
Картата беше објавена во 1990 г. во еден српски весник.
Пред одржувањето на првите повеќепартиски избори во РМ, претседателот на веќе згаснатата Земјоделска партија (ДС-ПЗМ), сега покојниот Димитар Галев, ме покани да присуствувам на нивен партиски состанок што се одржа во канцеларијата на адвокатот Васил Танев. Главна тема за дискусија беше македонскиот однос кон акциониот лозунг „Косово Република“. Спротивно од тогашната режимска пропаганда, без перде на устата, реков дека нас не треба да не засега синтагмата „Косово Република“, ако Албанците ни ја признаат државната граница и дека тоа е пред се прашање кое треба да биде решено од Албанците и Србите. Следниот ден, соседот Галев вознемирен ми рече: „Некој ја озвучил канцеларијата на Танев... во полицијата знаат што си зборувал за Косово...“ (патем, тогашната власт јавно декларираше дека нема веќе да ги прогонува граѓаните за вербалeн деликт). Не помина многу време, Галев како гостин на Собранието на Република Македонија, од собраниската говорница повика на албанска солидарсност за осамостојување на РМ од официјален Белград и побара да се повлече македонската милиција од Косово. Во тоа време, Словенците веќе одамна беа ја повлекле својата милиција од Косово, а во Република Македонија освен Срби сеуште имаше и Македонци кои негодуваа за барањето да се повлече македонската „народна милиција“ од Косово. Тогаш со Галев разговарвме за можното инсценирање на нова „народноослободителна борба“ на Македонците и Србите против „балистите и сепаратистите“. Се согласивме дека Слободан Милошевиќ во следните години секако ќе заврши на нов нирмбергшки процес. Сеуште не помислувавме на можна коалиција меѓу Срби и Албанци по однос на прашањето за поделба на Република Македонија. Но, македонските Албанци го бојкотораа референдумот со глупавото референдумско прашење, потоа го бојкотираа пописот на населението и си организираа илегален референдум за прогласување на „Република Илирида“. Во контекст со малоумното вербално негирање на РМ од страна на српкиот православен врв и ултранациналистот Воислав Шешељ, со прогласувањето на „Илирида“ во јануари 1992 г. излезе на виделина албанската спремност за склучување српско-албански сојуз за поделаба на РМ. Фала им на Бугарија, на Жељу Желев и Турција што ги осуетија српско-грчките планови за поделба на Македонија. През тоа време на „пипање на пулсот“ за создавањето на сојузи за поделба на РМ, нашата држава за прв пат доби воена помош од своите сојузници Германија и САД. Девет години покасно Албанците си организираа „народноослободителна војна“ против „словенската окупација“ на т.н. Западна Македонија. (Патем, тогашниот премиер Љубчо Георгивски тврдеше дека македоската полиција и војска немаат ниту еден куршум; ако било така тогaш, од каде е тоа подарено уружје кое беше „шверцуваното во бугарските камиони“ и кое е оружјето што според првата изјава на официјална Москва завршило во Грузија, - знае ли некој?)
Ќе заборавев:
Ај нека ни е наздравје новиот сосед!
Во Титова Југославија најдобро решение за Косово беше Александар Ракновиќ.Прогноза:
Меѓанородниот суд во Хаг ќе расправа за легитимността на создавањето на државата Косово, но Косово нема да биде вратено во Србија. Не зато што Србите лошо „стопанисуваше“ со природните ресурси на Косово, не затоа што одлуките на судот се незадолжителни, туку затоа што Србија нема било какава власт над Косово.
Велика (Голема) Албанија според српските „разунавачи“.Ако на историографијата гледаме како на воена дисциплина (пропаганда) тогаш секако треба да ја имаме на ум следната кратка „историја на болестта“:
1.Во 1868 г. Григор Прличев по ослободувањето од затворот во Дебар пишува дека градот веќе се поалбанчил. Муслиманизацијата на дел од Албанците, како верни поданици на Османлиското царство, им овозможи да се однесуваат арамиски кон „ѓаурите“ и да се шираат кон рамничарските предели во Македонија.
2.Отприлика во тоа време кое врвело многу бавно, британскиот конзул во Битола ги советувал своите во Лондон да се застапат Портата (т.е. Турција) да не ги разоружува илегално вооружените Албанци кои според конзулот можеле да играат значаен чинител во одржувањето на рамнотежата меѓу словенските народи Црногорци, Срби и Бугари (македонскиот не се спомнува) и воопшто меѓу православните на Балканот.
3.Склучениот македонско(бугарски)-албански сојуз при крајот на 19 век не дал никакви резултати, не ги сопрел ниту арнаутските грабежи на македонското население. На почетокот од втората деценија на 20-ти век Албнците се обидуваат во границите на својата држава да го вклучат и Скопје, но тогаш тие сеуште не се значаен политички чинител на Балканот.
4.Склучениот сојуз меѓу ВМРО (претставувана од Петар Чаулев) и Албанците за востанување против српската окупација на дел од Македонија останал нереализиран затоа што договорениете три албански чети не зеле учество во востанието. Но, по задушувањето на Охридско-дебарското востание во 1913 г. српската репресија била безмилосна како по македонското така и по албанското население во т.н. Јужна Србија. По страшните репресии врз голоракото наслеение, српскиот генерал штаб ја носи оддлуката Србија никогаш повеќе да не дозволи сојуз меѓу „Албаци и Бугари“ (се однесува на сојуз меѓу Албанци и Македонци организирани во ВМРО).
5.Во текот на Втората световна војна и по неа, можеше ли без крв да се уредат албанско-македонските односи? Титовата демагогија за југословенското братство и единство во реалността значеше српска репресија врз Албанците. Но, Албанците на таа репересија во трите Југославии (Караѓорѓева, Титова и Милошичева) одговорија со енормно голем наталитет кој им овозможи да тргнат во освојување на нови сопствени територии. Демографското празнење на Косово кое беше практикувано од многумина српски политичари, не резултираше со посакуваниот од србоманите српско-македонски сојуз против Албанците, туку со проширување на етничките територии на Албанците. (Во Контекст на тоа не бива да се лажеме дека РМ е сопственик на Дебар, или Тетово, затоа што територијата е на тој кој што ја населува.) Српската злоупотреба на историографијата во политички цели резултираше со албанскиот историцизам кој своите воини ги мобилизираше и мотивираше на освета со тврдењето дека предците на совремните Албанци биле натерани од Словени (всушност од Готи, Хуни, Авари, Словени и Прабугари) да се повелечат во планински предели на „нивната таковина“ (тоа всушност станало во време на Римската империја).
6.Во распадот на „социјализмот како светски процес“ Албанците не ја пропуштија можноста да се претстават како најблагонадежниот сојузник на НАТО. За разлика од првославните Грци кои со душата се во Москва, а со лакомото цревоугодништво во Вашингтон и Брисел, Албанците ништо не ги сврзува со Русија. Згора на тоа, во минатото научиле како да опстанат со слугување на Османлиското царство.
7. Наравоучение. Извлековме ли?







Горанка

Има ли > 50% Алнаци во Скопје?


Има ли врска „двојната формула“ со Johnnie Walker, или сето тоа е шпекулација?
В-кот „Вечер“ пишува дека дотичниот ќе се „прослави“ и како коавтор во задоволувањето на грчкото барање за промена на „уставното име“ на РМ и самооткажување од македонскиот национален идентитет. Но, тоа „мудрување“ во „Вечер“ најверојатно е уште едно сервирање на добропознатиот рецепт од пропагандната кујната: „шпекулацијата со шпекулација се избива“, па кој ќе лапа нека лапа.

Најпрво поранешниот лидер на СДСМ Владо Бучковски се обиде да се го амортизира влијанието на „господинот Црвенковски“ во СДСМ. Потоа и „наследничката на Бучковски“, екс-лидерката на СДСМ, г-ѓа Шекеринска на свој начин се извини за лошо смислените и водените политики на СДСМ. Сега и новоизбраниот прв в.д. претседател на СДСМ се извини за сите лоши политики на СДСМ и тоа токму во момент кога последната анкета покажува раст на рејтингот на г-нот Бранко Црвенковски.

Домашниот есап и тој на пазарот не се поклопуваат. По се изгледа вршителот на должноста претседател на СДСМ најкратко ќе се радува на лидерската позиција.
.jpg)

.jpg)
Г-нот Црвенковски со нагласена резигнација кон политиките на „Преродбата во 100 чекори“ рече дека нема да се кандидатира за Претседадел на РМ. Ако навистина е така, тогаш се наметнува прашањето, кој ќе биде кандидатот на СДСМ на следните избори за Претседател на РМ?
Дали човекотот кој беше рекламиран како носител на „победа за името во ОН“ ќе биде навистина „човек за иднина“?
Срѓан Керим, ќе се кандидатира ли за Претседател на Република Македонија?
Некои кажуваат дека човеците кога се прават карневали се преправаат во тоа што би сакале да бидат на јаве. Незнам дали тоа тврдење е научно докажано. Ако е, во тој контекст значајно е што на календарот издаден од Општина Струмица за 2008 година го имаме сегашниот градоначалник на Струмица г-нот Зоран Заев преправен во пират (криминалец). Случајно или не, како што струмичкиот и прилепскиот карневал се одржуваат околу Прочка, летото г-нот Зоран Заев беше амнестиран од Претседателот на РМ г-н Бранко Црвенковски, откако претходно беше арестуван под сомнение дека учествувал во криминална зделака вредна околу 8.000.000 (осум милјони) евра.
Со целосно уважение на сфаќањето дека никој не е виновен додека не е осуден, се наметнува прашањето зошто г-нот Црвенковски не го амнестира и г-нот Владо Бучковски (поранешен премиер на РМ и лидер на СДСМ), кој исто така тврди дека против него се води судска истрага од политички причини. Љубопитството кон одговорот на поставеното прашање го поттикнува и фактот што г-нот Бучковски беше шеф на изборниот штаб на претседателските избори кога г-нот Црвенковски беше избран за Претседател на РМ. Зарем е возможно г-нот Црвенковски да се сомнева дека г-нот Бучковски направил кримаинална зделка додека министерувал како министер за одбрана?










Некои македонисти, на пример, како „дедо Стефан“ (архиепископот на МПЦ, г-н г-н Стефан), говорат дека современите Македонци биле: „библиски народ“. Но, со откритието на “праисторискиот Македонец“, со откритието на „прситорискиот македонски јазик“, со „откритието на праситориските македонски закони“, излегува дека современите Македонци се праисториски народ, постар чак и од Библијата и другите т.н. библиските народи.

Значи, „фиромистите“ и македонистите треба да си се договорат, дали современите Македонци како Македонци се стари само 7.000 (седум илјади) години, или како праисториски народ се постари од 10.000 години.
.jpg)

След откритието дека имало „праисториски Македонец“, след откритието дека имало 7.000 (СЕДУМ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ПИСМЕНОСТ, 3.000 (ТРИ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА, 2.500 (ДВЕИПОЛ ИЛЈАДИ) ГОДИНИ МАКЕДОНСКО ИМЕ, новинарот Мишко Талевски во в-кот на извесниот македонист Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски прашува: „КОЈ Е ТОЈ КОЈ „КУМСТВО“ ЗЕДЕ ПО 23 ВЕКА ДА НИ БИДЕ!?“
Одговорот е известен, тоa е Македонецот и македонистот No1 Крсте Петков Мисирков.



Македончето - новиот југословенски човек

Некое време покасно летечките чинии се забележани над град Скопје.
.jpg)

Ако е веродостојно напишното во „Глобус“, неспорно е дека имаме „двобој“ меѓу Црвенковски и Шекеринска.

Под заглавието „Ханџиски стечаен управник на СДСМ “ в-кот „Вест“ пишува дека: „ Нов лидер на СДСМ, најверојатно, ќе биде Благој Ханџиски “.

Не ми се верува! Ханџо не е толку глуп како што се шпекулира. За разлика од многу претпазливиот Зоран Заев, Ханџо навистина е способен 4 години во опозиција трпеливо да работи за изборна победа. Но, не само нему, туку и на многумина други во св.сдсм, им е совршено јасно дека без иднина е партијата која прифаќа нејзините значајни политички фигури да играт ролја на пиунка во рацето на возвишенио лидер. Токму затоа, пргнозирам дека под наведените услови Ханџо нема да биде новиот стечан на св.сдсм. Но, ако се нафати бидете сигурни дека ќе направи се во првата прилка лицето Б.Ц. да го прогласи за технолошки вишок на македонската политичка сцена, а самиот тој да се кандидатира за Претседател на Република Македонија. Сепак, сега за сега е неспорно само дека Б.Ц. ќе одлепи од Шекеринска.
Многумина еС-Де-С-овци беа фасцинирани од способноста на г-ѓа Шекеринска за краткорочно размислување. Истите беа многу горди на сопственото убедување дека никој не може да ја надговори нивната лидерка која интимно во себе веруваше дека таа нејзина мана и дава компаративна предност во однос на нејзините политички конкуренти. На самобендисаните еС-Де-С-овци дополнителна сигурност им влеваше и новиот тинејџерски имиџ на лидерката на СДСМ кој како турбофолк хит хармонично се вклопуваше во мотото: „Социјалдемократијата е секси“ (што ќе рече: Рада е секси).
.jpg)
Но, прекумерните фалби, паунската надменост која извираа од премавнувањето на пубертетски комплекси на г-ѓа Шекеринска и левичарскиот презир на граѓанската способност да се мисли трезвено со своја глава, го закрепнуваа верувањето дека СДСМ е кочничарот на напредокот во секој поглед, а лидерката на коалицијата „Сонце“ е нездрела личност која заглавила во својот пубертески филм (во кој, таа, од „грдо пајче“ се преобразува во сексипилна, славна и обожавана личност налик на Мерелин Монро).

Во жанрот на добра француска комедија, како муви без глави, во овој филм во минорни ролји и како стаисти влетаа и Бранко Цревнковски (кој нели не завзеде страна во кампањата); и Јани Макрадули; и Игор Ивановски Шема; и Андреј Петров; и Зоран Заев; и Јово Манасијевски; и Тито Петковски; и Стојан Андов, но не и Никола Поповски, Кондарко... Следствено на тоа се поставува прашањето: до следните претседателски и локални избори кои ќе се одржат догодина, кој ќе биде новиот лидер на СДСМ? Баба Зумбула секако - не!

Во СДСМ секако има многу јунаци кои не се плашат од „женски фустан“. Но, од познатите фаци на СДСМ изгледа само Никола Поповски има некаква претстава за економија (т.е. за една од силните страни на Премиерот Никола Груевски и други истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ). Секако и со Никола Поповски на чело на СДСМ социјалдемократијата ќе биде исто толку секси како и со г-ѓа Шекеринска, затоа што г-нот Никола Поповски веројатно основано го бие глас дека имал истенчен вкус за она што се крие под „женски фустан“. Потоа, со Никола Поповски како лидер на СДСМ, еС-Де-Совците ќе бидат сигурни дека нивниот лидер кога ќе го кани Премиерот на tv-дуел нема да го кани и на „женски фустан“.


The End за овој блогпост.
Политикита е сериозна работа за да се гледа само од нејзината трагикомична страна, а јас имам поважни обврски отколку да си се релаксирам тука.
P.S.
papata.blog.com.mk беше постиран од 24.12.2006 г. до 10.04.2008 г., а потоа избришен. Во контескт на истиот беа направени и публикувани четири клипчиња:
1. НА ШЕКЕРИНСКА НЕШТО ЧУДНО И СЕ СЛУЧУВА
2. БРАНКО И РАДА - БИТАНГА И ПРИНЦЕЗА
3. КОАЛИЦИЈА GUNS & ROSES
4. БОКИ 13-КА ВИЗИЈА
.jpg)

Според Тупурковски, Киро Глигоров ја пропуштил шансата за зачленување на Република Македонија во ООН со нашето „уставно име“.

.jpg)
.jpg)

Според Мирка Велинова: „ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ИМЕТО, А ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА НЕ БИЛА РАТИФИКУВАНА ОД ГРЦИЈА“.
.jpg)


.jpg)
.jpg)



Американскиот психијатар Скот Пек во својата книга „Патот по кој поретко се оди“ како недемократска ја определува секоја влада која крие витална (животно значајна)информација од сопствениот народ. Разбира се, тоа е утописко гледиште за демократијата. Сосема е разбирливо што на овој бел свет има „калсифицирани информации“, или државни тајни. Но, ако сето тоа што го зборуваат Тупурковски и Велиновска е точно, тогаш не само Грците, туку и т.н. „мудрец“, „државник“ и некогашната „икона на ВМРО-ДПМНЕ“, како и Хари Костов и Бучко со македонската јавност се однесуваат како со овци. И покојниот Борис Трајковски не ни соопшти дека Грција во својот парламент не ја ратификувала Времената спогодба. Со Б.Трајковски бевме пријатели, „генерација“, познавајки го неговиот карактер, неговиот христијаснки дух, ме зачудува зошто и тој ја криел од јавността таа витална информација за наметнувањето и разреашувањето на т.н. грчко-македонски спор.
