Македониајва ни се случуваат вакви работи.
Кому и зошто актуелниот градоначалник на Скопје покажува дека за инат е спремен да изеде една вреќа сол, на сите ни е јасно.
А, директорите на скопските училишта кои ќе се изглупираат како загари на Т.Костовски секако заслужуваат да бидат разрешени. Оти, што ќе ти е директор кој незнае елемантарни работи од општа култура?
Се додека Собранието на РМ е највисокиот орган на управување се дотогаш ќе има надеж за Македонијава, во спротивно да му се дозволи на еден градоначалник да суспендира државен празник значи да се биде бабица во раѓањето на еден нов каков таков диктатор (па макар тоа било само и пародија на диктатор).
Ми се чини крајно време е скопјани да се соберат на плоштадот Македонија, да го парализираат сообраќајот во Скопје и на г-нот Трифун Костовски да му дадат „шут карта“! Ако премолчиме на ова глупирање на мртвородениот диктатор, ќе им дадеме надеж на други кои бленуваат да се стават над законите.
Браво мајсторе! Воведи го повторно празнувањето на 29-ти ноември во скопските училишта, Вие сте надлежен таму.

До следната епизода забавата заврши, публиката може да здивне.
.jpg)
Се разбира, додека сценаристите, режисерите и актерите на македонските политички игри без граници не смислат нови културно-забавни активности со трагикомични последици по нивните објекти на политички манипулации.
.jpg)
Веројатно, на прв поглед старо-новите игри ќе бидат поинвентивни, ама во суштина ќе си останат исто толку бедни како досега.

Или, со други думи кажано: „порфавор“ политика во Reality Show!
.jpg)
Ако сме живи и здрави, на македонската политичка сцена пак ќе гледаме стари трикови за нови будали.

И пак ќе бидат за едни весели, а за други тажни.

И, на крајот: - кој ни е крив што ги направивме важни?

P.S.

Љ.Георгиевски со задоцнување демантираше дека се сретнал со Црвенковски. Но, не одговори на прашањето кое лебди во јавноста: дали беше согласен со ДПА, НСДП и СДСМ да изгласа недоверба на кабинетот на Премиерот Груевски? Одговорот на поставеното прашање секако е сврзан со фактот што „владата на Груевски“ (т.е. владата на коалицијата „За подобра македонија“) зависи од гласовите на ДПА, а не од НСДП или ВМРО-НП). Сетне, новинарката Мирка Велиновска на споменатиот демант остро го обвини г-нот Љубчо Георгиевски дека не ја зборува вистината, т.е. дека безобразно лаже кога тврди дека не се сретнал со „лицето Б.Ц.“ за да го руши кабинетот на Груевски.
Кому да му веруваме? Мои познаници, коиважат за добро информирани, тврдат дека Георгиевски се сретнал со Црвенковски и дека Георгиевски бил многу среќен кога разбрал дека Груевски ќе коалицира со Мендух Тачи.
.jpg)
Ако скопската изрека, согласно „методологијата“ на Латас, ја преминиме и кон некои други политичари кои се обидуваа да манипулираат со резултатите од преговорите ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ќе консатираме дека има и други „скопски“ мајмуни. На пр., Црвеновски „се избања“ со неговите тврдења дека Груевски е виновен за неупехот во преговорите со ДУИ. Латас не го коментраше и за „бањањето“ на Шекеринска со нејзините произволни обвинувањата дека Груевски ја лажел јавноста. Таа мавтајки со т.н. докумет-записник, обвинувала, или без да ги прочита тие неоколку страници текст, или сметајки дека јавноста е толку глупава, што ќе му поверува на оној кој повеќе крева врева. Навистина сите три ситуации се трагикомични, ама најтрагикомични се последиците од 10-годишното владеење на СДСМ, кој РМ ја преобрази во Земја на мајмуните (алузија филмот Планета на мајмуните).
